Јас ова со естетиката за Шарл Бодлер напишав само грдо, ќе ми го признаат ли? и за тоа заповеден начин па нели во прирачникот има за еднина -ј и -и а за множина -јте и -ете?? јас вака напишав. и за есејот дека бев куса со времето и пак одбрав романтизам, гледав само да напишам, грешки... да не кажувам колку имам во есејот, реченици во заграда...али ајде да се надам дека ќе ми признаат и дека ќе ми биде добар бидејќи немав време да си го прочитам. За броењето оценуват ли ако на некој му е на пр. 400 збора, а на некој 360 збора, есејот со 400 зборови по ли ќе се вреднува, инаку мојот еден пат ми излезе 370, вторио пат 360 и тоа се набрзина броев, се молам само да имама 351 и да ми го прочитат. Според мојте пресметки очекувам 4ка а ако ми е добар есејот 5ка, па ќе видеме. За тестаторката немам зборови, душа . Препишување имаше, јас тоа за естетика на грдото ми го кажаа, само лошо препишав ако биде и англиски вака добро ќе биде И консултации колку ти душа сака барем кај мене во мојата група, кај другите по строго било.
Реченицата со гл-им прирок? Ениуан, ептен сум во паника и оваа со срцето го, забораив што се бараше дали само предметот или предлошки предмет се надевам првото. Се молам да имам само 6грешни, да не бидат 8. Или па повеќе Англиски морам некако не знам ни сама како да направам подобра матура.
Леле луѓе колку ми требаше да му го дешифрирам индијанскион на Мисирков , се запотив. Ми кажаа после дека многу луѓе го оставале тоа, ама се заинатив и некако најдов се. И јас згрешив едно кога го боев на црвениот лист, што да правам.. Јас место хомоними, пароними напишав, во тој момент сите 4 исти ми беа. Тоа првото кај граматиката елезија точно ми е, проклитика. За опис или раскажување , опис заокружив, Јон раскажува, Велика се двоуми. Злосторство и казна , прв пат кога фрлив поглед мислам сите точни дека ми се видоа Си викам да не бараат едно грешно да заокружам, кој ги знае Особено зошто ја убил старицата, јас заокружив дека зошто била сведок, последно мислам беше.. После ми кажаа дека повеќето го заокружиле тоа. И за тоа строфична ова она , заокружив хетерострофична . Не размислував него по некоја моја логика дека најдолгото е и точно Нормално не за сите прашања
Тие текстовите за Атлантида, за кафето и тој со кризата беа за да извлечат послабите. Барем јас така мислам. Ептен дебилски прашања. Инаку, како можев да сум толкав кретен да пишам дека Езеро е астрофична песна?! Тоа со Албатросот мислам дека ми е точно, пишав естетика на грдото и дека албатросот ја симболизира уметничката душа. За Злостор и казна и Приеј имаше двосмислени прашања. Пишав дека Јон користи раскажување, ама може да е и опис. Кај реченицата со Благоја пишав ниту, ни. Не знам дали е така. А прашањето со ен клитика и проклитика како го одговоривте? Јас заокружив проклитика, ама не знам дали е така.... Во глобала, не беше тежок тестот.
Плавушке, таа со прирокот сигурно имаше „беше“ зад глаголот. Значи идеше вака некако : подметот БЕШЕ гл. ________ и уште еден глагол. Речиси сум сигурна дека е глаголско-именски, бидејќи имаме конструкција од форма на глаголот сум и друг глагол. А таа со срцето, ако е таа реченица со огнот ... сигурна сум дека беше да се издвои зборот кој го означува предлошкиот предмет. Јас го пишав СО, нели тој е фактички предлогот, не напишав „со оган“ - во самото прашање пишуваше да се наведе зборот, а не делот, фразата, шознам. А таа со киното, каков предмет беше ? - јас пишав директен. Само за неа не сум сигурна.
Можеби и јас утнав неколку прашања. Есеј напишав сосема друг, не тој спремениот што си го имав. Лесен бе беше тестов не се жалам. Задоволна сум. Инаку на кино заокружив индиректен предмет. Нели индиректиниот беше со предлог НА. Кај Бодлер имам и јас естетика на грдото.