Тестаторот што ми беше рече дека ако е преправано во оној црвениот лист тие што се на заокружување немало да биде признаето а дека во они прашања каде ние ги пишувавме одговорите ако било преправано дека го признавале а колку е точно ќе видиме
Јас можам да си се тешам со успехот во моето школо . Сите беа тапа, дали неколку само учеа, меѓу кои сум и јас. Па може ќе имам 5. Едвај ги чекам резултатите да искочат. П.С не знам кај вас како било, но кај мене може 90% од учениците не напишаа есеј.
а чекај тоа дали ќе имаш или немаш петка зависи од тоа каков е успехот во твоето школо или од сите училишта во државава? јас мислам дека е од сите, а вие?
Случајно вчера вечерта забележав дека Душица имаше пишано за Пиреј,Албатрос,Злосторство и казна и пред да си легнам само нив ги прочитав и оп денеска вистина тие се паднаа. Иначе јас добро поминав, имаше двосмислени прашања , мислам дека ако имам згрешено нешто ќе биди или од граматиката , или од Албатрос.Па ќе чекаме сега да излези клучот па да видиме што сме направиле. А за препишување,можеше да се препишува и тоа како, само немаше од кој.
Нема шанси да преполагаш, во август полагаат само тие што ќе паднат, односно што ќе имаат 1ца, ако имаш 3ка не ти е дозволено преполагање Од сите училишта
Албатрос беше најтешко. Инаку јас вака одговорив девојки: албатросот е самиот поет тој се претвора во грд. беден патник, мета на исмејување бодлер е модернизам-симболизам естетика на грдото (ова ми го кажа професор по македонски јазик) за Раскољников прашањата ми беа многу двосмислени некако одговорив јад, контрадикторен и трагичен лик, русија 19 век, криминалистички роман, а тоа со зошто ја убива старицата (нели се мисли на Аљона?), пиреј одговорив РАСКАЖУВАЊЕ, но тука мислењата се 50-50 за раскажување и опис. Двата предмети беа предлошки. Реченицата беше ниту-ниту. прирокот е глаголско именски, тој е ЛИЧНА заменка.... акцентот беше со проклитика... и друго не ми текнува.. ако имате некоја дилема прашајте. Кога веќе сме кај дилема велика е во дилема, раскажува јон на фронтот... инаку беше многу потежок од тестот лани. Има некоја девојка што ќе полага математика во вторник?
девојки се извинувам јас вака што се уфрлувам во муабет,али да ве прашам-кај отворените прашања пр. која книга ја напишал к. п. мисирков дали ке се признае ако се одговори само со за македонцките работи или потребно е к. п. мисирков ја напишал книгата за македонцките работи?исто и кај тие последните текстови?прашњето ми беше дали се одземаат поени ако одговорите се кратки (како во клучот што се)?
А делот со извадокот за "Езера" од Матеја Матевски, имаше прашање кое изразно средство е употребено во таа и таа строфа? метафора така? и уште едно кој друг автор пишува за езерата?..нешто така беше. Ја заокружив К.Миладинов. Така?
леле дали ќе е тешко што мислиш? бидејќи види како испадна македонски.... јас ја разбирам математиката, ама има многу деца од предходните години што се жалат на тежината на тестот по математика