Мислам дека сите прашања тука ги преодговоривме, сега треба да баталиме македонски, ќе го чекаме клучот, и да се сконцентрираме на што ни е следно.. англиски/математика што било било, нема враќање...
Уште една грешка..Ја згрешив римата, пишав дека е паралелна Се надевам на едно 4че. И ја Рајко го заокружив. А иначе матурава беше за никаде...
Може некој да ми помогни , на која страна беа оставени линковите за англиски за писмата? Барав наназад ама имаме многу филозофирано не можам да се снајдам .
Да, беше многу каатстрофа. Двосмислени прашања, глупи. Дури можам да кажам тој тестот од 2008 беше сто пати полесен.
И јас пишав паралелна и сега ќе си пукнам од мака, како ли си претставив сликовито дека е паралелна римата???? (( И за строфите пишав дека е строфична, а не хетерострофична
Па за формалното, неформалното писмо имаше некои линкови оставено пред ден,два ама не му обрнав внимание , бев зацапана во македонскиов
77 поени прашања, 13 поени есеј.(вкупно 90) Значи тој што има максимум 90 поени ќе има 100 перцентили. Според просто тројно правило за 81 поен имам 90 перцентили. Од колку перцентили е 5ка? 90 па нагоре или...?
јас знаам математика ама правам грешки (глупави) згрешавам во префрлувањето на знаци хехе погор може да е - а јас долу го препишувам + и мене ми е малку потешко бидејќи учам средно фармација а имаме учено само 2 години математика, има матријал кој го немам учено (за веројатност) а ако се снајдиме со препишување ќе беде добро само тоа зависи од тестаторот што ќе ни се падни и да имаме среќе да ни се падни тоа што го знаеме
И јас мислам редно е да прекиниме за македонски, и онака додека ни ги дадат резултатите ќе заборавиме што сме полагале. Сега фокусирајте се на англиски/математика. А иначе и јас мислам дека овој тест беше потежок од лани.
Ќе е,мене така ми кажа професорката бидејќи немало многу пријавено. Се тежам ИСТО ! Скроз исто сме згрешиле
а замисли пред две години од 97 перцентили нагоре им беше петката. Да беше сега така ојдов јабана. Инаку не верувам дека имам девет грешки... претпоставка беше тоа. Лани од колку перцентили беше петката?