Не се теши со лани, нормално е од 97 перцентили да е 5 бидејќи беше полесно. Оваа година тестот беше претежок.
хехехе и ти како мене со мала си почнала јас се сетив навреме и ги поправив би требало да ми го признат ако е поправано а и тебе мислам дека ќе ти го признат ако е точен одговорот но сепак се зависи од оценувачите тие што ќе ги прегледуваат лани имаше две мои другарки го имаа истиот тес написано од збор до збор и истиот есеј и едната имаше 4 а другата 5 како е тоа можно? се зависи од оценувачите јас така мислам
Прашувам за лани за отприлика да знам. Тоа што тестот е потежок годинава е во наша корист. Може ќе го приспуштат критериумот.
Карактеристиките на романтичарските јунаци во делата од романтизмот Какво влијание имаат мас-медиумите за зближување на луѓето? (така нешто беше)
девојки тоа е. Инаку за 5ка се надеваме сите.. јас си најдов околу 3-4-5 грешки се надевам дека границата меѓу 4-5 ќе биде барем 10тина поени
Дали средствата за масовна комуникација ги зближуваат или оддалечуваат луѓето. А другата за романтичарските белези не ја запамтив зошто не ја пишував, не ја ни прочитав убаво.
тоа за клитиката енклитика или проклитика заокруживте? Доста збунувачки прашања имаше и беше доста потешко за разлика од минатата година
Отидов јас под вода од кај ми текна па енклитика да заокружам засега си пронајдов 5 грешки-кај естетика напишав естетика на убавината на злото,песната заокружив астрофична предметот директен и реченицата причинско-последична немам зборови за мојата глупоќа се чудам како на такви лесни прашања сум утнала
Предметот индиректен, Раскољников го направив несовесен убиец и акцетот енклетика (доброволец да ме убие? ) 3 сигурни грешки... имам надеж, сепак.