Јас имам над 5-6 грешки. Не дај Боже 4 да имам, тугај ќе се убијам. Лани дада книга не фана, 4 имаше, а од 1-4 год. и‘ беа тројки оцените. Сега ако и јас добијам 4 со вакво учење ќе се фрлам низ тараса.
Можеби имам и други грешки. Овие сигурно ги имам згрешено, ама другите не верувам сите да ми се точни.
ЦЦЦЦЦЦЦ-Е СТВАРНО ШОК МИ Е ОВАА МАТУРА,кога ќе бидат готови тие глупи резултати? И каде ќе може да ги дознаеме ?
За месец дена ќе има резултати. На страната на матура ќе ги има. Ќе се логираш со твоите лични податоци и само твоите резултати ќе можеш да си ги видиш. Прирокот е гл-именски.
абе и јас така напишав ама имаш некој факт да ме убеди Како именски дел од прирокот се среќаваат: 1. Сите видови придавки (описни, заменски, бројни, односни). На пр.: Таа е убава. Таа е таква, секогаш дотерана. Таа е прва. изненаден не е придавка?
Ај да одиме со елиминирање. Именски прирок (само именски)- такво чудо не постои, поправете ме ако грешам. Остануваат глаголски или гл.-именски. Ако има помошен глагол сум со придавка до него (или минати форми од истиот глагол: бил, беше, беа) не може да е глаголски прирокот. Останува гл.-именски (тоа што придавката е глаголска уште повеќе ми оди во прилог дека прирокот е гл.-именски)
Како го одговоривте тоа прашањето со старицата, дека била очевидец демек или дека сакала да го спречи Раскољников за кражбата?
Именски прирок? Може постои, јас грешка сум тогаш. А што е по ѓаволите именски прирок (само именски)- не сум сретнала таков?
глаголско-именски ееееееееее! Именскиот дел на глаголско-именскиот прирок е нозител на значењето кој се однесува на подметот, му прирекува (припишува) особености. Како именски дел од прирокот се среќаваат: 1. Сите видови придавки (описни, заменски, бројни, односни).
Ја со бабата одговорив дека била сведок на убиството мислам, не знам за која кражба се мислело. Зошто во романов тој ништо не краде(таа му ги зема часовникот и дугите предмети кои беа)