Девојки дали знаете колку треба да се уплати и што да се однесе на факултетот? мене ми кажаа дека треба утре да одам, ама немам баш никого да прашам.... инаку сум во државната квота. фала однапред.
Денес нели скренав со умот нема кога друг пат 10 уплатници за секакви глупости, за тоа 100 денари, за друго 200, за трето 700... Па чекавме со саати за да уплатиме, па луѓе преку ред се мушкаат, страшно!!! Ајде на ПМФ иди-пријди, ама кога ја чекав другарка ми на Филолошки цели 3 часа надвор на сонцето, ми се прели чашата!
Знае ли некој да ми каже, од кога ќе почнеме редовно да посетуваме настава? Нели на 15 ќе се собереме во салата „Борис Трајковски“, и после... ?
До сите оние кои се запишаа на факултет, ви посакувам многу среќа и успех девојки. Со лесно нек' се угоде. Само сакам да ви кажам дека чекањето за уплаќање, заверување семестар, гледање како некој оди преку ред и лути, исфрустрирани лица на студенстките прашања ќе ви станат секојдневие. Пробајте смирено и без нервози, на тој начин Факултетот сака да ве зајакне, да ги исчеличи вашите живци и да ве подготви за тоа што следува! Со среќа на сите
Фала Трендафиче,на убавите совети! Мораме да бидеме спремни на се! Многу мразам што сум на почеток,што сум нова во ова,но сите поминале низ ова....
Секој почеток е тежок, па свесна сум што ме чека понатаму... Туку Мистериус прашував, затоа што другарките во Штип запишани ми се пофалија дека изгледа од октомври ќе почнеле, па што знам, може и ние ќе одмориме уште малку
^^ Не знам тоа,јас знам дека и другите што се запишани во други градови ќе почнат исто на 15...А за ова,ти што го кажа,не знам..Ама ако е така,тури да се напијме!
Не ми се оди ич на ова во Борис, ама ич .... таму пред сите ќе не читаат и ќе ни ги даваат индексите?
Јас не верувам дека тогаш ќе ни ги дадат индексите. Замисли колку студенти има на УКИМ, а таму сите ќе сме, ќе треба цел ден да сме таму па да постасаат сите да ги прочитаат и да им ги дадат Ама којзнае, кој ќе ти каже
Абе и јас тоа викам каде сите таму, ама некои така викаат ..... колку е точно не знам Ако не ни ги даваат и само така треба време да тепам и да ги слушам тие пеачите не ми се оди
Ќе се доделуваат само 105-те стипендии. Колку и да звучи досадно... тоа е првиот студентски час, па зошто да се пропушти? Сат и пол ако трае...
И што кажа сега..? Што сакаше да кажиш со ова? Па сите полагавме матура... Прочитај прва за што е темата,па потоа давај мислења.
За студентите на Фатмацевтски Факултет (ако ги има такви тука): Што е онаа турнусна програма што ја има во соопштенија за студенти на веб-страната на факултетот, може некој да ми објасни? Како што забележав, дадени се само непарните семестри и кога ѕирнав во распоредот, видов дека прво се учи еден предмет, само еден, сосе предавања и вежби, па тој предмет се полага, па потоа се учи друг предмет, па се полага, па потоа третиот...итн. Знае ли некој што значи ова? Дали се изучуваат предметите еден по еден?