Се сетив на прашањето од злосторство и казна... Зошто Раскољников го извршил второто злосторство? вака беше, така?
Шарл Бодлер ја доживува убавината преку естетиката на грдото. Во прирачник ова е објаснето, иако неговата поезија е доста сложена и тешка. И Достоевски е тежок, исто како и Бодлер, на два различни начини, па добра спојка имаа направено, требаше размислување.
Абе луѓе, ќе ми ја признаат ли составнава реченица: Бојан само се насмевна, не кажа ниту збор за сликата. Како и да беше? Па можат независно да стојат, негација има... ? А да се надеваме дека со заповедната форма ќе ни го признаат на сите тоа многу би ми завршило работа, исто и на Јон да испадне опис. На другите 5-6 пишав пропало. Абе уште Интер да тепаше ќе фатев
Не е фер! Џабе толку ги држат тестојте во строгост оценувањето уште построго кога има препишување , некој учел главата му покнала некој сабајлето се сетил дека има за полагање и на крај ке препиши 5 ќе има. Имаше препишување и кај нас ама повеќе би сакала нигде да нема кој колку си знај толку ама тоа е
Знам, ама имаше едно прашање со баш истиот одговор, ама не знам како гласеше - ако и` текнува на некоја. Беше понуден и тој одговор „Турците од Европа го пренесуваат“ низ ... светот ваљда, значи тоа беше еден од понудените одговори, прашањето не ми текнува за жива глава. Инаку, јас исто типувам на понизок просек вака на државно ниво, зашто стварно двосмислени беа прашањата, конкретно за Бодлер, Достоевски, па и Матевски и Андреевски, па да се надеваме дека повеќето направиле збунки и ќе имаме супер резултати. Злобно, ама искрено. Плус, за општо добро е.
Ајдее и кај Матеја сум имала едно грешно. Искрено за тоа прашање се двоумев помеѓу сеќавање на детството и извор на живот и заокружив извор на живот. Од песните на Матеја Матевски во прирачникот ја имаше само Ѕвона, во учебникот немаше па вчера само прочитав во тетратката од 4та година таму немаме ништо спомнато за детството а имаме пишувано за поврзаноста со езероро, за љубовта.... Знае некој како гласеше реченицата каде што се бараше да се определи каков е прирокот? Според овој клуч имам изгубено 5 или 6 бода и плус еден загарантиран од боењето на кругчињата (наместо да одговорам на второто прашање јас одговорот од таму од невнимание го пишав во првото и на првото прашање фактички имам 2 кругчиња заокружено, знам за Пиреј беше прашањето)
Aбе дечки, Езерото е извор на живот за поетот, а во Ѕвона тој се навраќа на детството. Јас заокружив извор на живот и мислам дека е точно така. Сте се збуниле вие, зашто и двете песни ги учиме.
1. Кај албатросите се ми е точно 2. Кај Матеја Матевски-сејм 3. Кај Раскољников едно грешно , 4. Кај Петрета не знам - (опис/раскажување за ова не знам др. се точно) 5. Мисирков- точни 6. Граматика- предмет утнав, клитика утнав и интернационализми утнав. И кај кафето едно згрешив ,срам да ми е. 5/6 грешки. (и башка есејот не знам како ќе ми го оценат) Надежта последна умира. ------------------------------------------------- Инаку тоа со езерото е ДЕТСТВОТО Цитирам „По години и сништа многу повторно се вратив на езерово“
Не може да бодуваат со половина бод, а освен тоа во правилата пишува дека секое прашање носи по едн бод.
По ѓаволите, ај не пишете повеќе точно неточно, ќе испадне на крај дека двојче ќе извадам. Мака ми е, не за друго. Оценките во сведителствата не ми се баш сјајни од 3 до 5 се движат, англиски сум муле, интерните немам книга фатено.... и така. На македонски се надевав, ама ништо. Више срече други пут.
Јас тоа го имав, другите понудени одговори беа скрос аут, историја и религија (нешто што нема врска со Достоевски). Ова со внатрешните конфликти најмногу ми одговараше, не знам дали е точно.