^ Мислам дека тоа го заокружив. Леле, луѓе, јас веќе си ги заборавив сите одговори што ги заокружував. И да излезе клучот, додека не го видам тестот закачен таму на страницата ништо фајде.
Мислам дека сега сме повеќе напнати отколку што бевме пред да полагаме .. не можеме да бидеме трпеливи за клучот
Инаку тестот ќе излезе заедно со клучот. Или не...? Во спротивно што ќе ни е клуч, во кој пишува 1.а, 2.б, 3.в, кога пак нема да знаеме кој бил понудениот одговор. Ај ќе видиме деновиве.
Сега дури гледам колку глупави грешки сум направила, ама тоа е, нервозата и напнатоста си го направија своето...се надевам нема да бидат строги критериумите при оценувањето
Е, дечки, вие во колку почнавте. Ние во 10 и 15 почнавме да го решаваме тестот, демек од толку требало. Јас си излегов во 10 за 2, пред да настане гужва. Многу бргу ми летна времето. Да се навратам за есејо за романтизмот. Почнав со тоа како во 19 в. се појавил нов правец, како реакција на класицизмот, со сосем поинакви белези. Спомнав 1-2 особини само во воведот. Продолжив со Чајлд како бил незадоволен и заминал во далечни мести, ова е најглавната особина. После за Онегин, па за Тања дека била најромантичен лик. Дека се согласувам со Достоевски кога вели дека романот треба да го носи нејзиното име. Пишав и дека според мене Ленски и Тања би можеле да се вљубат еден во друг, заради нивните романтичарски чувства. Завршив со една реченица дека овие дела се издигнале со своите нови особини и оригиналност. Саат и пол ако не и повеќе го пишував, колку што избројав имам 500 збора.
И ние во 10.15 почнавме, тогаш ни ѕвонеше .. јас излегов во 13.59 xD .. а составот ми е сличен со твојот, освен што не ставив многу акцент на Ленски и Татјана, туку само на Онегин..и секако Чајлд
И ние во 10 и 15 почнавме, јас излегов во 1. Инаку есејот: почав нешто за копнежот по непознатото и далечното, што претставува, потоа преминав дека тоа е мотив во романтичарските дела, прво за Чајлд, па за Онегин. Други некои романтичарски особини наведов, преку нивните постапки дека се незадоволни од сегашноста, дека реалноста преку нив не е прикажана објективно, дека се протагонисти на романтичарската епоха... заклучокот ми беше нешто за индивидуалноста на ликовите во романтичарските дела, дека делат како ликови од делата во другите периоди и дрн дрн и тн. 360/70 збора некаде ми фати.
Јас прво почнав со пишување на есејот. Во воведот пишував за романтизмот (општо) и Бајрон и Пушкин. Во главниот дел (кој ми соджи 4 делови, кои ги ставив во нов ред ама не 2 прста повнатре) имам за карактеристиките на романтизмот и романтичарскиот лик. Ми испаднаа некаде околу 500 збора ама не ги изброив убаво и се надевам дека немам повеќе од 510 збора зашто уште тоа фали дами намалат бодови. Море не знам што ќе правам англиски со толку мал зборовен лимит. Јас македонски знам некогаш да си филозофирам ама како што сакам англиски да филозофирам и се убаво да објаснам и да го потркрепам со аргументи и примери...
^ oд 90 чинам, или 91% почнувала петката, не ме фаќајте за збор. Инаку, би ми го признале за точен одговорот на таа реченицата кај што требаше да го најдеме ЗБОРОТ што го означува предлошкиот предмет? Јас го издвоив само предлогот - СО. Тоа ме секира.
Албатрос: 1. Симбол на самиот поет/несфатените поети 2. Во бедна и грда птица, исмејувана од страна на морнарите 3. Вкрстена рима 4. „Цвеќињата на злото“ 5. Естетика на грдото 6. Симболизам 7. Бурни, негативни реакции и остри критики Езеро: 1. хетерострофична 2. пејзажна 3. да умре покрај езерото 4. сеќавање на детството 5. описот на езерото беше во трета строфа 6. К. Миладинов 7. метафора Пиреј: 1. Велика – грижлива жена/мајка 2. Во дилема е 3. Јон 4. На фронтот 5. опис (доказ: Description gives you details. Narrative tell s the story.) 6. неуништливоста на Македонците Злосторство и казна: 1. чувство на страв 2. збогување 3. сведок на убиството 4. контрадикторен и трагичен 5. криминалистички 6. ги обработувал внатрешните конфликти на ликовите 7. темата во делото: вина или жртва ? 8. 19 век Крсте Петков Мисирков 1.Верата и јазикот се душата 2. фонетски правопис 3. За македонцките работи 4. Централното нарејче – дека е најоддалечено од српските и бугарските јазични центри 5. 2 август 1944 Првото заседание во манастирот Прохор Пчински 6. тоа со реченичен, треба да го сочинуваат наречјата од сите мкд говори 7. да се одвојат од србија и бугарија Граматика 1. чешел-елизија 2. модални зборови(веројатно и сигурно) 3. тој-лична заменка 6. Предлошкиот предмет со оган 7. реченицата со сврзникот: не само што-туку и 8. заповеден начин ј/и јте/ете 9. причинска зависносложена реченица 10. предлошки предмет 11. патент (затворач и изум) - хомоними 12. театар и ректор -интернационализми 13. ништо = лично-предметна заменка 14. изненаден-глаголско-именски прирок 15. проклитика Светот во 2050 год. 1. недостиг на вода, 2. САД и КИНА 3. вештачка матка 4. американската империја 5. крајбрежјата ненаселени 6. дрвјата многу понежни 7. фундаменталистите Атлантида 1. Посејдон 2. во пепелта 3. ги запишувале на златна маса 4. намаленоста на боженството 5. за општеството нешто или како беше..со сништата 6. во ноќта суделе Еден филџан кафе: 1. Африка 2. За јадење 3. Не се пие туку така. 4. Со чаша вода 5. Никако со цигара 6. Коцка шеќер 7. Во мало ѓезве Еве се' на куп.. Фалат уште одговори..ако на некој случајно му текнат, нека пише
Ај да не си правеме веќе ние проценки, да не испадне на крај и тоа што мислиме да ни е точно-да не ни е точно, па да кукаме.
Леле, ко за грев сме. А убаво се сеќавам, знам дека беше напишано збор да се издвои и пологично ми беше да го пишам тој смотан предлог СО. Уф, како се нервирам. Нека ја спуштаат таа шупава граница, или ќе им го испијам кафето туку така!
Уште ова да прашам Кај прашањето : ВО што се претворил албатросот? јас го цитирав првиот стих од третата строфа „Тој крилат патник сега колку станал беден!“. Признаваат цитати ?