И мене ми е страв англиски. Ќе пишувам есеи ќе наоѓам теми веќе напишав 2 едно 80-100 др 140-180 ама не знам... треба да ги научам кое како се пишува, овие формалниве ги мразам. Се надевам ќе имаме есеј обичен и неформално писмо. А СВ, летр од комплеинт, апликејшн и нешто такво НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Многу носат бе мамицата, едното 10 др. 25. Туууууууууууууу!
Толку носат луѓе. Кај нас професорката англиски,секој тест ни даваше вакви есеји формални писма дрн дрн. Со по 20 поени за да вежбаме до матура и прилично си извежбавме,барем јас И мене ми е страв,иако ми оди англиски. Писмено сум послаба секогаш.. и затоа ме фаќа страв
Јас се надевам ќе има ученици со мене во група што ќе знаат англиски, за консултацијаа за одговорите. А есејот и писмото ќе го напишам како така. Ме бунат некои прашања во тестовиве, а не сакам да заокружувам на непроверено, како што ми се деси денес.
Добро вечер феминки ! поминавме македонски сега на ред англиски. да ве прашам дали некој можеб го има клучот од тестот англиски - јуни 2008. на страната на матура го нема ниту тестот ниту клучот а јас го имам само тестот во печатена форма. благодарам однапред
Нема ниеден одличен ученик со мене во вторник во иста училница. Едино јас имам 5ка и на мене ќе чекаат Аир да не види тој што го правел списокот. Тест http://old.orcenikolov.edu.mk/pdf/Angli ... i-2008.pdf клуч http://old.orcenikolov.edu.mk/pdf/Angli ... i-2008.pdf
А бе вие ненормални, 100 страни испишавте за еден ден, епа не можам да ве исчитам. Значи за Албатрос не сум единствена , се согласувам дека прашањата беа двосмислени, матурата беше тешка ама знаете што можеме да се надеваме? Нели границата на оценките се одредува после прегледот, штом сите имаме по неколку утнати, границата може да спадне многу подолу. А ако има некои ептен учени па одговориле се точно е тогаш ќе биде нашето .
Конечно малку се смирив. Си реков дека нема да се нервирам, што сум направила тоа. Иначе во граматиката имаше и прашање за пејоративи, деминутиви...
Не ми беше страв англиски се додека на поминав низ македонски тестот, сега искрено ми е и покрај тоа што секогаш сум имала 5 на тестовите...Оние тестови од другите години ептен лесни се...ама и македонски беа лесни
А јас да ви пренесам дека од денес сум многу разочарана, најмногу поради себе, пишував за романтизам бајрон и пушкин и се измешав не верувам дека поенче ќе дадат а и онака денес кога си ги видов грешките ужас... незнам дали и ќе минам... од колку почнува двојката и колку вкупно поени имаше тестов знае некој?
може ли да ми го поништат есејот оти заборавив да ставам наслов одма почнав со прераскажување??? (((((
Дечки есејот содржински ми е супер арно ама поделен ми е на 5 параграфи вовед главен дел (на три параграфи) и заклучок. Во главниот дел секој параграф ми почнува во нов ред со вовлекување во редот. ТОЧНО ЛИ Е ТАКА?
Ќе вежбате ли нешто граматика за тестот анг. ? Како што гледам претходните години немало ама баш ништо граматика, се е она писмено разбирање на јазикот. Јас ќе ги пререшам претходните тестови и ќе вежбам пишување писма и есеи.