ени ... јас како што разбрав во првиот семестар се изучуваат 5 предмети цели и ги полагаш .. во вториот семестар уште 5 .... и така во една годинма вкупно 10 ... барем јас така разбрав а распоредот е многуу симпатичен од 8 до 8 хахаха ...
да, ама...на пример прво го слушаш предметот органска хемија и никој друг. го полагаш во 2 колоквиуми и го завршуваш и почнуваш да слушаш друг предмет..па така..првиот колоквиум ќе ми биде на 29 септември и навистина не разбирам што е финтата со ова..ако не го положам на колоквиум првиот предмет, имам шанса на испитот да го полагам на 15ти октомври, додека слушам друг предмет!..до лани не беше вака, а и на другите факултети не е вака. како и да е, изгледа вака полесно е
Леле другарка ми е сега 4 та и многу се изнервира за новиов систем... Личи полесно, ама реално нема баш време за учење зошто по цели денови си на факс
Аха, и на Еконмски е така од оваа година, ама не се секирај на Економски има многу измени и мислам дека сега Маркетинг (што се смета за потежок предмет) и некои други што беа морални сега сее изборни
а тебе шо ти е гајле? ти прочити прво темата, а и нема да е лошо да си ги прочиташ твоите мислења па да видиш дали твоите или моите немаат врска со темата!
Би сакала да ми кажете како беше со матурската проектна задача.Ни рекоа да размислуваме веќе за теми и да одлучиме конечно до крајот на октомври.Знам дека менторот не насочува при подготовката , ама потоа се брани пред комисија .И се двоумам кој предмет да го изберам , ме советуваа да одберам нешто каде професорот е подобар , а не само предметот да ми оди..Ама сепак комисијата ги дава поените Една од можните алтернативи ми е математика , професорот е мн фин и супер се разбираме со него.. Вие девојки како поминавте со проектот ?
Јас избрав економија, бидејќи сакав на економски а не можев тој да го полагам на матура, бидејќи бев општа гимназија. Професорката беше супер, најдобра од сите и ептен не разбираше, така да битно е да си одбереш не само предмет туку и професор. Најдобро е да си одбереш некој предмет што има врска со факсот на кој сакаш да одиш, а не можеш да го полагаш. И јас мн се мислев лани, ама испадна дека само ти требаат бодови за упис, никој не гледа што предмети си избрал, секаде ќе те примат. Не знам на што факс сакаш да одиш, ама мој совет ти е да си избереш најлесни предмети, т.е. оние што знаеш дека можеш со 5 да поминеш, бидејќи никој скоро не гледа предмети, гледаат просек
Е не е баш така.... како не ги гледаат баш предметите...па тие се најбитни, исто како и бодовите. За секој факултет има одредени предмети што може да се полагаат, ако полагаш некој што не го пишува нема ни да те примат . Другарка ми така полани се зафркна и и ги вратија документите од факсот бидејки не полагаше соодветни предмети.
Абе не треба воопшто да се плашиш за проектната задача. Тоа што ќе го одбереш, ако го научиш убаво, нема да имаш проблем. Еве јас избрав за Сексуално преносливи болести, си ја изработив, си ја научив, а впрочем и не ме прашаа многу, само неколку прашања, немој да мислиш дека ќе те тераат цела да ја раскажуваш, во тој случај би требало многу време сите да поминат. Не му ја мисли за ова многу, подобро одлучи си за предметите кои ќе ги полагаш и оваа година посветувај им големо внимание. Поздрав. П.С Ако те интересира како изгледала мојата проектна, пиши ми ЛП ќе размениме скајп и ќе ти ја пратам. Поздрав
Не знам другарка ти на кој факултет сакала да се запише, ама еден школски оваа година полагаше изборни социологија и информатика, па го примија на стоматологија и тоа во првиот уписен рок.
Ааа за криминалистика и безбедност кој предмети требат да се полагат ?? на економски сум и незнам кои предмети да ги зема
Имам другарки што ќе се запишат криминалистика и ќе полагаат социологија и филозофија интерно, ама мислам дека економски немате филозофија, но социологија можеш како еден од двата предмети да го избереш.А за екстерни предмети македонски и странски јазик би требало А мене ме интересира за матурската проектна дали некој правел за тема по предметот вовед во право Или доколку имате од минатата година проектна задача , да ми испрати некој ако сака да ја видам концепцијата Треба да почнам со подготовки , а уште не сум одбрала и по кој предмет ќе правам проект
вчера не можев воопшто да ја отворам страната на пмф а сега отворив ама не ми е јасноо.... на математика само четворица има???? бтв освен математика шо треба да полагам за на пмф??
Може го примиле оти имало уште слободни места, инаку предност секогаш имаат прво тие што ги полагале соодветните предмети за факултетот, а за тие другите само ако останат празни места...
Зависи што сакаш да се запишеш на ПМФ, ако е нешто од биологија и хемија, треба барем еден од овие предмети да имаш полагано. Така е според конкурсот, ама пошто малку студенти се запишуваат на ПМФ, голема е веројатноста да те примат без соодветни предмети.Инаку информатика обично секаде се вклопува.
Тешко на стоматологија да имало слободни места, пошто таму со 99.9 бодови (и секако со соодветни предмети) ги има многу, а не е толку голема квотата. Тој школскиот дебели врски има фатено
Една другарка ќе оди на стоматологија, ќе полага биологија и хемија ама за проект земала економија.Ќе има проблеми ако го работи тој проект, бидејќи според вашите искуства не се зема баш во обзир темата на проектната задача
jac ги земав социологија и информатика како интерени, а екстерно математика и македонски, а прокетна имав економија и ме примија