Незнам дали некој од вас тука учи во 5та приватна гимназија само знам дека понеписмени матуранти немам видено Какви работи пишуваа по тестовите, т.е. ништо не пишуваа, сеуште не ми се верува. Искрено се надевам дека нема да поминат со врски, не е можно да се исторелира таква неписменот.
Пишав еднаш по мое. Вкупно се 90 поени (со се есеј). Значи тој што ги има сите 90 поени ќе има 100 перцентили. 90(поени):100(перцентили)=80(пример поени):Х(перцентили). Според примеров со на пр. со 80 бода (10 изгубени) ќе има некаде околу 88-89 перцентили. Јас искрено се надевам дека ќе го приспуштат критериумот -------------------------- И друго сакав да прашам што носи повеќе поени по англиски: есејот или писмото? Нели едното носи 20, другото 15 (или како и да беше)?
Знаеш што е најлошо ( во нашиот случај најдобро) тоа што од нивните резултати зависиме сите ние. Ако имаат тие слаби резултати се намалува критериумот
тестатор ли беше? иначе и јас на тестов по македонски очекував многу други работи ништо од македонскиве драми немаше..т.е. општо од драмиве дијалектологија, фразеологија, правопис.. aалбатрос бе? побитен ли е тој да го знаеме од... да речеме Сердарот?!
Есејот носи повеќе мислам зошто е 140-180, а другото е пократко 80-100. Инаку ако е тоа вака, па јас значи се молам да го спуштат критериумот ама од др. стр. како сите згрешиле толку малку прашања? Задоволни се луѓево бар од она што го гледам... да не завршам со едвај 80 перцентили на крај. А тоа ако имам пр. 88 перцентили на упис се 8.8 поени така? Кога ја викнав мојата надгледувачка една многу фина постара жена да ја прашам да ми го разјасни прашањето ми вика: јас ништо не знам верувај ми професорка на Машински факултет сум. Значи намерно ставаат од несродни струки за да не помагаат а не знаев дека надгледувачите се и од факултети
Јас уште вчера пишав дека по некој нормален критериум петката треба да почнува од 90 перцентили (математички пресметано). Меѓутоа ако на глобално ниво резултатите се слаби би требало да ја спуштат таа граница. Ама на крај краева оценката не е толку битна, важни се перцентилите. На факултет кога ќе се запишуваме ги гледаат нив, џабе имаш петка мислам дека ако ти е со 90 перцентили при уписите добиваш 9 бода.
Само бев надзор, незнам за поени и такви работи, тоа го знаат и оценуваат од биро за развој, незнам што како се вреднува.
Е како тогаш другарка ми лани имаше 84 перцентили македонски значи 8.4 поени при упис, и 70 и кусур перцентили англиски значи еве нека бидат и 7 поени при упис тоа нека се 15 поени заедно. Интерните 5ки, проектната 5ка значи 35 бода, и + 60 поени од четиригодишен просек испаѓа 95 бода а имаше 92.7 или 8, ете 93. А по овие пресметки требала да има негде 96...
Јас имам 55 бода од оценки, екстерниве ќе ги сметам двата по 8 бода (ете оценки 4ки нека се), проектната 4 бода, интерните по 8 бода (се надевам на 5ки ). За упис ќе имам околу 91 бод. Горе долу не е страшно.
Да де да и јас мислам така дека е затоа прашувам која е логиката. Да не си праиме бајрам со умот... Јас 60 од оценки, 4 проектна и интерните ги рачунам 5ки еве значи 80 бода. По 8 македонски и англиски испаѓа 96, ама не е така. Мора да имам над 93 за упис Пресметав ориентирно ако имам 4ки по 80% ќе имам 92.8 поени за упис.
Исто и јас, во спротивно финансиски менаџмент бај бај Македонски мислам дека ќе изгубам минумум 7 бода, ако кикснам англиски...
^На економски, смер финансиски менаџмент. Ја и ти СимплиЕлегант на иста мака сме значи а ако нешто те теши ако извадиме минимум 93-94 гајле немаме за државна, а 88-89 до 90 за приватна што не сакаме нели. А да ти кажам и јас кикснав некои 7 прашања македонски и рачунам во есејот да ми одземат ете 3 да имам 10 поени изгубено еве и 12. А англиски мора подобра матура.
вака ако има некои забегани со сето точно тие ќе имаат 100% јас со 4 грешни би имала 96% ? или поинаку се пресметува ова?