Земајте го предвид и есејот, колку и да е убав што ги знаеш колку ќе ти дадат, затоа јас рачунам 7-8 бода грешни од тестот и 3-4 во есејот да ми земат, ете 12 бода минус си рачунам.
абе за никаде сето е, есеј на матура на пример ова американциве кога полагаат полагаат само со заокружување и тој што прегледува не го гледа прашањето само го има клучот и тестот пред него за да нема малверзации..вака на оние со одговарање можи нема да му се допадне на тој што прегледува како е составено па ајде јабана замина прашањето. Туку кога сум тука како одговаравте на прашањата? На пример:каде човекот ќе се создава во иднина? Јас пишав само вештачка матка а не човекот во иднина... и скоро на сите така, а вие? и што значеше она до прашањето 1 2 а над тие квАдратчиња 1 поен
Па и јас така одговарав. Немав време целосен одговор да напишам. Мене дечки уште не ми е јасно зошто полагаме англиски?
И јас гледав што пократко вештачка матка да. Инаку дали 82 или 88 перцентили стварно само децимали мењаат во калкулаторов ми стана интересно и со сите можни предвидувања се ми испаѓа негде 93-94 поени што ми е и посакуваното, НО само и само ако не зезнам англиски и направам под 80% што и не верувам, ама којзнае. Најсмешно ми е што сите интерните си ги рачунаме 5ки како тоа боза да е, ама барем за мене баш и не е ќе се онесвестам ко ќе ми текне колку имам за учење
Така е, немам појма за ништо во врска со тестовите, а и да знаев немаше да кажам Всушност не е тоа надзор над учениците ами на професорите и директорот за да се избегнат поткажувања и други неправилности. Ќе бидам пак ама вод руго училиште, овој пат не е приватно за среќа
Аааааа видете една штосна работа, си пресметувам хипотетички 4 со 86% македонски, испаѓа негде 93.нешто а пишувам 5 со истите перцентили испаѓа 95.нешто. Ахааааааааааааааааа
Дечки ќе ми извините ама врска немам за какви перцентили зборувате . Ќе ми објасни некој? Па нели откако ќе ги прегледаат тестовите тогаш ќе се одредат границите на оценките, зошто уште сега правите некои пресметки?
Да на 10 јули со прелиминарните резултати ама гледаш разлика било во оценката. Значи ако 5ка ни почне нас од 88% да речеме како што било лани од 91% не е исто со 4ка со 88% туку цели 2 бода помалку добиваш. Штрумфета: перцентилите се она што си го постигнал на екстерниот тест пр. македонски. Не знаеме како одат, само отприлика си пресметуваме, ама на пр. имаш 5 бода помалку од максимумот тоа ти се негде 95% да речеме 5ка и многу ти ги крева поените при упис. Не ти мења многу и да имаш 90% а пак да е 5ка. Ама ако имаш 90% и тоа е 4ка ко ќе го направат рангот наместо 9 бода при упис ти имаш 8.8 ако ме разбираш. Максимум се 100 перцентили и зависи од тоа колку бода си изгубил се намалуваат, ама важен е и бодовникот ко ќе го направат на крај.
леле навистина луѓе, мене според она калкулаторон ми изгледа дека побитна е оценката од перцилите а јас се си мислев обратно дека е
Да се молиме и за англиски и за македонски на глобално ниво да бидат слаби тестовите и општиот просек па 5ка не од 91 како лани, туку и од 85-86-87-88 македонски да почнува. Од колку била лани 5ката англиски??
^ Да, да ама нашите да бидат добри, односно да освоиме што повеќе поени. Малку себично од наша страна.
A напишавте одоздола под есејот македонски колку вкупно зборови имате? Јас ставив во заграда, ми озлегоа околу 460, ама ме интересира дали само јас сум се изглупирала или има некоја во кланот.
Мене таа ми кажа да не пишувам, нивна работа била да бројат.Јас онака да ги избројам, за јас да си знам.
Нам и професорот ни кажа да напишеме, за секој случај. И да ги прашам математичарките, дали ќе носат дигитрон и помагалца, као ливчиња со формули.
јас формулчиња сигурно ќе носам во џебче а за сметање на мобилен ќе смета мој си има и степени и корени ама ако можам да го извадам а за формулчиња носи си и ти ако можеш да ги извадиш извади ги ако не, ништо не губиш
а колку бодови треба да имаш за приватна квота е-бизнис? инаку македонски се надевам на петка. само 3-4 грешки имам и останува есејот.