за да имаш петка треба да имаш изгубено најмногу пет поени барем така ни кажаа професорите.сега ако имаш згрешено неколку прашања и плус ти одземат поени на есејот сигурно дека нема да имаш петка
од претходните години сигурна сум дека се пет.мислам и оваа година ке биде така.се зависи од отценувчите.ако ти се погодат некои можат само пет поена да ти земат од есеј.друго се да ти е точно ќе си имаш четворка
^Нема врска не може да знаат професорите кога откако ќе ги прегледаат сите тестови се прави бодовникот. Тоа 5 бода може мислеле за сигурна 5, мада и тоа веќе не е сигурно ако бидат се јаки тестови од кај знаеш може од 97 ќе почнува 5ката. А и како лани била од 91, па тоа може да згрешиш и 7 прашања или 6 и 1 од есејот. Значи немааааа врска!
и јас сакам ова да не е точно но нас така ни кажаа тие што полагате јазици земавте нешто да повторите?
http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 202010.pdf http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... 202010.pdf Може ќе ви помогнат
Луѓе, во есејот во воведот напишав дека не мислам дека луѓето се зближени преку мас медиумиве. Дека одма го кажав ставов, да не ми го земат за грешно?
Не, нема врска. Тоа е вовед, ти си кажала дека го мислиш тоа. И псоле сигурно во главен дел си го разработила. Кажа плавуша пред малце, и јас го мислам истото. Не верувам да ги читаат детално сите есеи. Не се секирај
Ама дека на англиски есеите не се кажува веднаш твоето мислење, туку при крајот.. затоа се исплашив.. леле..
Абе ај што тропате непотврдени информации со максимум 5 грешки петка, да ги плашите феминкиве. Ете лани на дебилскиот тест од 91почнувала петката, па замислете оваа година кога тестот немаше допирна точка со тој од лани. Исто така од каде знаат тие професорите дури не ги видат тестовите и не видат каков е просекот не можат да кажуваат со колку грешки имаш петка? Всушност тие професорите кои кажувале вакви информации дали воопшто се прегледувачи на матурава или само тестатори? Ако е второво тогаш мислам дека нема потреба од понатамошна дискусија
стварно, има некој некаква информација ? за македонски шпекулирање до бесвест а сега штама... патем по илјада пати отворам на странава на матура и сега забележувам дури Почувствувај ја уникатната убавина на знаењето- ова стои таму Каква уникатна убавина?! хахахаххаах јас само како Раскољников си почувствував ЈАД оти јас си учев ко ненормално а некои си поминаа туку-така !
Ако ја дознае нека ја сподели плис Иако таа што ја споделија македонски беше грешна можда оваа ќе се трефне точна.
Ние кога завршивме со тестовите ја прашавме професорката и ни кажа дека не се знае како ќе биде со бодовите и дека секоја година е различно
Народе за есејот англиски дали треба да биде поделен нешто у стилот како на македонски вовед, главен, завршен ( 3 пасуси ) или нема везе тоа?