Не знам дали и колку дебели врски фатил , ама тоа ти е уште еден доказ дека образованието и општо земено, се во државава ни пропаѓа.
Jas ke se zapisuvam na tehnolosko-tehnickiot fakultet vo Veles,i uste ne mi e jasno koi predmeti smeam da gi zemam za eksterni.Za interni sigurno ke gi zeam makedonski i angliski,ali za eksterni i za proektna seuste neznam.dali nekoj ima iskustvo so fakultetov pa da mi kaze koi predmeti da gi zemam ...fala vi odnapred [mod-kirilica:3p2ywzr9][/mod-kirilica:3p2ywzr9]
^ Значи прво, највероватно мислиш дека за ЕКСТЕРНИ ќе ги земиш Англиски и Македонски. Тие се оние за кои тестовите ги носат од Скопје и се исти за ЦЕЛА Македонија. А за интерните, колку јас што можев да ископам, можеш да плагаш: (ако учиш во гимназија) биологија, хемија, физика, информатика, математика; (ако учиш во стручно училиште) биологија, хемија, физика, информатика (еден од овие) и + еден стручен предмет. Проектната нема врска по кој предмет ти е, па види земи си нешто полесно.
Најверојатно се шпекулации , велат наводно полагањето матура ќе биде укинато од следната година .Вакви ,според мене, дезинформации шират нашите професори.Ете ја користам приликата чисто од љубопитност да прашам дали некој слушнал нешто за ова ?!
Аман па и тие професорите по средните училишта, само рекла-казала муабети шират. Свашта! И секоја година истите дезинформации. Матурата не е за џабе направена, не за џабе се направени сите тие критериуми и измени во законот и факултетите! Матурата мора да се полага, а колку што сум инфомирана укинување на матурата нема да има. Екстерните можеби се дискутабилни, ама матурата веќе не е.
Сум за полагање матура. Од причина што завршив средно каде што на крај на година 30 ученици од 40 беа скроз одлични. На крај на матура истите тие имаа едвај 3,4, а останатите имаа солидни 4 и 5. Сум и за полагање уписи на факултет, затоа што јас кога се запишував, а најверојатно и останатите вие, тие што не полагаа матура имаа каде, каде подобри поени и ни ги земаа местата. Не за џабе се воведени. Трба да се провери знаењето на учениците, затоа што е со се послаб квалитет.
Некој има земено тема по информатика за Power point? Или ако не каква било тема по информатика, ако може да ми прати по лп да видам како да ја правам отприлика
Не ми се верува да ја укинат матурата а и зошто да ја укинат? и кој сака? и со која причина сака? Не е воопшто тешко Едноставни прашања даваат јас воопшто не се спремав и сите со 5 ги положив Не е важно со што си поминувал 4 години важно е колку ти останало во главата и дали си учел напамет или со разбирање и може да ти покаже ако сака некој што знае повеќе не е многу строго јас им покажував на другите сите положија во мојата група
И јас сум за да се продолжи со полагање на матура. Не е ништо страшно, половина од прашањата се полесни, од општа култура. Не се бара да се уче на памет се. Во главно се најбитни работи. Јас дека математика полагав, малку послаба ми беше оцената, бидејќи навистина ми беше потежок тестот. Половина од работите немав појма од кај излегоа Така да јас би предложила англиски во екстерни за оние кои се двоумат, а на кој не им треба за на факултет математика.
И јас се двоумам помеѓу англиски и математика и стварно не знам што да одберам затоа што Англиски ми е многу тешко а во Математиката бар малку се разбирам и не знам за што ке се одлучам
Денес ние ги дадовме листовите на кои имавме напишано кои предмети ќе ги полагаме Јас зедов ектрено-македонски и англиски А интерно-математика и информатика, се двоумев меѓу хемија и информатика и се одлучив за 2 предмет во последен момент. Се надевам дека нема да зажалам да донесената одлука
И јас за истиве предмети се двоумам.Сакам екстерно да ги земам англиски и македонски, а интерно математика и информатика.Дали ако полагам математика интерно а не екстерно имам шанса да влезам во државна квота на некој технички факултет Просекот5.00 ми е .. Утре треба да предадам лист со предметите кои ќе ги полагам Ануоне
Јас одбрав Вовед во право, темата е "Улогата на јавниот обвинител во казнената постапка", ама немам почнато да ја правам
Види вака: зависи на кој факултет сакаш да се запишеш. На страните од универзитетите мора да има листа на предмети кои можат да се полагаат за соодветниот факултет. Ако на тој факултет ти кај што сакаш да се запишуваш не е битен екстерниот предмет и ако имаш убави резултати од матурата, можеш да влезеш.
Јас ќе полагам македонски и англиски како екстерни и математика и социологија како интерни. Малку се мислев за метматика, пошто не сум баш најдобра, ама па ако одам на економски мислам дека би било поен + ..
Нема врска тоа, ако си сигурна за економски, одбери си нешто полесно од математика (ако не ти оди како што викаш). Другарка ми избра филозофија место математика и се запиша на економски во државна, btw многу полесно си помина.
Јас си зедов македонски,англиски, и стручни информатика,дигитална електорника и микропроцесори и прокетна пракса ...Па ке видам што ке биде страв ме е помалку за информатика,дигитална електорника и микропроцесори али ајде ке биде
Specificone, сакам да те прашам дали професорот или професорката ви ги даде прашањата од кои што се бираат 50 прашања што ќе бидат на тестот? Како што по сите предмети даваат отприлика по 150 прашања? И некој ако знае дали може да се смени проектната активност? Зошто класната ни рече доколку сакаме некои измени можеме тоа да го направиме најкасно утре, а не знам дали мислеше и за проектната...