Јас токму поради ова претпоставував дека ќе не стават во училница со подбри ученици, нели, да не се препишува. Аха да, иако бев едина од мој клас, и освен мене уште 2ца знаеа така, сите други ги имаа истите одговори како нас. Јас го оставив шифрарникот на страна и таа до мене препишува ли препишува и ај тоа,после пренесуваше на цела група. Стварно не е фер некој што поминувал со сите 2 и спиел цела година, сеа да помине исто како мене. Мене ми напишаа 13 48, ама мислам дека не влијае тоа многу. А за резлутатите мислам дека се објавуваат и по школите , ако не сум грешка
Не верувам дека се толку бистри да им текне на нет да проверуваат, малограѓанштина никаква! Фала за зборовите. А и сестра ми ми рече дека ги објавувале и по школите.. Па добро.. Што да се прави. :roll:
Мене ми е многу страв англиски, не ми оди многу англиски, и не верувам дека ќе се погодам во некоја јака група. Еве сега ги гледам тестовите од минатите години, забелешав дека писмото е 80-100 збора, а текстот (есејот) е 140- 180 збора. Другите вежби се текстови каде треба да се одговори на прашања, да се заокружи точниот одговор, точно/неточно, да се вметнат зборови... Аххх, тешко мене, 90 % сум сигурна дека англиски паѓам
Еве едно корисно линкче за писмата по англиски http://www.slideshare.net/rrrosaco/form ... er-1409121
А ако има за CV тоа во која категорија спаѓа од 40-80 или 140-180 зборови? Некако првава граница ми е многу мала
Добро има некој математика што полага? Да се пожалам и јас малце дека 40 задачи треба за 3 саати да ги решиме и плус ако не ни дозволат формули ќе биде интересно..
digitroni i telefoni nesmeat da se nosat samo penkalo moliv guma i linijar drugo nisto ne e dozvoleno
Само нешто да ве прашам , кога адресата не е дадена ќе почнете формално писмо со Dear Sir , а ако е дадена десно твојта адреса па лево на тој што праќаш ?? Јас до сега сите писам без адреса ги пишуав ...
Ништо не ни даваат. Ни еден калкулатор да користиме Се надевам дека ќе ми се падне професорка не толку строга што ќе не чува па ќе ни дозволува да решаваме со помош на формулите и калкулатор. А иначе ДА , планирам да препишувам. А иначе друго... Ме фаќа нервоза и една обична задача неможам да ја решам Ако има некоја информација ФРЛАЈТЕ ЈА НАВАКААААА
Епа јас кога викав дека ќе ви биде криво ако некој препишува ме нападнавте сите тука, битно јас не дозволив да ми мрдне никој, предност беше тоа што во цело школо има 20тина ученици така да... А тоа со проверувањето на нет е можно само ако некој ти го знае матичниот број, а претпоставувам никој од страна не ви го знае матичниот број така да... донт вори
сакав да ве прашам дали некој можеби знае дали се прифаќаат прво цкртнати па одговорени прашања.во тие сто беа за пишување
И дигитрони. И чисто сумњам дека ќе пресметам некој корен од 12435, бидејќи секако ќе добијам некој така поголем. Тука не спаѓаат квадратите на 12,13,14,15 и сличните - лесни се, ама поголемите ... Катастрофа. А башка што и низ самите тестови има грешка поставени задачи - ма биче весело. Само се молам македонски да ми го прифатат сврзникот од предлошкиот предмет бидејќи само него го издвоив (па мајкуму, стоеше наведи го ЗБОРОТ што го означува предлошкиот предмет - логично ми беше да го ставам предлогот )и едната форма за императив. Па на кој памет напишале наведи ја формаТА, кога има ДВЕ форми. Шупаци, леле. Намерно тоа такви двосмислени, мамицата нивна. Се прифаќа. Само кај оние на заокружување и на листот за пренесување на одговорите не се прифаќа чкртање.
фала богу некои од професорите викаја дека се прифаќа некои не.а ова твоево од добро информирани или ко моиве ?
Според мое би требало и вториот екстерен да биде 4 часа Се надевам дека ќе биде како на македонски препишување(што тогаш беше штетно бидејќи не можев да се сконцентрирам од толку бучава)дека и сега ќе биде така па ќе можам некоја формула да препишам и ќе си носам дигитрон за секој случај ако може нешто
На крај краева, ќе видиме бре девојче. Се зависи од прегледувачот, ама во глобала не е логично да прават проблеми за чкртки кај прашања со целосни одговори, мислам, се случуваат грешки, фала богу. Не се до толку монструми ваљда. За во есејот не е пожелно да има чкртаници, може (читај - сигурно) ќе кратат поени, исто не е дозволено и одговорите на заокружување не смеат да се чкртаат па од ново да се заокружува, убаво беше напоменато пред да започне тестирањето.
Има ли некој информатика шо полага? Колку часа се полага, со оглед на тоа дека во 2 дела ни е, 2 часа се малку?
леле ич не ги разбирав овие задаши со веројатност ќе може некој да ми објасни? 1.Во една паралелка која има 12 девојчиња и 15 момчиња, 7 девојчиња и 10 мом- чиња зборуваат германски јазик. а)Колкава е веројатноста случајно избран ученик да биде девојче или ученик што зборува германски јазик? б)Опиши ги и означи ги настаните што ќе ги користиш при решавањето.
или оваа: Секоја трибина на еден фудбалски стадион има по 44 редови. Првиот ред има 22 седишта, вториот ред има 23 седишта, третиот 24 седишта, итн. Определи ги: - бројот на седиштата во триесеттиот ред од трибината; - вкупниот број седишта на една трибина.