Имам ли шанси со 8 згрешени македонски да имам 5 Што се однесува до адресите мислам дека ќе биде наведено дали треба или не да напишеме. Кај примерите од matura.gov (за неформални писма) е наведено да не се пишува пс: Може ли некој да ми каже за што се може да биде формалното писмо бидејќи ете професорката најверојатно сметаше дека тоа не е битно да го спомне на консултациите
Од кај знаеш дека ти се грешни? Се додека не излезе клучот, џабе е. А за мене и да излезе, пак до 14-15 кога ќе бидат готови резултатите, тогаш ќе биде сигурно. Зошто сега правиме претпоставки, а како што читам никој ништо немаме направено и се надеваме да го намалат критериумот. Одмори и не се секрирај, земи повежбај англиски Заборавив да прашам, ќе се запишува ли некој на психологија?
Не знам за вас ама мене толку ме фаќа нервоза , бидејќи овие технички и можеби неважни работи никој не се потруди од професорите или на страната на матура да ги објаснат и сега ние си правиме претпоставки што треба,што не треба, што се брои ,што не се брои , адреси , датуми не знам си што....а баш заради овие работи можиме да изгубиме најмногу поени
ова ти е геометриска прогресија.. и сега.. ги групираш, т.е. пишуваш 1-(1/2+1/4+1/16+...) + (1/3+1/9+...) q кај вториот збир ти е 1/3 .. Со формулата за збир на на првите членови во геом.прог...заменуваш..и ќе добиеш дека е 1/2
Може ли некој да ми направи разлика помеѓу овие 4 типа на есеј :argumentative, narrative, descriptive и expository style ?
Но по правило се бројат и зборовите од адресата. Ние ги имаме броено. Односно кога пишувавме формални писма пишувавме и адреси, кај неформални не пишувавме.
\ Како за формално писмо на пример мотивацко не се вовлекува ред? јас како што знам треба и за него да се вовлеце прва реченица од воведен главен и завршен или е погрешно ако се вовлече?
Една другарка на која мајка и работи во министерство за финансии, ми кажа дека мајка и зборувала со некоја познаничка од министерство за образование која и кажала дека оваа година тестот по македонски јазик се класифицирал како еден од најтешките што се паднале до сеа, ако не и најтежок.
Тестот немаше да биде толку тежок, доколку тие од ДИЦ ги направеа одговорите на прашањата логички и со еден точен одговор.
ова ти е со бескраен геометриски ред ги одделуваш 1+1/3+1/9=... и 1-1/2-1/4-1/16-... и според формулата за бескраен геометриски ред пресметуваш прво за првото кое излегува 3/2 а за второто 2 и ги собираш и излегува 7/2 Се надевам дека ти стана појасно