Професорката вчера ни прочита што ќе има на Македонски ектрено и промена од лани ќе било тоа што оваа година нема да има молба,жалба..и другите текстови за практична примена и ќе имало само еден подолг есеј(на слободна тема или тема од реализмот). Е сега да прашам дали вие имате некаква информација во врска со горе споменатово
^ Ах леле... информација немам никаква. Само да ти кажам дека ви завидувам. Ние лани се отупевме од учење и вежбање на тие административни стилови.
Јас зедов англиски и македонски,а интерно информатика и економија...А проектна ми е менаџмент за менаџери.Е сега јас се двоумам за факултет,желба ми е да студирам Архитектура арно ама ми велат требало да полагам математика што нема шанси пошто има математика и од општите во испитот, а јас сум економист.Е сега други пак ми велат лани примале и со англиски ако имаш бодови ама на втор упис.И јас се разочарав и си планирам сега ќе одам Проекција на мебел и дизајн на ентериер и таму мислам дека нема да имам проблем за запишување.Но, сега па ми се уврти некоја мисла да аплицирам први упис на архитектура и ако не ме примаат да одам на оваа втората опција,или пак да обратно ИЛИ воопшто да не резикувам..многу сум во дилема има некој да ми помогне малце,да ме упати
^ Не знам како оди за предметите на Архитектура, ама да ти кажам дека лани приемен полагаа, дури и тие што се запишуваа на прв уписен. Еве ти страна од факултетот: http://www.arh.ukim.edu.mk/
Другарка ми сака на Архитектура да се запише затоа и зесе естерен предмет Математика и се полагало приемен, така ми кажа.
Точно е дека оваа година нема да ги има текстовите за практична намена, а за сметка на тоа ќе има 5-6 прашања повеќе од граматика. Есејот ќе има повеќе зборови, а ќе има два наслови од кои ќе може да се избере. Едниот ќе биде на слободна тема (значи наслов кој тие ќе ни го дадат, но нема врска со материјалот), и уште еден наслов (од материјалот, од периодот Реализам). Ова е сигурна информација затоа што ја има на страната www.matura.gov.mk !
Мене ме интересира за траењето на полагањето екстерни предмети. Како што сум запознаена 4 часа има на располагање.. ако не сум грешка И како пристигнавте тие што веќе имате полагано, дали бевте кнап со времето или ви остана и вишок..да знам дали да се брзам или да си размислувам полека и смирено И да за есејот ме интересира колку бодови носи? Да знам кај најмногу можам да потфрлам, за да обрнам на тоа повеќе внимание. Мене не ми е проблем есејот ама треба тие што лани сте извадиле добри оценки да давате совети на што да обрнеме повеќе внимание македонски и англиски Македонски го читам прирачникот , англиски и нема што да се учи посебно. Не се учи јазик за една недела.
Луѓе за проектната за матура проредот треба да се 1.5 или 1???? Мислам дека кај нас рекоја 1.5 ама не сум сигурна па да си прашам да не знае некој за посигурно.
Спецификон, 1,5 треба. Од постар совет. Ајдее,со среќа на сите,рано е,но од матурата скоро се ви зависи!
За да се запишеш на УКИМ на Архитектонскиот факултет, имаш два приемни за полагање. Јас имам поранешна сокласничка која што полагаше математика екстерно за повеќе бодови, потоа еден приемен како тест за некои општи познавања (мислам, за овој не сум сигурна), и еден цртање. Ако не знаеш да црташ, многу тешко да те примаат..Таа ем има дарба па на крајот со врски и маки влезе дури на 3тиот уписен рок. И тоа откако отиде на приватни часови кај некоја професорка на факултетот што е всушност главна во комисијата за прегледување на цртежитеи зема 20 евра од час а таа те условува уште колку часа ти требаат. У суштина бизнис е направено од тој факултет според мене. Ако ти е за мебел повеќе и ентериер во штип имаат добра програма.
Сум зборувала со ученици што полагале матура и ми имаат речено дека времето им стигнува. Дури можеби имале и повеќе време од што им било потребно. А за бодовите на есејот се 12, и се поделени. Дел за содржина, за правопис итн.
И јас сум матуранка оваа година и сакам да прашам дали некој ги има предходните тестови за матура Англиски јазик И Македонски и нивните клу4еви затоа што се извадени од страната за матура?
како тоа ИЗВАДЕНИ ???? http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= еве ги бе, сите ги има не смеат да ги извадат, демек играчка е ова... само што ги симнав п.с. а вчера нешто ни читаа дека проектната треба да биде максимум 10 страни без насловна... како тоа 10 страни, нели се тоа малку
Содржината треба да биде во тие 10 страни, јас така разбрав... него, проблемот е што моето, вака несредено, е отприлика 9 страни... ( без насловна и без користена литература, содржината ја ставив на почетокот ) а сакав уште нешто да допишам... и да се доискажам На братучетка ми во скопје им рекле дека треба минимум 15 страни, јас сум збунета :geek: п.с. на школо појма немаат за што ги прашувам
Проектната треба да биде 10 страни максимум, ама само текстот што ти е за темата, без насловната, содржината и користена литература. Кога ќе ги земеш предвид и овие неколку страни таман си доаѓа 13 страници што е сосем доволно. Јас ја завршив и овие упатства ги имав од менторот