Епа можеби даваат пола бод ама само ако немаш нешто целосно напишано. Се уште не се знае, затоа што бодовникот се прави по прегледувањето на сите тестови. Се зависи како е направена матурата на глобално ниво.
Штрумфи не тебе, на ЕмаСк и пратив. Зошто бе не ви дала прашања, цц таа како нас социологија, за жива глава не сакаше да ни ги даде, па сеа уште се прибркуваме треба да ги најдеме некако да ја натераме да ни ги даде, а како ќе ги најдеме не знам..
Што сака нека биде , важно ми помина стресниот период , сега веќе лакше се дише Полагам социо дури в понеделник, па си давам деј оф и од утре почнувам да читкам ...
Аха мислев мене ми се обраќаш . И кај нас социологија не ги дава . Едвај некои професори, повеќето не.
Сега до среда раат ми е глаата мене. Англиски 4ка ми е сигурна, македноски не знам , и така. Инаку англиски таа што не чуваше тестаторката гледаше од кај мене и на другите им кажуваше. Уште се чудам зошто полагаме? Да ти се изнаплукам во образованието.
Е знаете што, ај математика не пишувајте веќе како е пошто неееможам да се нервирам како сум ги решила задачитееееееееее А ми кажаа само за постапката- и да не ти е точна на крај ти даваат бодовииии ! Сеа е полесно после ова. Филозофија, лесно се учи. А за биологија........ Има време
^ Значи сепак ќе дадат некое бодче и доколку не ти е дорешена до крај? Леле, дај Боже да е така. Мене ми останаа неколку без конечно решение и до пола. Ужасна трема ме фати.
Даваат поени за секој чекор поединечно колку што јас знам.Изгледа за џабе сите години 5ки сум имала математика и на натпревари сум идела кога утнав на проклетата матура ама што е тука е
Вие сте имале среќа, кај нас како радари ни висеа, човек не можеше да погледне во друг тест, не па да препише -_- Да не зборам таа од Министерство за образование што нон-стоп влагаше и чекаше да улови некој.
Јас полагам хемија на 19ти, можиш да ми кажиш од кој материјали ќе учиш? А инаку од мак се разочарав, а англиски подобро поминав, имам 2-3 грешки и се надевам на петка или јака четворка
лелеле и оваа ми е утната и 35 хехе не ми е јасно од кај су го нашла 50 кога е 500 хехехе сигурно од трема кај нас на почетокот беа многу стоги мислам на тестаторката ќе ми дадат некој бод постапката ми е се точна убаво рекле една нула една кула
Па јад пишува во самиот тест. Ма да не би ме чудело да го стават страв како точен одговор, со оглед на тоа колку двосмислени беа прашањата.
Кај мене во клас си правеле клуч некој не знам што демек неофицијален и пишува страв. Од каде па тоа сега?! јад пишуваше, е не е фер
Ќе се отрујам со отров за глувци ако страв го ставиле за точен одговор. Па убаво си пишуваше, тој почувствува јад додека го читашe весникот.
Девојки да ви ги кажам моите импресии сега кога двата екстерни ни поминаа. Иако англиски решив се и сум 100% сигурна дека ми е точно се чувствувам двојно разочарана! Се уште не можам да се помирам со фактот дека ученици за кои знам дека 4 години имале единици, ќе имаат иста оценка како мене. ( Ова ти е муабет веќе направен во темава. ) Друга работа која ме разочара е тоа што живееме во хаос каде ниедни правила не се почитуваат. Значи професорите буквално одеа од ученик на ученик ( секако не кај секој, туку кај оној чии родители им се пријатели ) и им донесуваа ливчиња со напишани есеи и писма, јас ги гледам вака . Потоа, дел од професорите се ангажираа да ги најдат задачите на Интернет за да им ги кажат на единичарите. И тоа сето ова пред очите на тој од ДИЦ, а тој ништо, си свиркаше. Јас разбирам солидарност и помагање, но тоа ги префрли сите граници! И со оваа наша преценета државна матура изгледа дека најоштетени се оние кои учат. Јас како одличен ученик бев повредена и исфрустрирана од настаните кои се случуваа денес. Затоа морав да го напишам ова, за да си ја олеснам душава. Се надевам дека вие лесно поминавте. Сега ќе читам што сте пишувале.
Исто и кај нас, само не со есеите туку со одговорите. Тоа е тоа, на кој да се пожалеш кога самите инспектори го прават ова.