Кај нас професорката ни даде прашања да решаваме, незнам баш колку се 200 или од 200повеќе и ни рече задачи да вежбаме од оваа година некои слични ќе имало. Уште не сум почнала да учам бидејќи полагам дури на 21ви, мислам дека ќе имам доволно време да научам. Ти од што планираш да учеш?
потполно се согласувам со ова што го имаш напишано.апсолутно матурава од секој аспект гледана е непотребна, апсурдна и најмалку праведна и најмалку спроведена по принципи и правила .УЖАС
Инаку и јас полагам филозофија, не знам дали е кај сите така ама тестот кај нас ќе има 60 прашања а професорката ни дае 130 прашања и одговори. И ептен се лесни А англиски.. мислам нема овде 5 души што имаме исти одговори Е и да се вратат претходниве 3-4 недели, нема книга да пипнам македонски. Мислев ќе се исплати, ама не.
Луѓе ве молам сетете се кај поврзувањето англиски што напишавте. По не знам кој пат го пишувам ова, ама стварно ми е многу важно да дознаам кое беше Ј, а кое Г. 1-најтешко е да се одлучи дали да се тргне на одмор 2-add ups вака нешто беше за додатоци како кабелска итн. 3-дали сите овие работи ви требаат? За иБеј тоа...продавањето 4- јас напишав да се резервираат апартмани и дестинации АМА се сомневам да не е останувањето подолго може да заштеди пари затоа сетете се кое беше Ј кое Г 5-треба да знаеш во што се впушташ
Леле само на ова се сеќавам за 4 .. имаше дека ако си во хотел повеќе пари е , а ако земеш нешто као стан поефтино е , и тоа ми беше останување повеќе помалку пари.. тоа знам дека ми е точно, за другите не знам
^Дефинитивно ми е грешно и да не се мачам повеќе со таа вежба. Другите бар како мене ли ги напишавте? Јас мислам точни ми се, за ова се двоумев, еве досега имам 2 сигурни грешки. Очекувам уште 2 кај она БДЦАЕ кај напишав БДЦЕА значи 4, се надевам не и повеќе и се сомневам и во ова, што напишавте кај текстот со учениците на што мисли авторот на девојчињата кои баш не го учеле тоа со задоволство или на тоа дека треба да има повеќе такви часови по наука наместо седење на компјутери јас го пишав второво и мислам дека ми е точно. Се на се, 5.
Ти кажав можеби и јас сум грешка, само знам дека првото ми е точно, како ти шо си го напишала, за другите ич не се сеќавам. Сигурно ли се бдц првите 3, јас бцд ги заокружив, а и сите што ги прашав. Тоа 3та вежба беше така?
Да ги разрешиме дилемите... половина бод на матура не постои. Бодувањето е со 1 или со 0. Комбинација од точен и неточен одговор се бодува со 0. На пример, наставките за заповеден начин се -ј и -јте, односно -и и -те. Ако во одговорот имате на пример, -ј и -те, или -ј и -јќи, одговорот е погрешен и се бодува со 0. Процентите што ги споменувате во конечните резултати не се однесуваат на освоените бодови, туку на перценталниот ранг на ученикот.
Фала Богу. А,вие професорка сте можеби? mace1 не ми е целосен, зашто има уште една наставка за ед. и една за мн.
За да се полага филозофија не е потребно две години да го имаш учено. Може и со самото тоа што го учиш во 4та да го полагаш. 3 часа неделно се, а за ОХ подрачје комбинација Б имаат и изборен филозофија +2 часа неделно, така да може да се полага.