^ Тоа малку потешко. Не верувам дека сега би ти дозволиле да го смениш интерниот предмет, си требала порано да мислиш. Да, од мој клас менуваа интерни предмети ама пред 2-3 месеци и повеќе.
и јас како тебе сакав да го сменам само една недела откако се пријавив на тој предмет мислам дека беше некаде кај 20 април ама класната ми рече дека неможе бидејќи ние потполнувавме потврда који предмети и дека тоа било испратено вп скопје и мене не ми дозволи да го сменам
И јас заборавив радиусот да го ставм,но мислим дека нема да земат поен за тоа Аако не си направила скица ќе ти земат 1 поен
Дечки премногу се оптеретувате со резултатите, како сте напишале или не сте. Што и да сте направиле веќе ништо не можете да смените, само дополнителни стресови си приредувате. Спремајте се за интерните и после тоа тргнете се од интернетот, земете некоја книгичка читнете, колку да си го пополните времето до резултатите. Па сега и да не добиете резултати како што сте очекувале, не е крај света. Не знам поназад кој напиша, ама сите ќе се запишаат на факултет, важното е колку ќе продолжат понатаму. Па вам не знам што ви е поважно, да се запишете или да завршите.
По стотти пат дечки ве замолувам да ми кажите што пишувавте во есејот ??? Јас мислам дека го имам утнато , писмото сум сигурна дека ми е точно ....Ако останатите одговори ги имам одговрено пола со пола ќе положам ли ?? Многу ми е битно да ми кажите отприлика...
Не се грижи како и да е ќе имаш неколку бода од структура, а може и од друго да ти дадам уште некој бод. Ќе положиш
Требаше од денес да почнам да го учам првиот интерен- стручниот. Нешто многу ме мрзе, ги прочитав преска прашањата, не мислев дека се толку лесни. Ќе ги научам во текот на овие 4 дена. И веќе не се замарам со англиски и македонски, арно кажа штрумфета, кој денес не е запишан на факултет.
Јас во петок полагам филозофија, имам време само утре да поучам. Ама не се страшни овие, ќе може и послободно да се препишува, порелаксирана ќе биде атмосферата. Оваа тестаторката од Скопје што ни беше ама страв ми влеваше. Она пријатна жената ама со едни smokey eyes кога ќе се појавеше брррррр.. .
Јас па не ни видов точно од колку часот полагаме. Најверојатно пак од десет. Мислев дека во исто време пак сите школи полагаат интерни, ама не било така. Подобро од десет, многу е рано уште од девет.
Што знам, треба да пишува на списоците, нам ни кажаа уште пред да почнеме со полагање англиски. Дека и двата интерни од 9 ќе ги полагаме. Е сега специфично ќе биде за информатика. Мислам дека еден час ќе полагаме теорија, а после по две групи на компјутерите (по два часа), дека нема доволно компјутери во училницата за сите. Едит: Пола саат теорија, втф , а 3 саати на компјутерите.
Пишува, ама кој да погледне. И ти си информатика значи. Јас немам појма колку часа ќе полагаме. Многу е малку пола час теорија, нема шанси ова. Теорија ќе научам ,ама практично ќе треба повеќе да повежбам. Edit: Писмен дел 30, практичен 150 мин. Не е можно.
Книгата, ако му текнало на некој да си ја земе од училиштето, инаку прашања професорката не дава, ниту пак ни кажа на што да обрнеме внимание. Ама сепак сме правеле тестови, знаеме одприлика што би можело да има. Е да и јас сега пишувам со една школска, најверојатно малку прашања ќе бидат затоа толку малку време ни даваат, само страв ми е за практичното, едни дрндави компјутери имаме, можат да заблокаат и отиде јабана матурата. Практичен дел кај нас е 180мин.
а да ве прашам јас за факултетов на фармација да не знаете колку примаат јас имам разбрано дека 50 на државна и 60 на приватна квота ако знае некој сигурно нека ми каже
180? На страната на матура ова го пишува Нас професорката не ни е кажала ништо, не можам точно да тврдам колку часа полагаме.