По саат и пол Ади, а јас почнав социологија да учам, морам, а филозофија ќе учам по 18ти по 100 прашања на ден
Јас пишав саат и пол, не пола саат луѓе, така ми кажаа тие што полагаа лани...се надевам сум грешка и ќе испадне повеќе
Јас вчера почнав да учам социологија ама поминав само околу 10-тина страни, ако не и помалку затоа што ич не ми се учеше. Денес почнувам сериозно, затоа што имам само 4 дена да научам. Филозофија ќе учам откако ќе помине социологија по 100 и нешто прашања на ден па би требало за 3 дена да ги научам.
Јас бев да полагам, супер си поминав . Полагав филозофија, за 20 минути се напишав Уште едно гајле ми остана
јас полагам фармацевска технологија и хемија,јас ќе одморам уште малку имам време полагам на 21. и на 26. кај нас по хемија ни дадоа 200 прашања и од нив ќе бидат пола или помалку од пола... кај вас не ви даваат прашања?
И јас денес филозофија полагав, и саат ипол е како што спомна Плавуша. Ептен лесен беше тестот, не се каам што земав филозофија
Нас само филозофија ни даде прашања (околу 300 ако не и повеќе), а социологија си учиме од учебниците од втора и трета (според она што го има во испитната програма и според насокоите кои ни ги даде).
Нас филозофија ни даде 150 прашања, ама лесни гледам пола и повеќе од нив се со дополнување. А јас бидејќи имам сликовита меморија(ако ги научам) се надевам лесно ќе поминам И биологија така, 160 прашања, ама тие се малцее потешки. За тоа сеа повеќе се секирам,ама има време, ние последни полагаме негде 30ти
Јас не, другарка ми полага историја и уште неколку деца. Професорот им даде скрипти со прашања од кај што треба да учат и знам дека има многу години за учење.
Нашата професорка ни даде 40 лекции. Многу се каам што земав Историја. Да можам да го вратам времето Бизнис ќе си земам