Не знам , ама некако многу се изреволтирав после македонски кога сватив колкава будала бев што учев 3 недели претходно а некој со само 3 саати прочитано дојде и сега ќе имаме исти тестови А социо. полагам дури во пон , а инфо другиот петок , па си викам дека имам време......
Јас првиот предмет го полагам точно за една недела, а историја другиот понеделник. Но се нервирам зошто во недела сум на свадба и многу напнато ќе ми дојде.
М-лејди ќе те замолам да пишуваш кирилица. Јас не полагам географија, ама да знаеш дека во секое школо различни прашања ќе бидат зошто секој предметен професор ги спрема прашањата. Иако ако полага некој може да ти ги прати колку да ги имаш, ама не се надевај дека ќе бидат истите.
Знам дека секој професор ги спрема посебно,но сакав да ги видам отприлика со прашања би можело да има
па затоа што никој не познавам што сака да се запишува геодезија ... чисто информативно ми треба а другар ти екстерно математика ли зеде
И јас се опуштив за интерниве, ама само што дознав кои професори ќе ни бидат тестатори и се разочарав . Единствено на препис се надевав а сега и ова не ми е сигурна опција . Утре полагам а ништо немам учено.
Па Штрумфи седни и учи, ние сме ти поддршка овде, ајде ти знаеш, за саат време ќе спукаш 30страни ко ништо. Лелее ти викам да учиш, а мене книга не ми се фаќат.
Фала ти многу Лукс . Цела година учев континуирано, па нема да ми биде тешко. Башка имам материјал на часовите што имаме работено, така половина и повеќе книга ми се намалува. Секако ќе направам некое листе за секој случај, само што тешкиот дел е кај ќе го ставам за да не ми прави проблеми и да ми биде достапно за очите. Од сабајле се мислам што да носам утре, толку за излегување се немам мислено што ќе носам .
Еве ме и јас сум потенцијална за геодезија , се двоумам сеуште дали тоа или архитектура , јас не зедов ни математика ни физика , нема да има проблем тоа , можи и со информатика да поминеш .