Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Најактивна тема ми е ова, да знаете. :lol:
    Вие си се најдовте тука правници, ако.
    Утре полагам, немам баш научено. Сабајле ќе станам порано да повторам. Многу прашања се плус и задачи. :doh: Едвај чекам да помине.
     
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.781
    Утре полагам филозофија. Научив се во рекордно време па се надевам на 5-ка :)
     
  3. Dramma

    Dramma Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    haha epa pravnicki si se najdovme nie pred da pocneme so fax :) ako sakate pisete fb u inbox :)
     
    На dari4ka4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Од мојот град има многу што ќе ода на правен, па со среќа :)
     
  5. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Девојки што отприлика има на социологија, нас ни најмалку не не спремија само ни кажаа неколку теми што треба да не ги учиме .... Отприлика какви прашања има, дали ќе може ако имате некои прашања да сликате, да скенирате... Па да ставите тука да видам какви отприлика би биле? :)
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Помина и социологија. Имавме 2 саата со можност за 1 пауза (ни оваа не ја искористив како ниедна досега, а ме зачуди што дадоа 2 саата мислевме 1ипол), почнавме кај 10 и 15 а јас си заминав во 11 и 15 зошто брзо се решаваше тестот на заокружување и дополнување, ме мачеа некои прашања во глобала лесен беше ама имаше некои 5-6 прашања доста зезнати...набљудувачот ми беше професорот по економија, немаше препишување во глобала зошто многу беше тивко, и кога го замени таа по англиски исто беше само прашање-2 дали разменив со таа пред мене.
    знам само за 1 дека ми е грешно за набљудување во зависност од положбата на набљудувачот напишав непосредно и посредно (директно и индиректно), а требало со и без учество, тоа мојот одговор да ти бил во зависност од начинот |( е таквите прашања Бог знае од кај ископани беа глупи. Другите 59 мислам дека ми се сите точни ама ќе видиме, нема да ме чуди 1-2 да се испостават грешни зошто многу им слични беа одговорите, да не речам со повеќе можни одговори, ама сигурно мислам дека ќе имам 5. Се на се, задоволна сум.
    Остана уште филозофија во петок и ариведерчи.

    Абе ако сакаш ќе ти ги пратам прашањата што се паѓале лани и прелани ние тие ги имавме и професорката ни кажа на кои теми да се осврнеме, да учиме од учебникот од 2ра, ама имаше прашање од учебникот од 3та ама ништо страшно го напишав. Сегде е различно - кај нас беше така, а во некои школи ми кажуваат давале прашања, во некои само теми им давале, а во некои учеле од трите учебници за 2ра, 3та и 4та :x ние требаше цел од 2ра и една тема од 3та глобализација ама таа тема ја има и во учебникот од 2ра па така испадна само тој. А од прашањата од порано се паднаа некои десетина да не претерам... не знам точно.
     
  7. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Ахам е се надевам дека и јас лесно ќе поминам :lol: ај ако не ти е тешко стави некои прашања да видам отприлика како би било :)
    Ти благодарам однапред :*
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Леле луѓе се спобудалев,секој ден проверувам да не случајно излегол клучот. :D Овие од Министерство стварно немаат обзир према нашите живци. :rofl:

    Деновиве сум окупирана со интерните. Едниот ми е скоро спремен,сега ќе се влечкам со другиот. Среќа прилично касно ги полагаме.

    Живеам за денот кога ќе ги вратам книгите во школо и нема веќе да стапнам таму. :)
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оуууу па ние од овие прашања 30тина од 60 сме имале бе ваууу па добро е :lol:

    Еве ти во спојлер ЛејдиИнРед:
    .(1) Социологијата како наука се појавува во
    А). Почетокот на XIX век
    Б). Средина на XIX век
    В). Крај на XIX век
    Г). Почеток на XX век

    2.(1) Кој француски мислител прв го употребил терминот социологија?
    А). Сен Симон
    Б). Огист Конт
    В). Емил Диркем
    Г). Kaрл Маркс

    3.(1) На функионализмот како школа во социологијата во секој поглед му е сроден
    А). Марксизмот
    Б). Структурализмот
    В). Биологизмот
    Г). Психологизмот

    4.(1) За каква методолошка постапка станува збор доколку се применува во социолошките истражувања со цел да се дојде до емпириски податоци преку вербална комуникација меѓу испитаникот и испитувачот, а можностите се користат во научни цели
    А). Мерење
    Б). Набљудување
    В). Интервју
    Г) Експеримент



    5.(1) Cultura anima (култура на душата) е термин за културата кој се сретнува во античкиот период и го употребил
    А). Платон
    Б). Жан Жак Русо
    В). Аристотел
    Г). Цицерон


    6.(1)"Умствена Програма" (софтвер на умот) e учење според холандскиот социолог
    А). Георг Хофстеде
    Б). Ги Роше
    В). Маргарет Мид
    Г). Георг Зимел

    7.(1) Денес во светот постојат околу
    А). 5 000 јазици
    Б). 15 000 јазици
    В). 20 000 јазици
    Г). 10 000 јазици

    8.(1) Кога одредени поединци преку своите обрасци на однесување ќе влезат во отворен судир со владеачката култура, велиме дека станува збор за
    А). Супкултура
    Б). Контракултура
    В). Доминантна култура
    Г). Официјална култура

    9.(1) Тинејџерството е период од развојот на личноста кој трае од
    А). 10 - 18 години
    Б). 11 - 15 години
    В). 13 - 19 години
    Г). 16 - 19 години

    10.(1) Како се нарекува појавата кога вреднувањето на елементите на другите култури се врши од аспект на својата култура ?
    А). космополитизам
    Б). Културен идентитет
    В). Етноцентризам
    Б). Културен реваншизам

    11.(1) Кои од долу-наведените агенси не припаѓа на секундарна социјализација ?
    А). Средства за масовна комуникација
    Б). Детските групи
    В). Училиштата
    Г). Регилигија

    12.(1) Кога личноста ги прифатила (интериоризирала) моделите, вредностите и симболите од својата средина и тие станале дел од нејзината струкутра на личнста, тогаш станува збор за
    А). Социјализација
    Б). Асимилација
    В). Адаптација
    Г). Кооперација

    13.(1) Расната и етничката припадност, семејното потекло и слично ги одредуваат
    А). Природните улоги
    Б). Стекнатите улоги
    В). Пропишаните (наследни) улоги
    Г). Општествените улоги

    14. (1) Внатрешен судија кој оценува одредена постапка и реагира на неа на тој начин што се чувствува задоволен ако е нешто направено, нешто исправно, морално, пожелно, велиме дека има
    А). Санкции
    Б). Морални норми
    В). Совест
    Г). Обичаи

    15. (1) Како во социологијата се нарекуваат непишаните правила според кои се регулираат начинот на облекување на поединците, поздравување при средба, начинот на јадење и слично ?
    А). Обичаи
    Б). Верување
    В). Морал
    Г). Култура

    16).(1) За каков вид на општествена итеракција станува збор кога луѓето си подаруваат податороци едни на други ?
    А). Соработка
    Б). Пријателство
    В). Свадба
    Г). Размена

    17). (1) Со кој поим во социологијата се објаснуваат односите меѓу поединците и групите во општеството ?
    А). Кооперација
    Б). Општествени улоги
    В). Општествена итеракција
    Г). Интеракција






    18). (1) Меѓу елементите што ја одредуваат социјалната положба на поединците (и групите) не игра значајна улога еден од подолу наведените фактори. Кој фактор ?
    А). Културна припадност
    Б). Општествена улога
    В). Материјачлно богатство
    Г). Општествена моќ

    19).(1) Однесувањата кои отстапуваат од вообичаените и очекуваните начини на однесување се:
    А). Нагони
    Б). Прекршоци
    В). Девијации
    Г). Санкии

    20).(1) Во улога на прекршители на законот се јавуваат и малолетни лица. Која е старосната граница до која овие лица се кривично неодговорни ?
    А). До 15 години
    Б). До 14 години
    В). До 16 години
    Г). До 17 години

    21).(1) Бегање од училиште, пушење, дрско и непристојно однесување, псуење и други голем број такви поведенија во социологијата ги одредуваме како:
    А). Малолетничка деликвенција
    Б). Малолетнички банди
    В). Малолетничко претстапништво
    Г). Кривични дела

    22). (1) Мали заедници во кои луѓето ги задоволуваат сите свои потреби се нарекувале:
    А). Села
    Б). Автархични
    В). Семејства
    Г). Организации

    23).(1) Доколку од една поширока целина се издвои една група како посебен дел тогаш, станува збор за:
    А). Мали групи
    Б). Ограничени групи
    В). Секундарни групи
    Г). Примарни групи

    24)(1) Кој од долу наведените социолози го оформил поимот за формална организација?
    А). Макс Вебер
    Б). Емил Диркем
    В). Рајтс Милс
    Г). Карл Маркс


    25.(1) Како се определува општествена моќ на поединците и на групите ?
    А). Според богатството
    Б). Според можноста да се влијае врз општествените процеси
    В). Според степенот на образование
    Г). Според професијата која ја обавуваат


    26.(1) Кој од следните елементи од културата е најтраен и најотпорен на промени ?
    А). Обичаи
    Б). Моралот
    В). Хуманоста
    Г). Вредности

    27).(1) Доколку се знае со какво материјално богатство располага, каква општествена моќ има и, каков општествен углед ужива, тогаш велиме дека е одредена :
    А). Општествената положба на поединецот
    Б). Видот на занимањата на поединецот
    В). Улогите кои ги обавува поединецот
    Г). Успешноста во професијата

    28).(1). Еден од начините за разрешување на спротивностите помеѓу поединците и групите е:
    А). Конфликтот
    Б). Размена
    В). Кооперација
    Г). Натпревар

    29).(1) Правните норми (закони) ги донесува :
    А). Министерството
    Б). Државата
    В). Судовите
    Г). Црквата

    30).(1) Доколку е познат вкупниот број на кривични дела на определен простор и во одредено време, тогаш станува збор за :
    А). Темна бројка на криминалитетот
    Б). Структура на криминалитетот
    В). Деликвенција
    Г). Обем на криминалитетот


    31.(1) Кога лугето ги регрупираме според одредени карактеристики како што се полот, возраста,професијата и сл,без да комуницираат за некој заеднички интерес тогаш говориме за
    А). Семејство
    Б). Социјални групи
    В). Латентни групи(можни групи)
    Г). Роднинство

    32.(1) Групите кои им служат на поединците за споредба и притоа да се проценат и себе си, се нарекуваат
    А) Мали групи
    Б) Примарни групи
    В) Референтни групи
    Г) Толпа

    33.(1) Облик на формална организација која се базира на крути организациски принципи,според Макс Вебер се нарекува
    А) Демократија
    Б) Анархија
    В) Бирократија
    Г) Протестантство


    34(1) Семејството е историски променлива општествена група,која спага во
    А) Примарни општествени групи
    Б) Секундарни општествени групи
    В) Терцијарни општествени групи
    Г) Семејството не е група

    35.(1) Задоволувањето на половиот нагон и продолжувањето на човечкиот род спаѓа во
    А) Економска функција на семејството
    Б) Социјализаторска функција на семејството
    В) Биолошка функција на семејството
    Г) Воспитна функција на семејството

    36.(1) Потврдено е дека и кај примитивните луге постои забрана за инцест,кој значи
    А) Дозвола за полови врски со партнери од исто крвно сродство
    Б) Забрана за полови врски од исто крвно сродство
    В) Забрана за склучување на брак
    Г) Забранета комуникација со партнери од исто крвно сродство


    37.(1) За да се дефинира религијата како најстар облик на општествена свест е тешко бидејки постојат различни религии.Доколку верникот воспоставува конакт,, со ,,оностраното,, преку крштевањето,исповедта,молитва и сл. Говориме за една од компонентите на религијата.Која компонента?
    А) Симболи
    Б) Религиски чувства
    В) Обреди
    Г) Верување





    38.(1) Најстара монотеистичка религија е
    А) Христијанството
    Б) Будизмот
    В) Јудаизмот
    Г) Исламот


    39.(1) Хиндуизмот е најраспространета религија во Индија и таа спага во
    А) Монотеистички религии
    Б) Политеистички религии
    В) Религии без идејата за господ
    Г) Тоа не е религија


    40.(1) Синтагмата на зборот демократија значи
    А) Владеење на правото
    Б) Владеење на партиите
    В) Владеење на народот
    Г) Владеење на политиката


    41.(1).Партиите може да се поделат на леви,десни и средишни.

    Левицата ги брани интересите на __работничката_______________________________ класа.


    42.(1) Кога еден човек произведува само едно нешто или се занимава со ограничен број на активности, станува збор за
    А) Автоматизација
    Б) Специјализација
    В) Кооперација
    Г) Социјализација


    43.(1) Илија, по завршетокот на факултетот за менаџмент се вработува како менаџер во еден хотел. Неговата дејност на работа спаѓа во _____терциерен________________________ сектор.


    44.(1) Науката која се занимава со проучување на населението, проблемите на движењето и промените на неговата структура се нарекува______демографија_____________________________


    45.(1) Тип на етничко групирање на населението во и околу градовите се нарекува
    А) Слам
    Б) Гето
    В) Населба
    Г) Село

    46.(1) Група луѓе која случајно се нашла на некоја локација и не комуницира мегу себе (на пример чекање на автобуска станица) е пример за
    А) Толпа
    Б) Публика
    В) Агрегат
    Г) Маса

    47.(1) Социјална стратификација значи
    А) Постоење на нерамноправност во општеството
    Б) Постоење на социјална контрола во општеството
    В) Постоење на општествени слоеви во општеството
    Г) Постоење на власт во општеството

    48.(1) Во Индиското општество постојат строго разграничени општествени групи во кои преминот од една социјална група во друга е невозможен. Тие се познати под името
    А) Сталежи
    Б) Касти
    В) Класи
    Г) Стратуми

    49.(1) Според Карл Маркс, класната борба се води помеѓу две основни класи. Тоа се
    А) Феудалци и свештеници
    Б) Буржуазија и пролетеријат
    В) Работници и земјоделци
    Г) Пролетеријат и работници


    50.(1) Основоположник на теоријата за социјална стратификација е социологот
    А) Емил Диркем
    Б) Огист Конт
    В) Макс Вебер
    Г) Херберт Спенсер

    51.(1) За модерните општества е карактеристична социјалната подвижност. Премините може да се согледаат на различни начини. Доколку ги следиме промените на професиите на еден поединец во разни фази од неговиот живот, тогаш говориме за
    А) Меѓугенерациска подвижност
    Б) Структурна подвижност
    В) Внатрегенерациска подвижност
    Г) Статична подвижност

    52.(1) При промената на работното место или селење од едно претпријатие во друго, со што не се менува социјалниот статус ,можеме да говориме за
    А) Вертикална подвижност
    Б) Хоризонтална подвижност
    В) Нагорна подвижност
    Г) Нема подвижност

    53.(1) Кога припадниците на една група се разликуваат од другите групи по јазикот, традицијата, фолклорот, нормите, однесувањето, религијата и др., тогаш говориме за
    А) Социјални групи
    Б) Примарни групи
    В) Етнички групи
    Г) Секундарни групи

    54.(1) Ставови кои се засноваат на одредени гласини за други етнички групи и притоа најчесто негативни, се нарекуваат
    А) предрасуди
    Б) дискриминација
    В) осуда
    Г) гласини

    55.(1) Според Макс Вебер, промената, односно развојот на капитализмот е резултат на _________протестантската______________________ етика


    56.(1) Најпознати движења со кои општествата се менуваат многу бргу се
    А) еволуциите
    Б) револуциите
    В) штрајкови
    Г) немири

    57.(1) Кога одредени односи на заемност и меѓузависност ќе се воспостават на Светско глобално ниво говориме за процесот на __глобализација______________________ ____________________________________


    58.(1) Организацијата на Обеденетите Нации (ООН) е организација
    А) За зачувување на мирот,решавање на конфликтите,за развој и сл
    Б) Тоа е воена организација
    В) Организација за првата на злоставените деца
    Г) Организација за Европски прашања


    59.(1) Берлинскиот sид беше значаен меѓу другото и како симбол на поделената Германија на источен и западен блок. Со падот на Берлинскиот sид, падна и комунизмот. Тоа се случило во _____1989__________ година.


    60.(1)Македонија е членка на Европската Унија (ЕУ)
    А) од 1989 година
    Б) од 2001 година
    В) од 2006 година
    Г) Македонија не е членка на ЕУ

    1. Кој од социолозите конструирал теорија според која општеството се движи напред кон промени врз основа на одредени противречности во неговите рамки?
    а) Херберт Спенсер в) Емил Диркем
    б) Карл Маркс г) Макс Вебер

    1/__



    2. Според која теоретска ориентација општеството претставува трајна и
    стабилна структура од елементи во која секој елемент има одредена
    функција која придонесува за одржување на општествената целина?
    а) биологизмот
    б) структурализмот
    в) функционализмот
    г) формализмот

    1/__


    3. Која техника овозможува квантитативно опишување на појавите?
    а) набљудување в) интервју
    б) мерење г) експеримент
    1/__

    4. Елементи на културата кои претставуваат ориентири (репери) и им помагаат на поединците да направат правилен избор на нештата што позитивно се оценуваат во заедницата, претставуваат _______________________.




    5.
    Кој елемент на културата е на периферен, но е најманифестиран?
    а) вредностите в) хероите
    б) ритуалите г) симболите
    1/__

    6. Збир на културни карактеристики кои поединецот ги поседува и му овозможуваат да се почуствува поинаков од припадниците на другите култури претставува:
    а) културни разлики
    б) културна посебност
    в) културен идентитет
    г) супкултура


    1/__



    7. Сфаќањето според кое сите култури иако се различни се еднакво вредни, и за вредностите на други култури не може да се носи вредносен суд од аспект на сопствената култура бидејќи истиот би бил необјективен се нарекува:
    а) културализам в) културен релативизам
    б) алтруизам г) космополитизам

    1/__


    8. Заеднички или слични културни елементи кои ги има во скоро сите општества се нарекуваат ___културни сличности__________________ _____________________.
    2/__

    9. Процес на интеракција во кој новиот член на заедницата усвојува знаења, вештини, навики, вредности, норми на однесување и други сознанија за успешно интегрирање во општествените групи и во општеството во целина се нарекува
    а) социјализација в) адаптација
    б) воспитание г) образование

    1/__


    10 Кои се најзначајните агенси на социјализацијата?
    а) детските групи и училиштето
    б) религијата и телевизијата
    в) врсничките групи и семејството
    г) предучилишните установи и масмедиумите

    1/__



    11
    Период на човековиот живот во кој поединецот има слобода во изборот, самостојно донесува одлуки, решава значајни животни проблеми и покажува поголема одоговорност е периодот на
    а) детство в) зрелост
    б) адолесценција г) старост

    1/__



    2.-

    12. Кога поединецот не се подведува на ирационалните елементи на културата, туку успева да изнајде свој простор во постоечките вредности и норми, и творечки се вклопува во колективниот живот на заедницата постанувајќи автономна и делотворна личност, за него велиме дека има:
    а) конформистичко однесување
    б) девијантно однесување
    в) неконформистичко однесување
    г) социјализирано однесување


    1/__




    13. Кои норми се најзначајни за општеството?
    а) општествените норми б) обичајните норми
    б) моралните норми г) правните норми


    1/__


    14. Што се постигнува со системот на мерки како што се на пример: прекорот, потсмевањето, советувањето и сл?
    а) родителска грижа в) неформална социјализација
    б) социјална контрола г) надзор

    1/__


    15. Како се нарекува ненасилното вршење на кривични дела во стопанскиот живот од страна на лица кои го користат своето влијание за прекршување на правните норми со цел да се здобијат со материјална корист?
    а) државен криминал
    б) организиран криминал
    в) економски криминал
    г) политички криминал


    1/__



    16. Кои кривични дела најчесто ги извршуваат младите?
    а) кривични дела насочени против животот и телото
    б) сексуалните деликти
    в) кривични дела насочени кон имотот
    г) деликти во јавниот сообраќај

    1/__


    17. Машките и женските деца се изложени на учење и усвојување на улоги со различни активности .Пр. девојчињата се поучувани од страна на мајките, а момчињата од татковците и се идентификуваат со нив.Така стереотипите на женственоста и машкоста се зајакнуваат и усвојуваат. Ова претставува процес на _________________________________________________,


    2/__

    18. Телевизијата како најмоќно средство за масовна комуникација има огромно влијание врз младите. Наведи некој пример на позитивно и негативно влијание на телевизијата:
    Позитивно_______________________________________________________
    Негативно_______________________________________________________

    2/__

    19. Нормата на реципроцитет е карактеристична за еден од интеракциските процеси
    а) размена в) натпревар
    б) кооперација г) возвраќање
    1/__


    20. Конфликтите имаат различни општествени функции. Која од долунаведените функции се оценува како општествено позитивна?
    а) општествена промена и напредок
    б) општествен натпревар
    в) општествена динамика
    г) општествена интеграција и дезинтеграција


    1/__


    21. Вид на дејствување и однесување на поединецот кој се одвива на очекуван начин според однапред усвоен културен образец се нарекува
    а) културно однесување в) општествено однесување
    б) очекувано однесување г) општествена улога
    1/__



    3.-
    22. Марко Марковски прави сообраќаен прекршок, со својата кола поминува на црвено светло. Го сопира сообраќаен полицаец и во него го препознава својот сосед Ристе. Полицаецот Ристо се поздравува со соседот и потоа го пушта неказнет.Како се нарекува овој случај?
    а) просоцијално однесување
    б) неконформистичко однесување
    в) конфликт на улоги
    г) општествен конформизам


    1/__



    23. Улога која е назначена со раѓањето и за неа не се земаат во предвид способностите, вложениот труд и личните достигнувања се нарекува:
    а) стекната улога в) улога по припадност
    б) основна улога г) припишана улога
    1/__

    Припишана
    24. Форма на комуникации што се појавуваат во нејасна ситуација, во која меѓу учесниците едни пренесуваат, други толкуваат, трети коментираат со цел да се конструира информација со некакво значење се нарекува __________________.
    2/__

    гласини
    25. Колективни дејствувања и акции кои водат кон забрзување, изведување или спречување на општествени промени во социологијата се нарекуваат
    а) колективни акции в) општествени движења
    б) дејствија за промени г) општествени акции
    1/__


    26. Понекогаш се случува гледачите на некои фудбалски натпревари да бидат поттикнати од некои заеднички мотиви и реагираат еруптивно и ирационално, непочитувајќи ги воспоставените правила и норми. За каков вид на колективно однесување станува збор? ______________________

    2/__

    Толпа
    27. Збир на луѓе кои случајно се на одредено место (без комуникација), како на пример луѓе на автобуска постојка, претставува
    а) социјален агрегат в) толпа
    б) публика г) јавност
    1/__

    28. За задоволување на основните потреби на луѓето во општествата се создаваат посебни организациони општествени творби. Тоа се на пр. семејството, црквите, претпријатијата, државата, училиштата. Социологијата овие општествени творби ги нарекува:
    а) општествени единици
    б) општествени групи
    в) општествени организации
    г) општествени институции


    1/___




    29. Кога во рамките на семејството меѓу родителите и детето се воспоставува само социјална врска но не и биолошка врска тогаш станува збор за
    _____________________________
    2/__

    30. Дејноста во сферата на активностите поврзани со владеењето во општеството се нарекува:
    а) државна власт
    б) политички систем
    в) политика
    г) општествен поредок
    1/__


    31. Однос меѓу државата и граѓаните во кој државата се грижи за нив воспоставуваќи широки права и слободи претставува:
    а) суверенитет
    б) државјанство
    в) државна власт
    г) политичка власт

    1/__


    32. Една од наведените не е карактеристика на демократската држава:
    а) повеќепартиски систем
    б) единство на законодавната, извршната и судската власт
    в) пазарна економија и конкурентска борба
    г) локална самоуправа

    1/__


    4.-

    33. Која од наведените активности не му припаѓа на терциерниот сектор?
    а) угостителство
    б) бакарство
    в) производство на модерна облека
    г) сендвичари

    1/__




    34. Нормалната стапка на невработеност во земјите е до 5%, а алармантната над 10%. Колкава е невработеноста во РМакедонија ?
    а) помеѓу 5-10%
    б) помеѓу 10-20%
    в) помеѓу 20-30%
    г) помеѓу 30-40 %

    1/__


    35. Религиски организации кои ги има обично во држави во кои нема етаблирана државна религија во вистинска смисла на зборот и кои не се идентификуваат со државата се:
    а) цркви
    б) секти
    в) манастири
    г) деноминации

    1/__



    36 Процеси во кои религиските организации се повеќе се занимаваат со световни прашања за сметка на светите прашања се нарекуваат
    _______________________________.
    2/__

    37. Според Макс Вебер, најидеален облик на формална организација, што се базира на крути организациски принципи претставува
    _________________________________
    2/__

    38. Која од наведените организации има најмал степен на формализација на односите меѓу членовите и хиерархија меѓу нив?
    а) црквата
    б) невладина организација
    в) политичката партија
    г) ликовна училишна секција

    1/__


    39. Мислења или ставови со изразено чуство на непријателство кон припадници на етничките малцински групи се нарекуваат
    а) непријателски однос
    б) стереотипи
    в) предрасуди
    г) дискриминациски однос
    1/__


    40. Модел на развој на етнички односи во кој покрај доминантната етничка група постојат и други малцински етнички групи кои сите меѓусебно се почитуваат и ги уважуваат културните карактеристики на другите претставува:
    а) "котел за мешање"
    б) културен плурализам
    в) културен релативизам
    г) космополитизам


    1/__


    б
    41. Какво општество претставува Република Македонија во однос на етничноста ?
    _________________________________________
    2/__

    42. Еден од начините за разрешување на етничките конфликти е една од страните во конфликтот доброволно да се откаже од дел од своите барања, бидејќи чуствува немоќ нив да ги оствари во целост. Тогаш делумно се повлекува , за да не се доведе во состојба да изгуби се. Кој е наведениот начин?
    а) со постигнување договор и согласност
    б) моќта на посилниот
    в) со компромис
    г) со делумно повлекување


    1/__






    5.-
    43. Значаен фактор на стратификацијата покрај богатството и угледот претставува:
    а) верската припадност
    б) национална припадност
    в) припадност на политичка партија
    г) семејно потекло

    1/__


    44. Фактор кој влијае за поделба на општеството на класи, според Карл Маркс ?
    а) социјално потекло
    б) степен на образование
    в) класната свест
    г) сопственост на средствата за производство

    1/__



    45. Марко Марковски работеше во престижна фирма, добро заработуваше и живееше солиден живот. Меѓутоа, фирмата се затвори и Марко остана без работа. Подолго време не може да најде работа, го потроши она што го заштедил и сега западна во состојба на сиромаштво. За кој вид на социјална подвижност станува збор во примерот?
    а) интергенерациска подвижност
    б) хоризонтална подвижност
    в) внатрешно-генерациска подвижност
    г) надолна подвижност


    1/__




    46. Експанзијата на средната класа на средната класа во современото општество е резултат на два (2) од наведените фактори:
    а) интензивната поделба на трудот на многу занимања и професии
    б) создавање на класа на ситносопственици
    в) создавање на висока работничка класа
    г) буржоазијација на работничката класа


    1/__



    47. Што претставуваат процесите што се случуваат во околината кои доведуваат до одреден степен на измени во рамките на одделни структури на општеството?
    а) општествен развој
    б) општествен прогрес
    в) општествени промени
    г) општествена модернизација

    1/__


    48. Според кој критериум општествата се делат на првобитни, робовладетелски, феудални и капиталистички ?
    а) според технолошкиот развој
    б) според социо-економскиот белег
    в) според историскиот аспект
    г) според степенот на развој и приемливост на промени

    1/__


    49. Еден од социолозите во класификацијата на општествата поаѓа од еволутивниот развој од поедноставни кон посложени општества, при што како основен критериум ја зема развиеноста на поделбата на трудот. Кој е тој социолог?
    а) Емил Диркем
    б) Огист Конт
    в) Фердинанд Тенис
    в) Херберт Спенсер


    1/__




    50. Нормите во собирачко-ловечките општества го изразувале општиот интерес на заедницата. Голем дел од тие правила биле поврзани со:
    а) обичаите
    б) моралот
    в) забраните
    г) работата

    1/__






    51. Кога луѓето го напуштиле номадскиот живот и започнале да се занимаваат со земјоделството се наметнала потребата од појавата на правото на сопственост на земјата. Заради заштита на сопственоста на земјата и регулирање на односите меѓу веќе диференцираните групи во општеството се јавила потребата од појава на ___________________________.

    2/__


    52. Кој бил најважниот фактор кој ги изменил традиционалните општество?
    а) земјоделието
    б) индустријата
    в) занаетчиството
    г) урбанизацијата

    1/__


    53. Изум со посебно значење поврзан со компјутерите и телекомуникациите претставува Интернетот, кој овозможува директна комуникација и испраќање пораки и брза циркулација на информации. Имајќи го во предвид наведеното, како денес се нарекува современото општество?
    __________________________________________


    2/__

    54. Групи во кои припадниците имаат заедничко потекло, територија, економски се поврзани, имаат заеднички јазик, култура, религија, обичаи и пред се чуство на припадност , претставуваат
    а) држави
    б) класи
    в) раси
    г) нации


    1/__



    55. Реформски процеси со радикални општествени промени во сите сфери на општествениот живот преку кои настанува преод од едно во друго општествено уредување се нарекува
    а) глобализација
    б) индустријализација
    в) транзиција
    г) модернизација

    1/__


    56. Со што се поврзани перспективите на Р Македонија?
    ___________________________________________
    2/__

    57. Во современото општество се создаваат културни творби во големи серии, слично како производите во машинското производство, во кои е загубена креативноста и основен мотив е профитот. Ови дела поединецот го претвараат во пасивно потрошувачко суштество. За каков вид на култура станува збор?
    а) стандардна култура
    б) народна култура
    в) потрошувачка култура
    г) масовна култура


    1/__



    58. Која е причината за политичкото обединување на европските држави по Втората светска војна?
    а) заштитан а човековите права
    б) соработка на културен план
    в) враќање на загубената моќ на националните држави
    г) зајакнување на економијата

    1/__


    59. Главно извршно тело на Европската унија е
    а) Советот на ЕУ
    б) Европскиот парламент
    в) Европската комисија
    г) Европскиот суд на правдата

    1/__


    60. Наведи две цели кон кои се стремнеше европското движење
    ________________________________
    ________________________________

    2/__
     
    На 1-Lady-in-red му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    ^ Плавуша кај ги најде прашањава?
    Иначе, го имаше на нашиот тест прашањево: 55.(1) Според Макс Вебер, промената, односно развојот на капитализмот е резултат на _________протестантската______________________ етика
    Јас вакво нешто со протестантска етика нигде не сретнав а ми збореа дека имало. :/
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Овие прашања ми ги прати едно девојче што полагаше лани е сеа знам првите се на Панџарова вторите на Бети Буп, а овие биле прелани фактички така нешто... многу деца ги имаа не знам како ти си ги немала да знаев ќе ти ги пратев :^)
    Со протестантска етика во мојот тест мислам немаше? Инаку има во учебникот од 2ра да да...за Макс Вебер имаше само за заокружам дека тој е заслужен за формалната организација и да се заокружи бирократија, друго немаше колку што знам...
     
  12. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Добро е, значи да не се секирам :) Ги немав прашањава, само некои насоки што ни ги даде проф. Панџарова ама нема врска помина и без тоа. Инаку за набљудувањето и јас имам напишано како тебе :(
    Во глобала беа лесни имаше само неколку зафркнати. Би требало да имам неколку грешки ама се надевам на 5ка. Професорите што не надгледуваа супер беа а и двајцата ми имаа предавано, имаше разменување на одговори. Јас и една другарка си кажавме по неколку прашања една на друга. Сега уште филозофија ми остана за во петок. :)
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ех, конечно да сум задоволна од еден тест. Ич не беше тежок, доцна синоќа учев, сабајле повторив само. Очекувам висока оцена, нормално.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    За социологија лесно поминав, знам дека имам 3 грешни, другите се надевам ми се точни :$

    А кога ги даваат резултатите од интерните? :^)
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Најкасно 3 дена по полагањето, значи кај и да е се очекува :)
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Јас минатата недела полагав филозофија , уште во четврток географија ми помина. Во школо негде ќе ги има резултатите од филозофија?
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Па така било кај нас претпоставувам и кај вас на списоци истакнати ќе бидете :)
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Колку време се полагаат интерните? Има пауза? По отприлика колку прашања се? :)
     
  19. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Каква е заинтересираноста во вашите градови женски за на е бизнис во Скопје?
     
  20. gugi4

    gugi4 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    aj ako sakate kazete mi i kakva e zainteresiranosta po vasite gradovi za opshta medicina vo SK! :)