Дечки и јас полагам историја во понеделник но не обрнувам многу време на тој предмет. Си учам за во четврток. Иначе и нас ни кажаа дека ќе имаме околу 60 и тоа 30 со заокружување околу 50 со дополнување и другите со објаснување
Кај нас имаше 50 прашања.. 30 на заокружување 15 на дополнување и 5 на објаснување. (и тоа гола вода беа прашањата)
Знаете ли со колку изгубени поени може да се има 5, мислам дали границата меѓу 4 и 5 е иста кај сите тестови или зависи од секој професор , инаку денес полагав социологија мислев ќе биде многу полесно па уште сега си најдов 6-7 грешки
Матуранки, до 480 страна листав, ама не најдов, па ве молам за информација кога се уписите во август? Јас кога се упишував беа некаде од 16-19 август, ама сега незнам, а ми треба информацијава. Благодарам.
Јас полагав вчера информатика, теоретскиот дел нема сигурно да ви биде тежок, проблемот кај нас беше со компјутерите у школо, стално блокираа.. Најубаво ќе ви биде на ваши лаптопи да си полагате иначе не е тешко на практично имавме 4 вежби, од сите по една Луѓе кажете ми кога ќе ги има резултатите ќе можеме да се логираме на матура.гов.мк и да ги видиме, така?
Дозволено е да си носиме лап-топ ? Јас овде 2 дена симнувам програми од 2003 бидејќи компјутерите се стари ,и професорката така ни препорача за да не се збуниме кога ќе полагаме .
За сметководство има доста заинтересирани. Впрочем, секоја година има, како што кажав голема е заинтересираноста за сите смерови на економски. Јас, лично не сум заинтересирана за сметководство ама сум за финансиски менаџмент и надворешна трговија.