Има разлика, ама не е којзнае што. Слични се, речиси исти. Инаку ние на Мајкрософт офис 2003 полагаме.
аааа па кај мене у школо нема да полагаме на тие компјутери кај што има едубунту, туку на мајкрософт на други компјутери
^Тенкаи во секое школо различно, школото ги одредува датумите па прашај од кое школо те интересира нека ти кажат
Kaj нас имаше 20 прашања. Имаше едно да претвориш даден број, во бинарен броен систем. Другото беше од општа култура, што се пиксели,графичка резулуција, нешто околу интернет, Бекап програми и слично. Лесно беше многу.
Најкасно до 3 дена така пишува на сајтот на матура, така да еве ја вчера полагав социологија и на 22 кога ќе идам да полагам филозофија сигурно ќе бидат објавени оценките на список. А на 25 кога ќе враќам книги па ќе видам за филозофија. Ајде аман нека заврши веќе, добро е што бар брзо ги даваат резултатите од интерново.
Кај нас значи мајкрософт си беше, не опенофис.. иначе све живо имаше од хедер и футер у ворд до линк у поверпоинт од еден кон друг слајд, ефекти секакви у корел.. свашта EXE ти е кратенката иначе...
Леле бе Па нас професорката не ни спомна дека во мајкрософт ќе работеме. Ние во опен офис вежбавме. Добро ај мош е различно во секое школо. А како се претвара број во бинарен броен систем? Ние вчера што полагавме стручен предмет, кажа професорката дека утре ќе ги истакнат резултатите. А некои и денеска ги истакнале, дека малку деца го полагале предметот.
Обичен број се претвора во бинарен така што бројот се дели со 2 (настрана се запишува остаток 0 или 1), резултатот пак се дели со 2 (и пак се запишува остаток 0 или 1), добиениот резултат пак се дели со 2 итн... се дели додека може да се дели.... а ова со остатокот ќе биде бинарен број. (на пр: 100111001) Еве пр. бр 21 да се запише како бинарен 21:2=10 (остаток 1) 10:2=5(остаток 0) 5:2=2(остаток 1) 2:2=1 (остаток0) Значи 21 во бинарен систем ќе биде 1010. (мислам дека вака треба ) Вака ние учевме, ама по програмски јазици, не по информатика...