Значи овие интерниве предмети се милина, за разлика од оние екстерните...Еден завршив и исцепив 5, а наредниот наредна недела..Се надевам и на тој нема да има проблеми, па да си одиме со мирни глави на одморчеее.....
Познавам 5-6 деца кои сакаат на архитектура. И искрено, верувај дека ти се голема конкуренција изгледа како да те плашам, но ти ја кажувам само вистината
Луда работа... не знам провери у книгите ако го немаш нема потреба да се замараш... а женската може информатика тоа го учела
да така е, само делењето се прави се додека количникот не е нула: 21:2 = 10 (остаток 1) 10:2 = 5 (остаток 0) 5:2 = 2 (остаток 1) 2:2 = 1 (остаток 0) 1:2 = 0 (остаток 1) На крај кога количникот е нула, се запишуваат остатоците одоздола-нагоре, значи во овој случај се добива дека 21(декадно) е = 10101 (бинарно) Едит: Инаку јас кога лани полагав информатика, немаше вакви конверзии
Прашањето по филозофија Познатото дело Ослободувањето од живетните го напишал -Жан Бодријар -Алберт Ками -Питер Сингер -Ерих Фром Кој е точниот одговор???
Девојки решив се филозофија, имаше 60 прашања(со одговори, со заокружување, дополнување и објаснување)и сите ги решив и сигурно 5ка ќе имам. Уште едно гајле помалку и остана уште само едно за во петок.
Денес го полагав стручниот предмет и сум задоволан, се решив, се надевам на 5ка. Иако многу не се спремав, сепак прашањата беа лесни, и имавме време 100 минути, а јас тестот го решив за 30 минути од шо беше прелесен. Конечно сум задоволна од едно нешто од матурава. Уште петок ми останува и готовоооо
Петок значи е The D Day, и јас полагам филозофија и вие доста ве има што полагате тогаш, со среќа нека ни е.
Луѓе, баш сега гледав за одземање поени на есејов англиски, се одземало еден поен изгледа ако имаш +- 10 збора Се одзема 1 поен ако во текстот не се почитува границата на предвидениот број зборови е ова го пишува.. хмм.. а, и тие што ја имаат промаршено темата, само 2 бода одземале, се надевам дека останатото ви е се точно.
^Оф леле се надевам во таа граница рачунаат и +-10 збора, абе не верувам до толку да е каде е логиката за промашена цела тема 2 бода, а за 2-3 збора плус да се одзема 1 бод?! Никако, тоа само ако се будали. И кај е клучот бе веќе да знаеме што ни е точно што не, аман! Ја претераа па се изначекавме