Аааа не сфатив јас мислев филозофија не може екстерно да се земе, само математика и јазици:/ јас догодина полагам па со среќа вие што полагате кај и да е
Леле ногу е лошо ова со новите термини имаме само два дена за англиски .. инаку денеска кај нас ни кажуваа за оценувањето на екстерните и дека поголема улога игра парцијалниот ранг отколку самата оцена. Може 4ка и 5ка да се разликуваат само за 0,2 бода зависи од рангот.. голема работа
Знам за едно девојче што лани немаше петка за 0.2 поени. Да фанеш да се џитнеш. Имала 97.8, а петката од 98. Абе, цепидлаки невидени. И после немало петки... епа ќе нема. Поен ли е жити се, 0.2... Сепак, многу убаво ќе ми дојде на душичкава просек 5.00 Јас се надевам на 4ка македонски, а другите 5ки. Ако извадам англиски 4ка, ќе го сметам за личен неуспех, затоа што учам англиски од мојата трета година, одам редовно на курс и страв ми е од брзање 15 год да не отидат во вода...
Девојки што мислите за полагање математика на екстерен? Јас тоа одбрав, бидејќи сакав на Архитектура да се запишам, но сега се предомислив и нема враќање. Добро ми оди математика и досега се 5ки сум имала, али ме плашат сите ми викаат дека биле многу строги критериумите и било многу тешко :/ Вие што мислите? Да не знаете некој што земал математика на екстерно лани и како поминал?
Точно дека се строги критериумите на оценување, но за тој што учил на време, тестовите воопшто не се толку тешки како што сите ги прикажуваат. Е сега, јас на што се надевам... хмм... англиски се надевам на 3-ка (не стојам најдобро со англискиот, а ако по чиста случајност или среќа добијам 4-ка ќе бидам најсреќна на цел свет ). Македонски се надевам на 5-ка, ама задоволна би била и со 4-ка, а за интерните предмети, 5-ки... па ќе видиме...
Е баш тоа е проблемот, што ти можеш да седнаш и да бубаш уште од трета година и да ти се падне некое ЧКЉ двосмислено прашање, да изгубиш 1 поен, да ти одземат уште 2 од есејот и ајде, отиде петката.
Ама такви случаи и ситуации ќе сретнеме насекаде во животот, не само во однос на државната матура. Ќе учиш, ќе се трудиш, ќе работиш, ќе даваш се' од себе за на крај друг да ти го преземе местото што ти припаѓа дали како резултат на поголема снаодливост, силен карактер или чиста среќа, а ти пак да останеш зад него. Лично, и мене ми е многу криво, жал и страв што заради момент на слабост (трема) може да ми пропадне животна шанса. Велам "животна" бидејќи човек колку и да не сака секогаш е ограничен со време, затоа шансите кои му се пружат треба да ги зема со полн здив и полна рака, а не да чека до утре конкуренцијата да го прегази. Но, што е тоа е. Наше е да се потрудиме (иако јас ако се прашувам, страшна мрза ме има фатено периодов ), а се' друго само по себе си доаѓа. P.S. Се извинувам за долгиот и "филозофски" цитат.
Не се секирај не си единствена, и мене исто ме има некоја мрза фатено и многу се нервирам поради тоа.. Но знам многу деца што не беа добри ученици па ќе почнат покасно да се спремаат и добро поминуваа. Се е до среќа, да ти се паднат работи кои ги знаеш [секако треба и да се спремаме, но и многу други фактори влијаат.. трема, време, среќа..]. Во секој случај што побрзо ни помине мрзата и се фатиме за книга подобро ќе биде
Јас зедов германски јазик за екстерно оценување. Сега многу ме фаќа страв. Има некој екстерно што зеде германски јазик да ме извести дали е лесно или тешко?
Немам земено јас германски, но кај нас професорката уште од сега а јас сум 3та збори како е доста тешко имало се од вокабулар до граматика а германскиот се на се е тежок јазик.Еве јас имам вечита 5 германски, ама тежок е за разлика од англискиот!Дали дека не го среќаваме многу во секојдневниов живот, не знам ама за тешко било тешко вика.
јас земав математика екстерно, и стварно ме фаќа страв. Математика ми одеше супер, ама еве трета и четврта не си ја сфатив работата како шо треба...можам да кажам дека сум тапа и стварно ми е жал што талентот за математика си го потиснав, ама тоа е. како и да е се надевам на некоја 3ка среќно на сите
Релативно е. Ако знаеш е лесно, ако не знаеш е тешко. Уште сега ќе ти кажам, ако не ти оди јазикот, ако не го зборуваш/пишуваш комотно, тогаш не се надевај на повеќе од 3ка, евентуално 4ка. Додека пак, ако се снаоѓаш супер во германскиот јазик, нема причина да се плашиш. А зошто одбра германски ?!
^ Убав ми е јазикот и затоа. А, од 6 то одделение па се до сега сум имала одсекогаш 5ка по германски целосно заслужена. Сакам и да студирам германски јазик. Имам познавање на германскиот може да се каже, но сепак во мојата гимназија има деца кои се многу подобри од мене, кои живееле Австрија, Германија, Швајцарија и го зборуваат течно. Заради тоа ме фаќа страв. Некои велат дека екстерно германски било полесно одколку англиски. Англиски прашањата биле многу двосмислени. Други велат дека е претешко. И така..
Е неделава, оти бев дома, си седнав и се изнаучив. Најозбилно, стигнав до делата. Тие не планирам да ги учам, туку само ќе разлистам затоа што и да не сум прочитала некое дело, сепак знам отприлика за што се работи. Наааајголем проблем мене лично ми зададе Версификацијата, наука за стиховите. Бајт мај ас. Нит разбрав, нит запамтив нешто, ништо. Ваков стих, таков стих. Ма нека се гонат и они и стиховите. Сега планирам да седнам да ги учам интерните, ама што знам... Попаметно ќе ми биде да ја поминам книгата по македонски 2-3 пати, неголи со прашања што лесно се учат. Има време, ама дефинитивно ова со ногава ми даде предност. Вака слободна недела во ова време за мене лично беше бонус. А за 13 дена ми е матурата, и сигурно нема да учам во наредниве две недели.
државна матура - живи глупости, ништо не вреди... пред да полагаш ти наполниле илјада стравови па кога идеш да полагаш гледаш леснотија, па уште ако се погоди добар професор во комисија - колективно препишување и кога ќе видиш у диплопа ученик што поминувал со 2ки -3ки у диплома 4ки - 5ки и ќе се запише кај сака на факс со тие оценки..абе ајде... џабе тупење мозок
Во текот на скоро изминатата учебна година посветив поголемо внимание на граматиката (во однос на македонски јазик), но сепак сметам дека не е нешто којзнае колку доволно. Сега учам македонски, паралелно дела од светска и македонска литература (не ги "бубам", туку онака, се потсетувам и си читам ). Англиски јазик не се подготвувам, тоа планирам да почнам да го правам во следните месец дена. Единствено тоа што ни е за во училиште и понекогаш дополнителната настава која ја организираме. Едниот интерен предмет го спремам, но не континуирано, туку тогаш кога имам повеќе време. Другиот само тоа во училиште што го имаме повторувано. За во следниот период имам во план најмногу да посветам внимание на македонски јазик и англиски (колку можам). P.S. Заглавив во еден тунел од обврски поврзани со државната матура што крајот никако не му го гледам. Ох, господе каде ми е крајот?
Мене стварно не ми е јасно зошто толку паника се крева околу таа матура. Ако некој во изминативе години учел колку-толку нема од што да се плаши. Посебно во врска со македонски јазик гледајки ги прашањата од изминативе години сметам дека е прилично лесно бидејки скоро сите прашања се од општа култура... Се надевам дека ќе се погодат прашањата - сепак никој неможе баш се да знае колку и да учел
http://fakulteti.mk/news/11-05-08/izbor ... atura.aspx е бравос ништо не се знае, и англиски ќе го преместат изгледа