Математика ти е интерен или екстерен? Оти овие резултати ти се од екстерните, во јули ќе излезат. Ај ќе те замолам да пишеш што прашања имавте ако се сеќаваш, и практично какви вежби?
Теоријата не беше тешка воопшто, глупости некакви, на заокружување сите ни беа и имавме 4 на дополнување, имаше што му е главната карактеристика на процесорот, хмммм колку кб има еден мб, што знам... немаш потреба да учиш теорија... а практично имаше свашта, ама мислам дека вие опенофис полагате или не? ние на виндовс бевме
Епа од денеска конечно почнува и распустот за мене , социо 5ка а инфо ќе чекаме резултат утре .Тежок товар ми падна Сега уживанција .
Ние полагаме во Inscape и во Open Office Writter, Calc и Presentation. А лесно ли беше практично? Што правевте во Ворд и Корел?
Лесно беше... у ворд имавме страна дадено да ја направиме иста како таму, со вордарт, слика уметнување, табела имавме у ворд... оние набројувањата, не е тешко али баеги време ни одзема ворд, а во корел ги имаше ефектите, ефект на лупа, оние за спојување, хммм слика да поставиш како позадина, па порамнување на сите елементи од десно, текст да впишеш, десетоаголник додававме.. и тоа е у глобала, тоа па брзо го напраивме
Уф камо среќа да е така.Чул те господ Слушнав дека само 5 поени можело да се изгуби за 5ка па не ми се веруваше дека е само толку малку и се разочарав дека ќе имам 4ка но сега надежта е повторно со мене
Го полагав и последниот предмет -географија! И искрено беше ептен тежок, ама ептен. Немаше ни едно прашање од тие што ги даде професорот.Се снајдов , се напишав ама пак ... Уште резултати ама не се замарам воопшто.
Е заврши и информатика и мн сум разочарана, немав доволно време за све да напраам, нашава професорка глупа ептен тешки ги напраила вежбине у пм да иде И сеа изглеа на тоа нема да имам 5ка Ај можеби ќе се деси некое чудо. Најбитното е дека заврши матурава!! ГОТОВООООООООО... ФАЛА БОГУ!
Има ли некој прашања филозофија и може ли да ги стави тука за да видам какви се отприлика и колку сум научила?
Посакајте ми среќа утре полагам филозофија, научив па да решам за 5. И социологија верувам ќе има резултати па да видиме, ќе ви пишам впечатоци. Само во писмена форма ги имам баш и на Лукс тоа и го реков, некои 300 и нешто, 400 прашања. И многу детали во нив, значи СЕ има
Со среќа на тие што утре полагате филозофија. Ние имавме 200 прашања и не беа тешки, ни се паднаа од нив 60, ама ги немам во електронска форма. Инаку си положив со сите поени. Уште географија утре и крај на измачувањето!
Социологија имам 5ка и тоа солидна А филозофија како што гледате дома сум, полагањето од 10 прво рекоа 3 саати потоа дојде исправка 2 саати нели, кај 10 и 5 - 10 и 10 почнавме, во 10 и 20 си искочив прва сите бледо ме гледаа, прашањата 60 беа истите од тие 300-400 што ни беа дадени, супер ги имав научено и одма ги решив за 10 минути, чекам 5.
Eve ovie gi imav jas 1. Зборот филозофија е составен од два збора и тоа: ФИЛИА што значи ЉУБОВ и СОФИЈА што значи МУДРОСТ доп. 2. Која наука се смета за најстара? ФИЛОЗОФИЈА О 3. Која наука претставува наука за науките? ФИЛОЗОФИЈА О 4. Која наука се смета за врв на науките? ФИЛОЗОФИЈА О 5. Која наука се наоѓа во центарот на сознанието? ФИЛОЗОФИЈА О 6. Што е онтологија? НАУКА ЗА БИТИЕТО О 7. Која филозофска дисциплина ги изучува проблемите на сознанието? ГНОСЕОЛОГИЈА О 8. Антропологија е? НАУКА ЗА ЧОВЕКОТ О 9. Што е етика? НАУКА ЗА МОРАЛОТ и ВРЕДНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО доп. 10. Науката за творештвото и убавите доживувања се нарекува: ЕСТЕТИКА О 11. Аксиологија е: НАУКА ЗА ВРЕДНОСТИТЕ О 12. Специјализираната филозофско-педагошка дисциплина која ги истражува проблемите за начините на кои младите се подготвуваат за филозофијата се вика: МЕТОДИКА И НАСТАВА ПО ФИЛОЗОФИЈА О 13. Кант за филозофијата и филозофирањето кажал: Не може да се УЧИ на филозофијата, туку на ФИЛОЗОФИРАЊЕТО доп. 14. Единственоста на идеите кои се однесуваат на најбитните работи се изразува како: ПОГЛЕД НА СВЕТОТ О 15. Врз кои прашања била сконцентрирана античката филозофија во космолошката фаза? ПРАШАЊАТА ЗА КОСМОСОТ О 16. Кои се претставници на Милетската Школа? ТАЛЕС, АНАКСИМАНДЕР, АНАКСИМЕН доп. 17. Кој антички филозоф е родоначалник на филозофијата? ТАЛЕС О 18. Што според Талес е праоснова на светот? ВОДА О 19. Кој филозоф кажал дека светот е жив оган? ХЕРАКЛИТ О 20. Според Елејската школа битието е: НЕМЕНЛИВО О 21. Највлијателни претставници на античкиот атомизам се: ЛЕФКИП И ДЕМОКРИТ О 22. Атомите според Демокрит се: МАТЕРИЈАЛНИ, СИТНИ, НЕДЕЛИВИ, НЕВИДЛИВИ ЧЕСТИЧКИ доп. 23. Ефтимија е: ДУХОВНА ВЕДРИНА О 24. Најпознат антички следбеник на Демокрит е: ЕПИКУР О 25. Централен проблем во антрополошкиот период е : ПРАШАЊАТА ЗА ЧОВЕКОТ О 26. Кој филозоф кажал „Човекот е мера на се“? ПРОТАГОРА О 27. Горгија со своите тези... е претставник на: НИХИЛИЗМОТ и СКЕПТИЦИЗМОТ доп. 28. Божествениот глас на совеста кој го предупредувал Сократ да не прави лоши дела се нарекува: ДАЈМОНИУМ О 29. Општиот лозинг(максима) на антиката и личната максима на Сократ е: СОЗНАЈ СЕ СЕБЕСИ О 30. Двата дела на Сократовиот метод се: ИРОНИЈА и МАЕВТИКА доп. 31. Филозофската школа на Платон се вика: АКАДЕМИЈА О 32. Прв целосен филозофски систем изградил? ПЛАТОН О 33. Најпозната книга на Платон е: ДРЖАВА О 34. Платоновото учење е еден вид на: ОБЈЕКТИВЕН ИДЕАЛИЗАМ О 35. На врвот на хиерархијата на идеите во пирамидата на Платон се наоѓа:ж ИДЕЈАТА ЗА ДОБРО доп. 36. Колку сталежи разликува Платон во идеалната држава? 3 ТРИ О 37. Во идеалната држава на Платон, главна одлика на војниците е: ХРАБРОСТ О 38. На вратата на Платоновата Академија пишувало: НЕКА НЕ ВЛЕГУВА ОНОЈ КОЈ НЕ ЗНАЕ ГЕОМЕТРИЈА О(доп.) 39. и 40 . Аристотел бил ученик на,ПЛАТОН,а учител на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПЛАТОН О 40. Според Аристотел, овој свет е составен од единечни нешта и кај секое единечно нешто разликува: ГРАЃА и ФОРМА доп. 41. Аристотеловите логички сознанија се собрани во книги со наслов: „ОРГАНОН“ О 42. Аристотел го препорачува моралот на: УМЕРЕНОСТА О 43. Според Епикур филозофијата им помага на луѓето да се ослободат од кои два страва? Стравот од СМРТ и страв од БОГОВИ доп. 44. Основач на Стоицизмот е: ЗЕНОН О 45. Кој средновековен филозоф кажал „Верувам за да разберам.“? АВГУСТИН О 46. Во средниот век филозофијата станува блиска со? РЕЛИГИЈАТА О 47. Која е најстара монотеистичка религија? ЈУДЕИЗМОТ О 48. Августин зборува за развиток на две држави и тоа: ЗЕМСКА и БОЖЈА О 49. Во византиската теологија и филозофија познат е исихастичкиот спор помеѓу: ВАРЛААМ и ПАЛАМА О 50. Кирил и Методиј ја создале новата азбука наречена: ГЛАГОЛИЦА О 51. Средновековниот филозоф кој направил систем на сколастиката како официјална за католиците е: ТОМА АКВИНСКИ О 52. Латинското име на арапскиот филозоф Ибн Сина е AVI CINA, а на Ибн Рушт е AVE ROES. 53. Во средниот век обнова на теолошката мисла со осврт на идеите на Аристотел се вика: СКОЛАСТИКА О 54. Тертулијан ја кажал познатата изрека: „ВЕРУВАМ БИДЕЈЌИ Е АПСУРДНО“ О 55. Монашкото движење исихазам е развиено во: МЕЃУ МОНАСИТЕ НА СВЕТА ГОРА каде што е НАЈГОЛЕМАТА ЗАЕДНИЦА НА ПРАВОСЛАВНИ МАНАСТИРИ Доп. 56. Средновековната филозофија која е под влијание на теологијата, за неа постои една вистина која Бог ја искажал преку: ОТКРОВЕНИЕТО О 57. За ренесансата е карактеристичен нов начин на поврзување на: ФИЛОЗОФИЈАТА И НАУКАТА О 58. За ренесансата карактеристична е критика на: ДОГМАТИЗМОТ и враќање кон АНТИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ доп. 59. Социјалната критика во ренесансата создала посебен вид на хуманистичка филозофија позната како: УТОПИЗАМ О 60. Кој математичар, физичар и астроном е основач на новата природна наука? ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕЈ О 61. Прочуено део на Макијавели е? „ВЛАДЕТЕЛОТ“ О 62. Кој ренесансен филозоф е запален на Цветниот Плоштад во Рим? ЏОРДАНО БРУНО О 63. Како гласи максимата на Френсис Бекон воедно и максима на Новиот Век? ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ доп. 64. Кој метод го предлага Бекон во современата наука? ИНДУКЦИЈА О(доп.) 65. Според емпиризмот, извор на сознанието е ? ИСКУСТВОТО О 66. Следбеници на Џон Лок во новиот век се? ЏОРЏ БЕРКЛИ и ДЕЈВИД ХЈУМ доп. 67. Основен став „Во умот нема ништо што не поминало низ сетилата.“ е на: ЏОН ЛОК О 68. Филозофскиот правец на Беркли „според кој постојам само јас“ е? СОЛИПСИЗАМ О 69. Две супстанци за Декарт се: RES COGITANS и RES EXTENSA доп. 70. „Cogito ergo sum.“ значи: „МИСЛАМ ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ“ О 71. Декарт е претставник на : РАЦИОНАЛИЗАМ О 72. Делото „Етика на геометриски начин“ е од? БАРУХ СПИНОЗА О 73. Спиноза смета дека од безбројните атрибути на човековиот разум познава само два: МИСЛЕЊЕ и ПРОСТОРНОСТ доп. 74. Според Спиноза слободата е: СОЗНАЕНА НУЖНОСТ О 75. Правецот според кој основен принцип на сознанието е разумот се вика: РАЦИОНАЛИЗАМ О 76. Според Лајбниц светот е создаден од: МОНАДИ О 77. Лајбниц во своето дело „Теодицеа“ ја кажува оптимистичката мисла : „ОВОЈ СВЕТ Е НАЈДОБАР ОД СИТЕ МОЖНИ СВЕТОВИ“ , а Волтер ќе го исмее во делото „КАНДИД“ 78. Во кој век се развива просветителството? 18 ти (осумнаесетти) век XVIII 79. Кое дело НЕ го напишал Лајбниц? „КРИТИКА НА ПРАКТИЧНИОТ УМ“ О 80. Според Волтер кои 3 нешта се најлоши во светот? ГЛАДОТ, ЧУМАТА и ВОЈНАТА доп. 81. Кој е творец на Енциклопедијата? ДЕНИ ДИДРО 82. „Homo homini lupus est“ и „Bellum omnium contra omnes“ на македонски значат? „ЧОВЕК НА ЧОВЕКА МУ Е ВОЛК“ и „ВОЈНА НА СЕКОЈ ПРОТИВ СЕКОЈ“ 83. Наброи барем два вида идоли од Френсис Бекон? ИДОЛИ НА: ПЛОШТАД, ПЕШТЕРА, ПАЗАР.... доп. 84. Двајца нововековни рационалисти? ДЕКАРТ, СПИНОЗА, ЛАЈБНИЦ доп. 85. За Спиноза постои само една супстанција causa sui што значи: ПРИЧИНА ЗА САМАТА СЕБЕ, и ја определува како БОГ ИЛИ ПРИРОДА. (Доп.) 86. За Кант две нешта ја исполнуваат душата. Кои? 1.ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО НАД МЕНЕ ДОП. 2.МОРАЛНИОТ ЗАКОН ВО МЕНЕ 87. Во кое дело Кант ја претставува теоријата на сознанието? „КРИТИКА НА ЧИСТИОТ УМ“ доп. 88. Априорните форми според Кант се: ПРОСТОР и ВРЕМЕ доп. 89. Кој морален закон си го препишува Кант? ИМПЕРАТИВ О 90. Според Кант моралното дејство е постапка од: ДОЛЖНОСТ О 91. Според Хегел движењето на освестениот дух минува низ 3 фази: СУБЕЈКТИВЕН, ОБЈЕКТИВЕН и АПСОЛУТЕН О 92. „Феноменологија на духот“ е дело од? ХЕГЕЛ О 93. Основоположник на волунтаризмот е: ШОПЕНХАУЕР О 94. Кај Шопенхауер новата димензија на етиката се изразува како: СОЧУСТВУВАЊЕ СО ДРУГИОТ О 95. Според волунтристите основа на постоењето е: ВОЛЈАТА О 96. „Светот како волја и претстава“ е дело на: ШОПЕНХАУЕР О 97. Огист Конт е претставник на : ПОЗИТИВИЗАМ О 98. Фојербах ја објаснува религијата како: ДЕЛО НА ЧОВЕКОТ О 99. „Homo homini deus“ рекол? ФОЈЕРБАХ О(доп.) 100. Адам Смит е основоположник на: ТРУДОВАТА ТЕОРИЈА НА ВРЕДНОСТИ О(доп.) 101. Џон Стјуарт Мил е претставник на: УТИЛИТАРИЗМОТ О 102. Наброј најмалку 2 социоутописти од 19 век? СЕН СИМОН, РОБЕРТ ОВЕН, ШАРЛ ФУРИЕ, ЕТИЈЕМ КАБЕ 103. Прудон смета дека филозофијата треба да биде: НАРОДНА О 104. Маркс го критикува Хегел заради ИДЕАЛИЗМОТ, а го превзел неговиот ДИЈАЛЕКТИЧКИ МЕТОД. Доп. 105. Кои се 3 стадиуми кај Киркегор? ЕСТЕТСКИ, ЕТИЧКИ, РЕЛИГИОЗЕН О(ПО ТОЈ РЕДОСЛЕД) 106. Основен проблем на Киркегор е: ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА О 107. Ниче смета дека треба : ДА СЕ ИНСИСТИРА НА ВОЛЈА ЗА МОЌ доп. 108. Наметнатите морални вредности ги отфрла Ниче и тоа се нарекува: ИМОРАЛИЗАМ О 109. Кој е најавтентичен Американски филозофски правец? ПРАГМАТИЗАМ О 110. Прагматизмот е продолжување и адаптација на филозофските правци: ЕМПИРИЗАМ и УТИЛИТАРИЗАМ доп. 111. Основен критериум на сознанието според Вилијам Џејмс е: НЕГОВАТА ПРАКТИЧНА ВРЕДНОСТ О 112. Учењето на Дјуи е варијанта на прагматизам и е наречено? ИНСТРУМЕНТАЛИЗАМ О 113. Берксон е претставник на: ИНТУИЦИОНИЗАМ О 114. За Берксон единствен проблем е: ЖИВОТОТ О 115. Според Фројд човечката личност и целото човештво се растргнати помеѓу: ЕРОС-ЉУБОВ и ТАНАТОС-СМРТ доп. 116. Хусел е претсавник на: ФЕНОМЕНОЛОГИЈА О 117. Расел смета дека филозофот е повикан да се бори за: ВИСТИНАТА, а смислата на филозофијата е БАРАЊЕ НА ВИСТИНАТА доп. 118. Кој филозофски правец по Втората светска војна во Франција станува мода? ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛИЗАМ О 119. Според егистенцијалистите човекот е единственото сушетество кое: СВЕСНО СЕ ОДНЕСУВА КОН СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ О 120. Најпознато дело на Сартр е: „БИТИЕТО И НИШТОТО“ О 121. Според Сартр човекот има слобода на: ИЗБОР О 122. Попер смета дека до вистината се доаѓа и преку докажување на неточноста на ставовите со постапка која ја нарекол: ФАЛСИФИКАЦИЈА О 123. Карл Попер зборува за: ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО О(доп.) 124. Фром истакнува дека за современиот човек карактеристично е бегството од: СЛОБОДА О 125. Науката за одговорноста на човекот за разбирање на животните форми и нивна заштита се вика: БИОЕТИКА О 126. „Мисли глобално, дејствувак локално“ е лозунг на: ЕКОЛОШКА ЕТИКА О 127. „Чувај го животот“ е лозунг на: БИОЕТИКА 128. Во Македонија најзначаен за логиката е: ЈОНЧЕ ЈОСИФОВСКИ доп. 129. Георги Старделов зборува за основи на: ЕСТЕТИКА доп. 130. Кои се двајцата автори на учебникот ? КИРИЛ ТЕМКОВ и СТЕФАН СИДОВСКИ доп.
ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ФИЛОЗОФИЈА (интерен предмет) АНТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА 1.Германскиот филозоф Карл Јасперс зборува за три извори од кои потекнува филозофијата. Кои се тие? __________________________________________________ 2.Кој ја напишал оваа мисла : “Историјата е сведоштво за времињата, светлината на вистината, живо паметење, учителка на животот” ________________________________ 3. ”Овој е ист за сите не го создал ниеден Бог ниеден човек туку секогаш бил и ќе биде вечно жив орган кој по мера се пали и по мера се гаси” е мисла на : ___________________ 4.Еден од седумте мудреци ја искажал мислата: “Необразованиете е тежок товар”. Кој е тој? _____________ 5.За античката филозофија се карактеристични следните фази : ____________________________________________ 6.Кој се познати антички школи? 7.Авторот на “Златни стихови” е ___________, а негов етички идеал е ______________ 8.Кои се претставниците на Елејската школа ? 9.Што е апорија? __________________________________________________ 10. Кои се познатите апориите на Зенон? 11.Со која мисла Хераклит се определува како филозоф на промените и двишењето? 12.а)Кој го вовел поимот ефтимија? ____________________ б)Што е ефтимија? _______________________________ в)За која филозофска гранка е карактеристичен поимот ефтимија? _______________________ г)Кој е методот за постигнување на ефтимија? ________ 13.Како се нарекува учењето на Демокрит? _____________ 14.Античките платени учители по мудрост и беседништво се нарекувале ________________ 15.Со која мисла Протагора ќе искаже дека сознанието зависи од нашите сетила и дека се е релативно? 16.Кој период од развојот на античката филозофија е карактеристичен за софистите? ____________________ 17.Како античките филозофи го определуваат поимот АРХН? 18.Со кои знаења и практични вештини произлегле софистите?________________________________________ 19.Основниот лозунг на Сократ гласи : __________________ 20.Што е добродетелта за Сократ? __________________ 21.Што постигнува Сократ со иронијата? ________________________________________________ 22.Во Атина Платон го основал првиот вистински универзитет наречен _________________________ 23.Што пишувало на вратата на познатата Платонова школа? 24.а)Наброј најмалку три дела на Платон: __________________________________________________ б) Кој метод го користи Платон во своите дела? _______ в) Кој му бил учител на Платон? ____________________ 25.Што се идеите за Платон? 26.Како настанува сознанието за Платон ? _________________________________________________ 27.Која наука ја создал Аристотел како средство за правилно сознание и заклучување? __________________ 28. Аристотелово најзачајно дело во историјата на етиката е _______________________ 29.Аристотел бил ученик на _________________, а учител на ______________________________ 30.На Аристотеловите логички сознанија им е даден насловот __________________ 31.Заокружи што е поважно за Аристотел во онтологијата? А) Morfe – формата Б) Hile – граѓата 32. Првата филозофија Аристотел ја нарекувал _______________ 33.Што критикува Аристотел кај Платон ? ______________________________________________ ХЕЛЕНИСТИЧКИ ПЕРИОД 34.Наведете ги најкарактеристичните школи од хеленистичкиот период ______________________________ 35.За да ја разведри душата човекот треба да се ослободи од стравот.Од што се плаши човекот според Епикур? __________________________________________________ 36.Дали душата е бесмртна за Епикур? _________________ 37.Како Епикур ја нарекува непоматеноста на духот како блажена состојба на човекот која настанува поради ослободувањето од стравот, болката и страста? __________________________________________________ 38.”Јас на сите земји гледам небаре се мои, а на мојата небаре им припаѓа на сите. Јас живеам со уверување дека сум роден за другите и за тоа сум и благодарен на Мајката Природа зошто можела ли таа да стори нешто подобро за мене?! Таа ме подарила мене на сите, а мене ми ги подарила сите.” Овие космополитички мисли ги напишал __________ во делото ___________________. 39.Што претставува неоплатонизмот кај Платон? __________________________________________________ СРЕДНОВЕКОВНА ФИЛОЗОФИЈА 40.Кои се основните монотеистички религии? __________________________________________________ 41.Во Светото Писмо или _____________ е изложено христијанското учење. 42.Божјите пораки на Исламот се забележани во Светата книга т.н. ______________________. 43.Познатата беседа на Исус која инспирира на етичко сознание и соодветно постапување е __________________. 44.Каков е односот меѓу религијата и филозофијата во средниот век? ______________________________________ 45.Кој бил најзаслужен за првичното ширење на христијанската религија? _____________________________ 46.Преку која секта христијанството дошло до допир со филозофијата? _____________________________________ 47.Што се тоа апологети? ____________________________ 48.Како се нарекува почетната христијанска филозофија? __________________________________________________ 49.Кој е најпознат схоластички мислител? ______________ 50.На кое учење се потпира схоластиката? _____________ 51.Како ги нарекувале првите византиски филозофи? __________________________________________________ 52.”Филозофијата е разбирање на Божјите и на човечките нешта, за човек да може да му се доближи на Бога. Таа го учи човекот со делото да биде слика и суштина на Оној што него го создал“. Koj e творецот на оваа прва дефиниција за филозофијата? _____________________________________ НОВОВЕКОВНА ФИЛОЗОФИЈА 53. Што значи поимот ренесанса?________________ Кој времески период го опфаќа? _____________ Каде се појавила? _______________ 54.Кој е најзначаен ренесансен филозоф? ______________ 55.Со што Бруно ја надополнил хелиоцентричната теорија на Коперник? ______________________________________ 56.Кој е основниот лозунг на Бекон? ___________________ 57.Како Бекон ги нарекувал заблудите? ________________ 58.Што предлагал Бекон на луѓето пред да пристапат кон новото сознание? ___________________________________ 59.Во „Нов органон” Бекон го критикува стариот Аристотелов метод и воведува нов метод наречен _______________. 60.Како гласи емпиристичката мисла на Џон Лок? ________ 61.Од каде потекнува знаењето според Џон Лок? ________ 62.Што критикува Џон Лок кај Декарт? __________________ 63.Во кое дело Декарт ги изложил четирите правила за вистинско сознание? ________________________________ 64.Како Спиноза ја определува супстанцијата? __________ 65.Создадените нешта Спиноза ги нарекува: ____________ 66.Што постигнува човекот со интелектуалната љубов кон Бога, според Спиноза? _____________________________ 67.Што е слободата според Спиноза? __________________ 68.Кои се познати рационалисти во Новиот Век? __________________________________________________ 69.Што сака да покаже Лајбниц спротивставувајќи се на Џон Лок со ставот “Ништо нема во разумот освен самиот разум”. ___________________________________________ 70.Што се монадите на Лајбниц? ______________________ 71.Лајбниц ја искажал оптимистичката теза за светот __________________________________________________ 72.Просветителството како културно-историска појава се јавува во 18век и бил најизразен во почетокот во __________, а негови претставници се: __________________________________________________ 73.Со која мисла Хобс ја искажува природната состојба на луѓето? __________________________________________ 74.По што најмогу е познат Волтер? ___________________ 75.Зошто Русо го критикува напредокот? _______________ 76.Што е енциклопедија и кои се поттикнувачи и учествуваат во создавањето на ова дело? __________________________________________________ МОДЕРНА ФИЛОЗОФИЈА 77.Која е основната карактеристика на духот на модерната епоха? ____________________________________________ 78.Најзначајните филозофи во историјата на 19век се: __________________________________________________ 79.Кои критики ги напишал Кант? ______________________ 80.Испитувајќи го човекот како субјект Кант вели дека нашиот ум е сконцентриран околу три прашања а тие се: ________________________________________________ 81.Што критикуваа Кант во критика на чистиот ум? __________________________________________________ 82.Што подразбира Кант под поимот критика на чистиот ум? ______________________________________________ 83.Според Кант ги спознаваме _________, а не може да се спознаат ________________. 84.На кои два основни филозофски правци Кант прави синтеза? _________________________________________ 85.Кои се априорните форми на осетите кај Кант? __________________________________________________ 86.Според Кант осетите создаваат ___________, а разумот создава_________________ 87.Каков филозофски систем изградил Хегел? 88.Развитокот на идејата Хегел го разгледува низ три фази: 89.Што се движи кај Хегел? а)материјата б)мислата в)силата г)надежта 90.Хегел дијалектиката ја претстаува како пат на : а)дијалог б)индиректен доказ в)поделба на поимите г)саморазвиток на духот 91.Низ кои идеали апсолутниот дух се ослободува и се враќа кон себе? ____________________________________ 92.Според ШопенХауер кој ги созава проблемите во животот на човекот? 93.Што е волјата според ШопенХауер? 94.ШопенХауер светот го доживува како еден од најлошите светови. Кои начини ги предлага за да човекот се ослободи од светската болка? 95.ШопенХауер заклучува дека волјата е извор: а)на задоволство б)среќа в)на болка и страдање г) љубов кон ближниот 96.Зошто според Фридрих Ниче модерната европска култура е нихелистичка? _____________________________ 97.Иморализмот за Фридрих Ниче е ___________________ 98.Тој е од онаа страна на доброто и злото, воин и гениј смел и храбар, творец и возвишен. Тој е поет, Мислител, Бог, љубов, моќ. Тој е способен да се соочи со иднината. Овој исклучителен човек со силна волја Фридрих Ниче го нарекува __________________. 99.Највисоката вредност и стремеж за да се одржува животот Ниче го нарекува ___________________ 100.На јавни места и плоштади ги прочувал луѓето на вистина и етички живот.Познат е како Сократ од Данска. За кого станува збор? _______________________ 101.Според Киркегор поединецот или индивидуата животот го минува низ три стадиуми и тоа : _____________________ 102.Во естетскиот стадиум личноста се препушта на сетилата обземена со еротски стремеж. Идеалот на таквиот живот според Киркегор е __________________ 103.Во етичкиот стадиум животот на поединецот се придржува на моралните принципи. Сорен Киркегор овој стадиум го изразува со ликот на ________________ 104.Кој е виновникот според Киркегор ,човекот да се чувствува несигурен во животот, да чувствува страв и трепет,вина,грев,и очај : _______________________ 105.Како гласи прочуениот лозунг на Огист Конт? 106.Огист Конт учи за три стадиуми во развојот на знаењето.Тоа се : __________________________ 107.Во модерната епоха либерализмот на Џон Стјуард Мил е изразен како објаснување и барање на : ______________ 108.Етичко учење на Џ.С.Мил е познато како __________ 109.”Филозофите саморазлично го толкуваат светот, станува збор тој да се измени.”Кој ја напишал оваа мисла и во кое дело? 110.Прагматизмот е како филозофски правец во Америка го развил ______________________ 111.Основен критериум на сознанието според Прагматизмот е ___________________ 112.Кој е создавач на психоанализата?______________ 113.Што е човекот според Жан Пол Сартр? ___________ и која е неговата главна карактеристика ______________ 114.Според Ж.П.Сартр слободата се доживува како избор меѓу повеќе можности. Што чувствува човекот во тој избор? Додатни прашања од филозофијата 1.Како античките филозофи го дефинираат поимот архе? 2.Кој софист го напишал делото “За боговите” кое е јавно спалено од античката власт? 3.Зошто Платон, Сократ и Аристотел ги критикувале боговите? 4.На кој помлад софист ве асоцира мислата “таму каде што има сила нема правда” 5.Скептицизмот и нихилизмот Горге го изразил со три познати тези, со кои докажал дека нашето заење е релативно и дека тоа неможе да се докаже , Кои се тие тези? 6.За што е обвинет Сократ? 7.Што е мајефтика што се постигнува со неа и кој филозоф ја употребува? 8.Според учењето на Платон што прави човекот,односно сетилниот свет за да ја реализира смислата на своето постоење? 9.Во делото „Држава“ Платон ќе и даде значајно место на една област која ќе овозможи развиток на човечките способности.Тоа е областа на ? 10.Во грчката филозофија Аристотел е познат како 11.Во кое дело Аристотел зборува за Калокагатеја како етички дострел кон кој треба да се стреми секој човек? 12.Наведете кои се лоши форми на власт според Аристотел. Наведете кои се добри форми на власт. 13.За која форма на владеење се определил Аристотел? 14.Која школа ја создал Аристотел и под кое друго име ја нарекол? 15.Позната етичка мисла на Аристотел која се регулира со разумот е 16.Со која мисла Пирон го искаѓува Скептицизмот? 17.Од што се состои душата и дали таа е бесмртна за Епикур? 18.Што значи зборот Исихазам? 19.”Верувам за да разберам светот може да биде спасен само со божјата воља,се е предистининирано.”Така учеше еден филозоф роден во Тагаста . Кој е тој? 20.”Филозофите не треба само да го толкуваат светот ,туку да го минуваат” – ова е познатата дванааесета теза на Лудвиг Фоербах од Марксистичкото учење е под влијание на три извори .Тоа се ? 21.”Бог прави се да е во се.” Што сакал Џордано Бруно да искаже со оваа мисла? 22.Поради која мисла римската инквизиција го осудила Џ.Бруно? 23.Какво учење е пантеизмот? 24.Која е силата што ја движи материјата според Џ.Бруно 25.Во кое дело Еразмо Ротердамски го критикува примитивизмот, догматизмот и нетолеранцијата 26.Холандскиот филозоф Хуго Гроциос за прв пат во ренесансата ја поставил теоријата на : 27. Набројте некои особини кои треба да ги поседува владетелот според Макиавели. 28.Кои метод Макиавели го препорачува на вадетелот? 29.Потполното смирување и ослободување од индивидуалната волја Артур Шопенхауер го постинува со :
Jas filozofija za 10 min napisav se i se mi e tocno toa imam 5 ka .. deneska sociologija samo sto sednavme odma stanavme i toa za neceli 10 min go napisav.. i toa mi e 100% tocno.. mislam gluposti na gotovi prasanja da ne napisam rezil bi bila.. a i neznam sto ne maltretiraa tolku za internive koa na kraj ni gi dadoa prasanjata.. gluposti.. dzabe se nervirav cela godina.. i toa.. sega cekam da vidam so eksternive sto sum napravila zosto ne sum bas naj zadovolna so angliski...