сега уште на сите да ни ги дадат 5ки и англиски (и математика) и македонски и ќе нема како нас бре еј!
Aj конечно и јас првиов интерен . Добро пројдов,препишување на кило Волку во текот на учебна година не сме препишувале ,ама сепак една задача со графици не решив ужасна ми беше а највеќе бода носеше Во понеделник и вториот и ајт готово ,и со среќа на останатите што полагаат уште
Јее, конечно завршив со полагањето матура. Прво да кажам за социологија, положив со петка 72 од 78 бода. (тоа е солидна петка со оглед на тоа дека петката почнуваше од 60) А и не учев нешто многу социологија па и да имав помалку бодови немаше да ми биде криво. Филозофија денес полагав, многу беше лесно, за пола саат завршив и очекувам петка. Неколку прашања ми беа потешки, само затоа што не им обрнав доволно внимание кога учев затоа што не очекував да се паднат , ама добро е девојката што седеше позади мене ми ги кажа. Сега останува да ги чекаме резултатите следната недела и екстерните на 10 јули.
Е што убаво на тие што завршија. Јас денес го полагав едниот предмет и во понеделник ми останува историја. Лесен беше денес тестот, си очекувам едно петче
Географија полагав денеска, лесно беше.. имаше околу 47-8 прашања. Прашањата беа за земјина ротација, револуција, рамноденица, планетите во Сончевиот систем, сферите на Сонцето, вулкани, земјотреси, почва, шуми, бањи; реки; градови; села; клисури; термоцентрали; во РМ и сл.
Кај нас беше лесно. Ни се паднаа 60 прашања од 330 што претходно ни ги дадоа. Во тие 60 прашања скоро се имаше опфатено.
И јас полагам филозофија, и имаме 86 прашања и 6 лекции. Ама во принцип се е многу лесно. : ) Ако сака некоја можам да и ги пратам одговорите ( само нека пише ЛП ), да ви се најде. Бидејќи приметив дека овие мои прашања се слични ( скоро исти ) со прашањата од другите школи.
Не се учи на пеколов дечки, ви посакувам со лесно да учите, научите, напишете за 5 и да се отарасите конечно. Со среќа! :geek:
Не можам веќе вторник ми е последно полагање по фармацевтска технологија... не можам да се сконцентрирам, мозокот не знам каде ми лета... се надевам дека ќе препишам нешто и дека ќе може да си кажуваме меѓусебно
хехехе и јас неможам да учам ама ќе ги разгледам некколку пати прашањата ако препишувам барем да знам каде да ги најдам одговорите