Резултати од интерните предмети Стручен предмет: Одличен 5, поени 85/85 Општообразовен предмет: Одличен 5, поени 64/65 Презадоволна
Добро дечки знае ли некој кога точно ќе бидат готови резултатите по македонски и англиски? Сега едно девојче ми кажа на 13 јули, нели беше на 9 јули?
Прелиминарна ранг листа по студиски програми за прв уписен рок на ФИНКИ Еве за прв уписен рок, од тука јас гледав, и еве од втор Список на пријавени кандидати за запишување на ФИНКИ во втор уписен рок Трет не ни има Да се пофалам и двата предмети ми се 5ки , едниот без 5 бода, а другиот без 3
И филозофија помина конечно сега одмор се надевам на 5ка ќе се пофалам во четврток што е уште и екстерните да ме израдуваат
Срцка и јас така, стручниот ми е 4... жива се изедов. Сега чекам историја резултатите па барем тоа да се израдувам. Исто така сакав да ве прашам нешто. Барав сега на страната на пмф да видам со колку бода се запишале минатата година но не можев да најдам. Ако знаете вие оставете линк.
Ова случајно го видов на страната на Државен Испитен Центар. Еве да ви ги решам дилемите околу резултатите која среќа е што не ме фати матурата Почитувани матуранти, во тек е оценувањето на тестовите од предметите од државната матура. Прелиминарните резултати очекувајте ги околу 11 Јули
Добро а што е со овие прелиминарни резултати, ќе ни ги кажат тогаш оцените или? не разбирам со ова прелиминарни/конечни резултати
Околу 20 јули ќе бидат и конечните не, имаме трпение ние можат и во август да ги стават тестот и клучот а во септември резултати да не се брзат Прелиминарните се првите резултати па има можност некој да се жали т.е. да поднесе барање бидејќи мисли дека има повеќе напишано па да му го прегледаат тестот уште еднаш и си плаќа таму околу 1000 ден и потоа се даваат конечни резултати
Само олдовлекуваат не се трпи веќе ова.. нервоза ме фаќа , едвај чекам да дојди денот да ги видам резултатите и дај боже да си бидам рајат .. Го полагав денес и последниот интерен и задоволна сум
Стаса денеска и резултатот од 2от интерен и тој е 5ка Сега си седиме , си се ладиме и си ги чекаме резултатите од екстерните.
100. Еден професор ми рече дека резултати ќе има на 13 јули, секој различно кажува . Ама ич не се замарам дечки воопшто не ми беше потресувачка фамозната матура, исто како да немам полагано. А па и резултатите не мора ни да ми ги дават . Ајде таму рилекс, поздравче до сите.
Ако падниме на еден интерен предмет во агуст полагањето е пред уписите на факултет??? ве молам за одговор