Дали некој знае дали се пишуваат поените од интерните предмети во диплома или само оценката ?? Инаку и јас да се пофалам, 5-ки се
Не знам дали се пред или после уписите, но резултатите и дипломата не ги добиваш пред уписите. Како и да е првиот уписен рок го пропушташ.
Лани се полагаше на 13 август, тоа беше неколку дена пред уписи. Ама сепак, додека чекаш резултати, па потоа додека да земеш диплома поминува 16 август. Како и да е, ќе го фатиш вториот уписен рок, само зависи каде сакаш да се запишеш. Може и да нема место на вториот рок.
Може ли на 2 факултета во исто време да се аплицира на уписите ап ако не ме примат на едниот, а на другиот ме примат, да можам на тој после да одам? Сфаќате?
Супер И мене ми се петки, само бодовите не ги знам, ма да мислам дека не ги земаат предвид бодовите од интерно туку само оценката
И јас мислам дека не може , бидејќи треба при упис да ги доставиш твоите оригинални документи , не смее со копија .
Околу документите ако мислиш да аплицираш на два, фино лепо ќе си направиш копии заверени кај нотар и нема врска. Инаку не знам дали е можно на два, ама можеби е..пошо еве пример, еден куп деца аплицираат и надвор и овде,а документација скоро иста се бара.
За аплицирање надвор од МКД ти треба превод и заверка на нотар на свидетелствата. А, за аплицирање на два факултета мислам дека не може, освен ако не се работи за два подсмера. Пример,економски факултет и под А пишеш опција - електронско банкарство , а под Б сметководство. И сега ако на е-банкарство има многу студенти со повеќе бодови од твоите,автоматски те запишуваат на вториот смер.
Не интерните се полагат од 20 до 25 август баш прочитав на една интернет страна за оваа година а нема да можеш да се запишеш на прв уписен рок зошто тие се на 17 и 18
Тотално се разочарав од оценката по информатика. Да не бев вежбала дома да не ми е криво, ама јас секој ден по 5 саата вежбав и на крај 4. Веќе изгубив и надеж дека ќе ме примат на државна квота. Подобро и овде да се запишам на некој факултет шо не го сакам, не верувам дека ќе ме примат во Скопје. Тоа е тоа.
Стручниот ми е петка. Инаку по информатика теорија имам најмногу бодови 19/20, немаше никој ни приближно толку колку јас шо имав. Од 12 души само една 5ка има со 86,5 бодови, после неа има една со 4,а со 83 бодови. Јас имам вкупно 78,5, трета по ред сум. Не знам точно колку бодови е имало. Ако се биле 100 вкупно, ме чуди од каде 20 сум изгубила, кога имав мн.малку ненаправени вежби. А ако се биле вк.90 тогаш границата за 5 е ептен мала.
Starbucks и јас се разочарав многу од четворката што ја добив по стручниот предмет и затоа си побарав да го видам тестот. Ми го покажа професорката и видов дека сум направила неколку ситни грешки од збунка и ете 4. Ти треба да идеш и да ја прашаш професорката, да не те убива сомнежот. Немој да остане вака, ти кажувам за твое добро. Може и она згрешила нешто па затоа така испаднало. Додека не заминале на одмор трк до школо.
Јас само што дојдов проф. не беше таму, а имаме право на приговор 24 часа по соопштување на оцените. Не знам дали да одам утре.