За тие од школо мислам дека нема правило, додека не се пишат во диплома немаш гајле. Утре пак да одиш, немој така да оставиш.
Мораш да одиш, само не настапувај нападно. Кажи те интересира што си згрешила, фино, културно. Ја ги глеав границите и за тест каде 100 поени се можни, од 100-86 треба да е петка. Не се скирај толку, ако екстерните ти се добри, ќе се среди. И така не ги вреднуваат интерните толку Ќе изгубиш два бода само
Знаете ли шо ми е криво. Тоа шо некои си шо 4 год. си ја ладат, сега имаат 4 и 5, а полагале историја шо професоро сите прашања им ги даде. Епа ќе бидат сите 4ки и 5ки по историја кога професоро на тацна им ги даде тестовите. Нас професорката ништо не ни даде, ни тест ни вежби, ние не сме ни вежбале со проф. затоа ќе има само 1 петка.
Секаде е така верувај. Јас овој стручниов предмет цело време го учев и имав де 4 де 5. А едно девојче од мој клас едвај 2 вадеше и тоа професорката и попушташе за да не иде на полагање и сега на матурава вади 4 исто како мене. Друго девојче материјалот од 3 година го немаше чепнато а доби 5 благодарение на една бубалица што се паднаа во иста училница. А јас недела ипол сум учела за тој предмет сите години ги учев, но тоа е кој каква среќа ќе има. Јас ова и го кажав на професорката, но она ми кажа дека сами сме криви што помагаме на други и дека на факултет уште полошо ќе биде.
Не можете во ист уписен рок да аплицирате на два факултети, пошо мора да доставите оригинали при уписот.
Не, уписите се 16 и 17 август прв уписен рок, а за втор не знам. Така на едно девојче од мој клас англиски интерно и требаше бод за 5ка и дојде кога ги враќавме книгите се беше договорила со проф. што е малце терсене ама сепак отидоа да го разгледаат тестот и не знам што направија, сигурно и попуштила таа попушта на крај. Зависи од проф. твојата, можеш и да ја замолиш, не е срамота, не се разочарувај, оди и баш кажи што ќе направиш, а за уписот не се будали а дојде 16 август оставај ги документите овде и готово. --- Кај мене само 3 девојчиња имаат повеќе поени од мене социологија така нешто од 100 и нешто души, а уима доста и што имаат исто бодови... а филозофија очекувам денес резултати, јест да скоро цела генерација тоа полагаше, ама сепак срамота е веќе 5 дена чекаме, а рокот е 3.
Не знам Плавуша, што ако не ме примаат? Каде после? Не знам, утре ќе размислам поубаво, сега сум ептен под притисок.
Побарај на интернет листа од луѓето што конкурирале минатите години, да видиш отприлика со колку бодови се. Ќе знаеш ориентационо. Може да се пријават нешто помалку/повеќе,ама пак ќе знаеш отприлика.
^Втора опција имаш? Јас мислам ќе те примат, ама почекај ги резултатите да пресметаш за сигурно на калкулаторот.
Еве ви тука за сите факултети резултати од уписи 2011-2012, па видете за што сакате. http://www.fakulteti.mk/upisi/2011-2012/rezultati.aspx
Tea, не ја отвара листата. Ајде, нема врска. Резултатите од интерните - супер, дури и изненадена сум, со оглед на тоа што за првиот предмет кој ми беше далеку поважен имав многу малку време за учење. Помина барем, ми се тргна од грб и сега ќе си свиркам додека да ги објават резултатите од екстерниве кои мноооооогу ме секираат.
Биологија добив 5ка, а фармацевтска технологија 4ка. Утре планирам да поднесам приговор, па ако треба и ќе почнам да плачам... 4 години со мене учат тиквари скапани, за матура се испрепишаа и 5ки ќе имат, а јас 4ка??????? Е нема така смрдени едни. Ве знам вас. Пренизок ви е коефициентот на интелегенција, залудни ви се незаслужените 5ки. Во сведителствата сите 3ки хахах, тешко дека ќе завршите факултет. Барем знам дека во животот поуспешна ќе сум од вас. Скапете сите, глупаци ...
Не ги отвара листите пошо самите факултети ги повлекуваат после некое време, мислам поради тој законот за заштита на лични информации, така да распрашајте се ако имате некој постар што ги зачувал да ви ги прати. Јас имам другар на медицина кој ја зачува листата од лани, ако ви треба на некој пишете пп ќе ви ја пратам.
Plavusa.17 Да не знаеш дали има истакнато резултати филозофија? Ако дознаеш некоја информација околу тоа те молам извести ме да не одам залудно. Според тоа што во петокот го кажа мојата професорка по филозофија резултатите ќе бидат готови утре или евентуално задутре затоа што имало многу пријавени. Затоа не можеле да го запазат покот од 3 дена. Инаку социологија вчера кога ги враќав учебниците ја видов листата, втора сум на неа 76 од 78 бода. Професорката се збунила кога ми кажа дека сум имала 72 бода.
^Филозофија има резултати оди да си видиш Солидно интерните, социологија од 100 и нешто души имам 5ка со 72/78, само неколкумина имаа повеќе од мене 73,74 и 76, а филозофија ми се јави другарка ми и ми кажа сум имала 5ка со сите 98/98, а и проф. ми врати на пораката на фејсбук. Е сега одмарам до екстерните
Немам, т.е. не сум размислувала. Тато еднаш ми кажа ако не државна може и во приватна да одам, ама нејќам, сакам во државна. Останува ми само да се надевам дека ќе ме примат.
Starbucks јас би те советувала подобро да отидеш во приватна квота отколку да учиш нешто што не сакаш. Ако си имаш добар просек ќе може да си вадиш стипендија и така да си плаќаш дел од ратата.