А дечки, гледам во конкурсите за упис кај потребни докумети пишува вака: Какво е тоа Оригинално свидетелство за завршено средно образование? Знам дека даваат диплома за положена матура, вакво прв пат гледам??
^^^^ Јас мислам тоа ќе ни го даваат со диполомите, незнам на кој ден, во секое школо е различно, и даваат едно сведителство каде што ги пишува сите предмети што си ги учела во овие 4 години барем јас мислам дека е така.
Конечно резултатите од интерните. Две 5ки со сите бодови. Пресреќна сум. Со оглед на тоа што учев од учебници,без прашања, без материјали.
Еве и ја да се пофалам со резултатите од интерните. 5ки ми се, социологија и информатика... посебно се израдував за информатика зашо стварно тешко беше и мислев дека 4ка ќе имам Сеа раат сум до јули
Па јас од едно дете од мој клас слушнав на 13 јули дека ќе ги земаме и тоа е многу рано, јас тогаш на одмор ќе бидам.
Не знам колку е можно на 13 јули затоа што од 9 до 11 треба да излезат првичните резултати од матурата а дури на 24 се конечните во меѓувреме има време за приговор. А во дипломата ги пишува и оценките од матурата.
Што треба при упис за на факултет од документи освен оргинален извод и сведителствата? Лична карта треба или нема потреба заради изводот?
Дали при уписот, на било кој факултет бараат оригинални документи - мислам на изводот и државјанството? Ми се чини дека прочитав копија верна на оригиналот заверена кај нотар фактички. И сега во дилеми сум - мора оригинали или може и вакви?
пријава за запишување оригинални свидетелства од сите класови документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) извод од матичната книга на родените доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот