Дали при уписот, на било кој факултет бараат оригинални документи - мислам на изводот и државјанството? Ми се чини дека прочитав копија верна на оригиналот заверена кај нотар фактички. И сега во дилеми сум - мора оригинали или може и вакви? Мора да бидат оригинални документи а ти за тебе треба да си направиш копии ќе ти требаат за упис во дом копии
Јас аплицирав за владина стипендија, со сведителства од нотар заверени и оригинален извод од другото државјанство. Мене така ми рекоја дека може. Е сега што како незнаам, ама оригиналите вас ви требаат сигурно. Направејте си копии, што знам. Јас оригиналите ги оставив на училиште, а копиите од нотар ги испратив. Сега со господ на помош, може ќе ме примат. Стискајте палци
За идните студенти на УКИМ пријавувањето ќе оди по електронски пат. Еве упатство: http://www.eccf.ukim.edu.mk/files/IKNOW ... atstvo.pdf Само не сфаќам, кога да се најавиме?! На денот на уписите, или ден-два претходно?
Па некако не ми е сфатливо да пополнуваме вакво нешто на денот на уписите. Би требало ден-два порано.
Може да се пријавиме веднаш штом ќе ги добиеме резултатите од екстерните предмети. Јас направив акаунт уште пред 2 недели ама ми бараше оценки од матурата.
Значи штом ги добиеме сведителствата, тоа ќе биде ете на 13ти, зошто треба и оценките да се наредат по ред, не ми е тоа проблем, туку не знам колку точно предмети имавме секоја година, како и да е за сваки случај...
^Да, ама пак листот кога ќе го испечатиш мора со сведителствата да се однесе таму. Туку, ова листов е пријава што значи таму ние не купуваме пријава од факултетот, така?
^ Не ама кај и да е понеделник-вторник би требало да има. Јас уште за вториот интерен немам отидено до школо да проверам што имам.
Исто и јас не знам за вториот интерен. Ме мрзи да одам до школо, а кога и вртев на класната не ми креваше. Ај не се замарам толку многу за тој, македонски и англиски ме плашат.
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. Пријава за запишување 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование 4. Документ-диплома за положена државна матура или за положена училишна матура или за положен завршен испит 5. Извод од матичната книга на родените 6. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби. *Сите документи треба да бидат оригинални!
Луѓе на страната на државна матура е објавен тестот, ама не и клучот по македонски јазик. По другите предмети уште нема ништо објавено.
Дечки да прашам во врска со документите за пријавување , точно ли е дека државјанството не треба да биде постаро од 6 месеци ? И најважното, дали можи на денот на уписите , друг да ги однеси документите ,односно друг да ме запиши ?