Одамна е кажано дека ќе се преместат тестовите. И малку ми е глупаво тоа, единствено решение е да се одложи екстерниот тест ?! Како единствено... па нека се одложи уписот, нека се стави од 17ч... Малку ме нервираат вака кога од мравка прават слон, дај веќе да ја положиме и готово.
Во ред, се прашувам во што е проблемот. Еднаш ни кажуваат едно, следниот пат друго. Кога излезе известувањето дека се променети термините за полагање на екстерните предмети, тоа беше објавено и на официјалниот веб-сајт на МОН. Сега случајно повторно проверив, гледам тоа известување го нема, туку си ги пишува пак старите термини како што требаше да биде. Не верувам дека е без причина или?
И што бидна сега работава, јас сум дома изолирана а овие на школо паничеа до вчера околу сликањето. Ако полагаме на 4 јуни, па тоа е за две недели! ШТРАААААААААЈК ...
Јас ќе полагама само Хемија, леле ама е напорно посебно оние задачине кои треба да се решаваат Биологија им ги даде прашањата, и многу лесни се некако Математика треба да почнам со решавање а мрза ме фаќа
Јас полагам биологија и ни дадоа прашања (од неколку теми според испитната програма), но скоро се' е опфатено во нив и не е баш лесно. Доста работа и време треба за да се одговорат и совладат сите, макар што доколку ти е учен материјалот на време, доволно е само да ги одговориш и со самото тоа ти е повторено. Јас почнав да се спремам од поодамна, но не континуирано секој ден, туку по еднаш во неделата и постапно материјалот. Сепак сметам дека имам некои празнини кои треба да ги пополнам со уште многу учење. Со среќа нека ми (ни) е!
Јас хемија и биологија полагам. Ај биологија имаме прашање, многу се ама битно имаме. Ни кажаа да ги учиме сите прашања од тестовите во биологијата за 4та година. Ама хемија ништо не ни кажуваат поконкретно што ќе има, ма апсолутно ништо. Знам дека им испраќаат од Скопје тестови и на нив, а они после од тие ги составуваат тестовите. Така кажа таа по филозофија, дека за сите интерни испраќале. Е сега во некои школи даваат прашања, во некои не. Ако случајно имате дадено поконкретен материјал хемија кажувајте да знам на што да се посветам. Море ми иде да ги сменам интерните предмети, нервоза ме фаќа ептен.. Ако може ќе го прашам класниот во понеделник, иако не верувам дека може Ќе земам филозофија и социологија и мува да не ме лази
Кај нас биологија ни дадоа 350 прашања а сега разговарам со ученик што лани полагал, имало и други прашања што не се од дадените А хемија не ни даваат ништо. Разговарам со ученици од други гимназии, нив им дале прашања и тоа околу 100-150 и им кажале секако од тие ќе паднат. Со ова матурава само глупости направија, некој на 100 прашања ќе има 5ка, некој на 350 на пример 4ка и после нема да го примат, е нема Се изнервирав ептен, ни ветуваа ќе дадат прашања а ништо не даваат сега. Ќе одам утре ако можам да ги сменам интерните предмети, екстерните знам не може ама белким ќе може да направи нешто класниот да ги сменам биологија и хемија. Преку глава ми е од нашите исфрустрирани професори. Таа по филозофија можела само 100 прашања да им дава, овие ќе глумат строги тутори. Фала многу што ми го побркавте редот, и што заради вас си ги кинам нервите и појма немам што ќе се запишам
Нам па никакви прашања не ни даваат. Само оние кои полагаат информатика професорката нешто спомна, другиве ништо .. :/
Тоа си е лично до професорите кои ги подготвуваат тестовите. Доста неправедно, нели? Ама тоа е тоа. Сепак голем е бројот на професори кои не го заслужуваат работното место. Некогаш не е доволно да имаш само знаење од областа за која си студирал, туку да знаеш за морални и етички вредности и принципи - нешто што голем дел од нив не знаат. Но, од друга страна постојат и такви професори кои знаат- зависи на каков ќе налеташ.
Дечки а во врска со есејот, ќе сака некој да ме просветли Сериозно ама, ние македонски имаме благо ретардирана професорка ништо не се учи. Ја прашавме за есејот на матурата на што да обрнеме внимание, она вика абе супер сте вие како што сега пишувате така и таму. А за нејзини писмени доволно е само неколку убави реченици, не е битно дали се во однос на темата. Ама не оценуваат како неа на матура. Еве конкретно една другарка скроз одлична што е, напишала есеј за кој нашата професорка вели супер, го дала на друга професорка што била дел од комисијата што прегледува матура и оваа и кажала ова е за 2ка Затоа вие што работите македонски и имате асални професорки, да кажете нешто повеќе во однос на есеите. Знам дека треба да се има аргументи, тие аргументи да се бранат во содржината, заклучоци, мислења.. Од оваа професорка ако чекам како круши ќе испопаѓаме. Нека ми пише ЛП некој што полагал или полага оваа година, на што да обрнам внимание во однос на есејот. Сметам дека имам до толку речник и не ми е проблем да се изразам ама сепак треба да се почитуваат и одредени правила
Зошто бе не ви ги даваат прашањата, јас полагам географија и филозофија... Ни ги дадоа и прашањата, ем и работевме со двете професорки, ни ги одговорија. Ќе збудалев јас да требаше да ги одговарам. Да не спомнувам дека одговорите им се по клуч т.е. работава е не по врат по тил. Пазете многу на тоа, ти можеби го имаш напишано со едни зборови, а тие што го прегледуваат морало да одат по клучот. И да е точно напишаното, ќе биде неточно ако е не е така како што е во клучот. За Карина, многу е битно да ја запазиш поентата на темата, да не залуташ. Мораш да обрнеш внимание на тоа есејот да ти биде организиран, вовед, главен и завршен дел, во сите тие нормално параграфи. Потоа, правописот, сурови биле мнооооогу. Имено, некои професори толку се навредувале од една грешка, веднаш барале да се оцени тестот со оцена подоле. Дегени! Ќе си употребуваш малку повисок стил, ќе додадеш малку и твое мислење... Не знам што друго, јас лично немам проблеми за пишување, ама... секогаш има нешто што ќе може да те зафркне. И мислам дека на страната за матура има нешто дадено околу есејот, види го исто и клучот од минатата година пишува што и како се оценува.
Гледам нешто прашувате за есеи мак ... Јас лани имав 5 мак, така да, мислам дека во есејот воопшто немав грешки. Имавме да напишеме есеј, наше размислување, по прочитаната басна Штурецот и мравката . Покатастрофа басна не можеа да измислат да ни лупнат . Пишувајте секогаш во прво лице, започнете во воведот со нешто општо за темата, во главниот дел расплинете се, тоа е многу важно . Се што размислувате, пишувајте. Ако може и некоја мисла или цитат да ви текне во моментот, па посликовито да го направите, уште поарно. И во заклучокот, дали оправдувате, дали не оправдувате, што би смениле, вие како би постапиле да сте на тоа место ... итн . Ако сте имале добри есеи до 4та и ве бива за пишување, немате потреба од многу замарање
Сега ги разгледедувам тестовите по македонски, па забележав дека не се дадени и темите а есеите што се паднале. Само пишува напиши текст, а упатство ти е дадено во прилог за темата. Ако не ви е проблем вие што досега сте полагале да ни кажете какви се теми имаат паднато досега. Дали имавте избор од две теми, или само една беше Знам оваа година ќе има една слободна тема и една од реализмот нешто ќе биде.
јас полагав пред две години и немаше избор на теми една беше дадена, нас ни се падна за изборот на професијата моја иднина нешто така за образование (одлука сам или вблијание од родителите) тоа беше поконкретбо! иначе не се замракте со многу ситници македонски затоа што пак го даваат главното! јас братучед ми го спремам за матура сега и вака кога гледам што сум учела се и сешто глава ме боли!
Еве неколку наслови што се паднале претходните години: - Професијата го осмислува животот на човекот - Мојата иднина - мој живот - Толеранцијата и разбирањето - значајни фактори за современата цивилизација - Човекот повеќе сознава кога чита или кога патува - Кога простуваме сме помудри Мислам дека ова е прва година кога имаме свој личен избор при пишувањето на есеите. Она што мене ме интересира е, дали се мисли само на авторите - претставници на Реализмот од Светската литература или воопшто (вклучувајќи ја и македонската - каде што нема наведено правец Реализам, туку Современа македонска литература), дали воопшто ви имаат нешто посочено вашите професори во таа смисла?