Според клучот македонски имам изгубено сигурни 6 бода, без есејот. Од тие 6 бода 3 ми се за "Албатрос" и еден од грешка во заокружувањето кај "Пиреј" и 2 граматика. Значи може да добијам максимум 84 бода.
Нели тестот македонски има вкупно 90 бода, па од нив одземав 6 (колку што сигурно имам изгубено). Ако прашуваш за ова.
Па според тоа и јас ќе имам одприлика 85-86 бода без есејот, што викаш со 84 можно е да се има 5 ка? Дај боже од 82 нагоре да биде се петка
Јас мислам дека со 84 може да се има петка. Треба да остават барем ученикот да може да изгуби 10% од бодовите и да има 5, барем според нормалниот критериум за оценување. Меѓутоа се зависи од тоа коклу добро е решен тестот на глобално ниво.
И јас сум тука некаде, со 84 или 85 поени, бидејќи не се сеќавам како точно одговорив на едно од прашањата на заокружување. Без есејот. Се надевам дека ќе немам грешки таму, па да биде солидна оценката, т.е. посакуваната петка.
ziti se kaj najde deka testot mkd ima 90 boda bez esejot??? koga prasanjata imaat 77 boda bez esejot..gluposti
Англиски се вкупно 70 бода. Ја има 5 грешки англиски сега убаво видов. Значи 30 бода без есејот и писмото. Едното носи 15 бода, другото 20. Е сеа одприлика со по еден изгубен бод на секое би требало да има 63 бода од 70. Ах, пресметки, сакам да излезат РЕЗУЛТАТИТЕ со бодови веќе еднаш!
Кај Езеро, дискутиравме за тоа што претставува езерото за писателот. Многумина заокружиле дека е сеќавање на детството, јас ве убедував дека е извор на живот, и во право сум била. Точно ми е тоа. И за опис дека има во 1ва строфа ми е точно, а многу заокружиле 3та строфа. Кај Раскољников се’ ми е точно. Кај Велика формата на искажување е раскажување, не е опис и тоа ми е точно. Само грижлива не ми е точно, заокружив суеверна. Тука се двоумев меѓу овие што ги напишав и скоро сите ми биле точни.
Каде прочита дека тестот македонски има 90 бода без есејот? Убаво имам напишано дека има вкупно 90 бода. А јас имам изгубено 6 бода, не сметајќи ги изгубените бодови од есејот, секако доколку ги има.
E, мене тука ми се дилемите - не се сеќавам дали точно заокружив, ма за жива глава не ми текнува. По ваша претпоставка што мислите, како би се движеле границите? Двосмислени беа одговорите, мислам дека ќе ја спуштат малце границата,м ? Исто и англиски и математика се жалат на грешки и послаби резултати, не знам како ќе биде, ама ужасно сакам да бидат пониски границите - на сите би ни било од полза, зарем не?
Го отворив да го видам клучот ама што ако, кога веќе не ни памтам што сум заокружила . А јас сега нема да се замарам многу со клучот , ќе ги чекам конечните резултати зошто поените од прашањата важни се -да , ама поважен е есејот ,како и со колку поени ќе ти го оценат , зошто тој може да те извади и доколку имаш повеќе изгубено поени за прашањата.И самите оценувачи се свесни дека прашањата можиш на ваков или таков начин да ги препишиш а сепак есејот сам го составуваш. Така да , опуштете се , не паничете пред време , ќе почекаме еве уште некој ден па ќе видиме
Резултатите ќе ги има на страницата на матура, така? И кога (ќе) се најавувате, во полеето за име, презиме, татково име, податоците треба да ги внесеме со кирилични букви ор уат?
И јас заокружив извор на живот, ама ете кога го разгледував клучот не обрнав внимание на описот на езерото, и забележав дека ми е грешно. Значи -7 бода. Барем бурни реакции да се признаваше кај Албатрос, па да беа -6 Мислам дека треба со кирилица да се напишат податоците. Еве што пишува на сајтот на матура: При најавувањето Ве молиме точно да ги наведете бараните податоци, а посебно да внимавате при внесувањето на Име, Презиме и Татково име. Овие податоци треба да бидат внесени со соодветна подршка (македонска, албанска, турска) и да бидат напишани точно онака како што фигурираат во списоците за полагање на државната матура. Во спротивно нема да можете да се најавите и да ги видите своите резултати.
Па бурни реакции е исто така синоним на оние дадените во одговорите, зарем нема да ни го признаат !? Аман, не сакам уште едно неточно, жити бога.
И јас тоа викам, ама ќе видиме. Јас си го сметам за погрешно за да не се изненадам доколку не го прифатат тој одговор.
Не ми е јасно како Раскољников ја убил бабата, зашто била сведок на убиството на сестрата, кога баш обратно се десило, прво таа е убиена, па сестрата, ама ајде.