И јас едвај чекам, не можам веќе. А утре ли? Ја разбрав среда на сајтот, четврток во школите... веќе не знам?
ЗНАЧИ БАРА РЕЗУЛТАТИ ДА ВИДИ А НЕ ТЕСТОВИТЕ .. ИНАКУ УТРЕ ИЛИ ЗАДУТРЕ ЌЕ МОЖЕШ ДА СИ ГИ ПРОВЕРИШ ОВДЕ http://www.matura.gov.mk/results.aspx?language=MK
Значи секогаш за на матура на нив им е полесно им кажуваат професори и што уште не баш ми кажаа а ние се мачиме е да ти кажам и на мене ми е многу мило зошто не е фер .
На сител кажуваат дека оцените од матура биле речиси исти со оние кои учениците ги добиле на крајот на годината. Како бе тоа? Ако е така нема шанси да се 6% само 5ки, бидејќи во четврта година најмногу се попушташе и се ставија многу нереални оцени. Ама ајде ќе видиме во четврток.
Не мора да значи. Кај нас баш и не се попушташе македонски. Професорката остави 2 на полагање. Ќе видеме утре можеби како е.
Остајте ги вие што кажуваат Сител, ко божем они знаат какво оцени имале учениците на крајот на годината. Ако е така како што кажуваат просечната оценка ќе биде најмалку 4 а не 3. На пример кај мене во клас на крај на четврта слободно можам да кажам дека петки по македонски јазик имаа минимум 60% од класот.
Кај нас на крај на годината само 3% од класот имаа 5ки македонски. Минатите години беше уште помал процент.
Кај наа многу се попушташе, за жал. Иначе како што си направив јас математика дека 6% имаат петки тоа би значело дека има околу 1136 ученици со 5ки од пријавени 18930 ученика. Жално. И ова они да не ќе го сметаат за успешна матура? Колку од учениците ќе паднат на матура?
Не, грешка си 18930 ученика имаше пријавено за полагање државна матура, а од нив околу 12000 полагале македонски јазик а другите албански и турски јазик. Значи помалку од 1000 ученици добиле петки.
Јас изгубив секаква надеж за петка по двата екстерни. Со душа чекам да ги видам резултатите, а ме интересира, во четврток ќе излезат само по македонски или и по вториот предмет? Барем едниот да биде 5, мајкуму.
Мислам дека денеска ќе ги објават на страната на матура. Од преска милион пати го отворив, прво кај град немаше ништо, сега ги ставиле сите градови. Сигурно ги внесуваат сега податоците.