Што слушнав, се надевам се шпекулации дека ние догодина што ќе полагаме матура ќе нема 2 екстерни 2 интерни туку сите ќе биле екстерни од Владата. И дали ако оваа година спроведат пробни екстерни, следната ќе има важечки и за нас + или ќе бидеме ослободени заради матурата? Ја само си се надевам дека догодина ќе биде пробното, па уште 2 недели има до крај. Инаку со среќа вие што полагате оваа година, да си положите со убави оцени, да си се запишете кај сакате !
Немам ништо слично слушнато, но во секој случај ти благодарам за среќата (мене, лично, ќе ми треба ). Сега завршија преубаво поминатите матурски вечери, па да се фрлиме на турбо - учење. Сама на себе си ветувам од утре ќе учам! I can, I will! (Нешто мотивирачко за сите овогодишни матуранти). Поздрав.
и ја слушнав дека од догодина така ќе почнат да ви ги даваат по 4 екстерни..лошичко оваа година ќе те спасиме ние некако али за натаму.. :\
само се чудам зошто не сака да ги отвара тестовите од претходните години на http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= ниту сака да ги download-ира ниту ги отвара
^ Кај мене ги отвара, може Adobe Reader немаш инсталирано или ти е постара верзија. Мене ми е вака многу напорно да ги ре шавам тестовите, морам да ги испечатам :/
И јас лани кога полагав матура скоро по сите предмети ни ги дадоа прашањата и рекоа од нив ќе се паднат, па некои излажаа...
не ги учете само прашањата пошо ги менуваат. од министерство им забраниле да даваат прашања и затоа сега прават нешто блиску до нив ама не идентични. а за интерните не се секирајте барем тоа е полесно повеќе внимание обрнете на екстерните
Еее, децо мили, до кај стасавте со книгата по македонски. Еве само што ја доповторив до 55 страна, малку одмор па ќе решавам англиски тестови. А како ме фаќа една дремка... уф. Нас ни рекоа дека интерните ќе бидат од тие прашања, лани историја само им ги сменила другите биле тие. Мене ми фуфка за географија, имаме две професорки и двете ни кажаа различни одговори. Едната ми е повеќе за верба затоа што е многу постабилна и посолидна, ама па другата е онака, шефовски тип и не се замара многу многу... Најверојатно е дека вторава ни дала грешни одговори. Ако се зафркнам на интерните, ќе треба да одам таму да се расправам. Дајте нешто искуства во врска со интерните, воа ноа.
Јас книгата македонски ја завршив, чекам да ми ги донесат тестовите што се паѓале минатите години фотокопирани зашто стварно ми е напорно на компјутер да седам и да ги одговарам ... За есејот малку сум несигурна а и барам од стари тетратки состав од реализам (професорката ништо не ни кажа во врска со ова, само дека ако пишуваме за реализам не требало за некој автор/дела, туку влијанието на реализмот, јас колку што ја разбрав :? ) Од денес почнав да решавам математика, интерно полагам, и по моите проценки морам завршам оваа недела, другата недела имам филозофија читање и она што ќе остане англиски. Освен решавање на старите тестови друго стварно не знам што да учам англиски! Уф!
Нема што да се учи англиски, јас бев во петокот на школо, како демек на спремање. Прилично касно им текнало, јас, одличен познавач на англискиот, кога трубев да се спремаме од почеток... сите рано е рано е... Епа за две недели ќе се преучиш! Јазик не се учи така. На тоа спремањето, тутурутки одат, јас за 10 мин го пререшив тестот, го проверив, имав една грешка и веќе не планирам да се појавам. Немам живци да ги слушам, не знаат прашањето да го прочитаат, камоли да го разберат, а чувај боже да го одговорат. Да не напоменувам за делот околу писмата, јас цела година пишувам одново и одново и одново, јас ги добивам највисоките оцени а другите, капата настрана и баш им е гајле. Не можам да ги разберам, стварно не можам. Инаку Спринги, за есеите, затоа што сите досега што се паѓале на матура ми се напишани, јас планирав да си барам топикс на гугл, и ќе си се вежбам. Не може да наштети, во секој случај.
Јас како искусен лански полагач на матура еве што имам да споделам: -македонски матурата беше жива глупост. Мој совет, почнете од позади. Прашањата се за текст и се многу лесни, ама ако ги оставите за на крај нема да имате концентрација. Јас граматика не знам да учам и не учев многу. Имаше и лесни прашање во стилот кое време е ова а многу се познаваше, а имаше и од оние со звучни и безвучни согласки (тука удрив една тепка) Тие од литература исто беа лесни, кој период е делото, имаше мислам тема нешто така. -јас полагав екстерно математика и многу се спремавме, професорката ни даваше ненормално тешки задачи, а кога седнавме да полагаме не можевме да се начудиме колку се прости задачите -англиски екстерно излезе потешко. Според тоа што ми кажуваа имало многу граматички грешки во самиот тест, така да биде те многу внимателни. За писмата и текстовите, запазете најмногу на формата -е сега интерните зависат од секое школо. Кај мене некои професори ги даваа прашањата некои не. Во секој случај, ако сте иделе на консултации валда ви кажувале што отприлика има, сепак вие најдобро ги знаете тие што прават тестови. Ако има некој од Ѓорѓи, нека прашува, јас таму завршив па знам отприлика какви прашања даваа повеќе Во глобала, немојте да паничите. Не е ништо страшно и убедена сум дека ќе се снајдете. А да и уште една работа, за резултати не гледајте на интернет, нема шанси да ви ја отвори страната, лани се швркнавме ние така. Идете пред школо мора да залепат резултати.
Излезе конкурсот за упис на Медицински факултет - Скопје, еве линк, па кој е заинтересиран може да си провери http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_content_ ... hp?cid=169
Што се однесува до интерните предмети, кај нас, едниот предмет немаме дадено прашања, ама горе-долу знаеме какви може да има (цел материјал од трите години што сме училе ), а другиот имаме дадено прашања во кој е опфатен скоро целиот материјал од 4-те години :претпостависи: Значи покрај екстерните предмети (од кои веќе не знам на каде глава да фатам), едни добри 10-на дена треба да одвојам и за интерните (моето прашање е кога?). Шта је, ту је. Македонски и англиски тргнавме на дополнителна во школо - одам и добро е. Си читам од прирачникот, па што биде, биде. Скоро целиот го имам прочитано (барем еднаш), само уште добри 20-30 страници немам ниеднаш прочитано, ама нели ќе биде. Англиски? Малку знаење, малку среќа, па да се надеваме на солидно.
Не се преоптоварувај македонски, верувај ми не е тешко. Само биди сконцентрирана и супер ќе поминеш. Англиски ако имаш учено на курс (сите знаеме во школо која глупост е) ќе ти биде лесно, ама пази на форми
Само што ги дорешив тестовите од 2009 и слободно можам да кажам дека таа генерација ја измачиле. Колку дела имаше, решавам решавам решавам... ехе, се заборавив. Па и прашања си поставувале надвор од контекст на тоа текстот, дело на Молиер бараат, Човечка Комедија. Аша што ќе ми текнеше ако не го видев од книгата.
2009 полагаше братучед ми и тогаш ми рече не му беше тешко македонски може дека многу знае само по натпревари одеше и сите книги ги имаше прочитано полесно му беше не се ни спремаше многу а и тогаш му се падна Тартиф и не знам уште што (додека оваа година реализам мислам на Достоевски, Балзак пр. колку што му беше тешко математика (а знае ептен). Гз преку глава секакви задачи и стварно која од која потешка ем логички за размислување што како ем многу формули, многу цаки и финти во задачите имало ем долги постапки. Таа година стварно тешко било математика, додека англиски ми рече многу лесно поминале, ептен лесно. Лани македонски се паднало за Штурецот и мравката мислам немам коментар, додека оваа година реализам. Па какви се тие драстични разлики, ало. Се чудам догодина за нас што ќе има, тоа што ќе остане веројатно, романтизам, класицизам се прашувам.
Луѓе денеска ми кажаа нешто и ме извадија од такт. На медицина општа приемен?!!! знае ли некој нешто?
Мислам дека нема приемни. Само матурата ти е битна убаво да ја положиш за да влезеш. Инаку јас нема да учам многу, со оглед на тоа што доста се спремав за стипендијата сега ќе си уживам. Нема потреба да учам, не ми зависи кога веќе имам земено целосна стипендија за на Фон, изгледа таму ќе одам. Нема да останам без ништо, пак ќе читам ама не како што планирав. Јас имав во план на фармација да идам и ќе ми беше битна матурава, ама кога успеав со ова фармација ја ставив во втор план.