Kолку што знам јас , има Другарка ми поточно отиде за лаборант - тоа спаѓа во фармација и биотехнологија колку што ја разбрав јас кога правевме муабет.
Лани последниот (45ти) во државна квота имаше 93,182 бода, а последниот (55ти) во приватна 79,413... Плус националностите (они беа посебно рангирани). Ама мислам дека оваа година се проширени квотите
Кракпот Старбак за фармација Скопје прашува. Кажи и барем во лична порака како одат поените и дали другарка и има шанси во државна квота. Еве го мислњето нејзино .
дај линк ако сакаш, од тоа каде се пријавува за на фак. а неразбирам, ако се пријавиме преку нет ќе ни кажат дали сме примени и после само да им однеси ме документи или како....?
http://www.upisi.ukim.edu.mk мислам ова е само пријавата, па се носат документи па само така можат да те примат инаку јас онде можам да си напишам што сакам дури не видат црно на бело нема примање... од една страна ми е мене да не избрзам ко прле пред магаре а пак од друга страна ако чекам ми е страв да не се блокира глупиов систем кога сите ќе навалат тогаш.... Што да правиме?
Е не е можно значи. Една сокласничка шо книга не е фанала овие години по англиски извадила 3 со 35. АЈде бе.
Девојки, како може некој со 62 поени, и некој со 91,82 да има 4ка македонски ?? нели малце е нелогичнооо
Јас само едно нешто имам да кажам да се плукнам во државната матура а и во сите полагања, аир да не види тој шо ги измисли. Положив ама многи сум изреволтирана
истотооо јас 91,82 а една соученичка 77 и иста оценка и како е ова на еден куп деца 91,82 како е можно до децимали исти поени јас се си мислам како што му се трефнало пишувале и англиски јас со 85 а друг со 60 и нешто и пак четворки до толку малер сум од 86 англиски 5ка а јас 85 поени од 92 мак петка а јас 91.... и за англиски не ми се верува ама ај не му ги давам илјада денари па што сака нека биде секако во државна квота ќе бидам боже здравје...
Којзнае како ги пресметувале перцентиливе. Јас имам според клучот имам изгубено сигурни 5 бода,а 98,05 перцентили. Ама како и да е , презадоволна сум. А за англиски не се надевав на 5, ама се надевам дека професорката што ми предаваше ќе ги види резултатите и ќе сфати дека мојата 5 си е заслужена а не сакаше да ми ја пише, со изговор дека сме полагале матура. Па полагавме де, и положив со 5. Не е матурата како нејзините тестови. Калкулаторот за бодови на факс не може да ми ги пресмета бодовите. Покрај перцентилите ми се појавува 1-100%
Која сака може да ми прати податоци во лп за да му проверам кај мене се отвара. Јас проверував за братучет ми.
Што е бе ова со 68,12 поени мак 4ка!!! Која граница енормна е ова нема никаква логика тогаш петката требало да биде од 85...
Извинете тогаш за грешните информации . Изгледа лаборант не спаѓа под фармација. Моја другарка лани како што кажав во претходните постови се запиша за лаборант и како што ја сфатив тоа било под фармација. Се извинувам уште еднаш