Значи не за сите задачи ама претежно ми се точни. И цело време со пенкало решавав.. Едино за неуредност ако ставиле 1
Тогаш обавезно оди утре за приговор. И уште нешто ,дали убаво провери кога го лепеше бар кодот? Да не ти дале бар код од друг ученик ,па да му имаш ти него , тој тебе решавано по грешка. Кај нас за малку оваа глупост ќе се случеше,среќа на време увидоа.
Тестот по македонски најточен решен ти носи 10 бодови. Ако имаш 5ка , не значи дека ги имаш 10 те бода. За тоа тука се перцентилите. Границата за 5ка е од 8 до 10 бода. Ако имаш 2% имаш пример 8,3 бода а ако имаш 99% имаш 9,9 бода. Исто како на тест. пример 5ка е од 85 - 100 бода. Таа 5ка ти е послаба или појака.
Па не знам баш дали е вака. Јас сфатив дека тој/тие што имаат најмногу бодови на тестот (не мора да значи дека ги имаат сите бодови) имаат 100 перцентили. Самото тоа што имаш 100 пецентили покажува дека си најдобар од сите што го полагале предметот. И според нив понатаму се рангираат другите кои имааат освоено помалку бодови. А оваа година не знам дали има некој со сите освоени бодови, а ако ги има се многу малку, затоа што јас имам изгубено минумум 5-6 бода според клучот (а да сметаме дека есејот ми е оценет со сите бодови), а 98,05 перцентили. Според некоја логика штом од 92 перцентили па нагоре има петки значи од вкупниот број на матуранти што полагале 8% од учениците добиле петки. Четворки добиле околу 35-40% со оглед на тоа дека четворки има и со 56 перцентили, но и со 91 перцентил, и така натаму. Ама ова е само моја претпоставка.
Да да. Не значи дека мора да е скроз точен тестот за да имаш 100% 5ка. Најдобриот тест е всушност најгорната граница. Тој што имал најдобар тест може имал 5 грешни одговори a со тоа 100% , така што ти ако си имала 6-7 изгубени бодови имаш 98%
Не може само заради неуредност да ти стават 1, може само да ти одземат некој бод, евентуално. Најдобро е да чекаш во твоето училиште да излезат резултатите па да поднесеш приговор доколку си сигурна дека според напишаното не заслужуваш 1. Но, како сакаш. Ако планираш па преполагаш ќе го испуштиш првиот уписен рок на факултет. Се прават и грешки во прегледувањето, што случајно, што намерно, како инаку ќе соберат пари од приговори?
Ме инересира дали македонски од 92 % започнува 5ка и дали е тоа некоја официјала информација ,мислам дали е некаде официјално објавена , многу би сакала некој да ми потврди и ви благодарам на сите однапред
Еве вие велите дека перцентилите се само показател на тоа колку нашиот тест е појак од другите, не се тоа поените бла бла бла ако не разбрав грешно...Еве пеки и така нека е. Значи според вас оној со 90 , 91 92 перцентили треба да биди на исто НИВО со оној од 56 перцентили?
Двојката почнува од 1 перцентил а за поени појма немам. Ако е 70 поени ваљда на пола. Лани тие што беа падната во школо им пишуваше и колку поени имале и годинава би требало да е исто. Затоа има јака 4 и слаба 4 . Ако правиш пресметка за вкупно бодови за на факултет ти ќе имаш каде, каде подобар просек од тој со 56.
Јас искрено очекував 4ка или јака 3ка. И македонски ми е тројка а очекував повеќе. Се мислам дека ги имаат моите податоци со некој друг помешано.Но незнам дали е можно, сте чуле такво искуство? Бидејќи исто така едно девојче од кај мене што поминува 5,00 тука ги имаше двете 2ки А иначе за бројчето, ни го даваа како седиме на клупа. Јас знам последна бев по ред. Сигурно не е до тоа.
екстерните испити и покрај тоа што очекував повеќе, ги положив со 4. двата. е сега ме интересира дали има шанси да се запишам на медицина? и колку поени се бараат за таму? пошо тоа ми е желба и стварно мислев дека ќе положам со 5 али ете :/ ве молам ако знае некоја нека ми каже. позз
Па зависи колку вкупно поени имаш пресметан со се сите оценки. Потоа зависи од тоа колку луѓе ќе се пријават на медицина и од нивните поени т.е од конкуренцијата. Колку помала конкуренција, толку подобро за тебе. Зависи и од колку до колку се движи границата за примање според поените. Ако си била сите години одлична, ако интерните ти се 5 ки и проектната ти е 5 ка, би требало да имаш некоја шанса за да се запишеш, ама ти реков, зависи и од другите што ќе се запишат и од нивните поени.
Од сите од клас што ми кажаа што оценки имаат македонски само јас имам петка. И тоа голем дел од нив цело време имаа 5 македонски од прва до четврта ама на матурава кикснале. Добија 4 и 3.
Да не те разочарам Кити, ама обично на медицина има најголема конкуренција. Се сеќавам лани на ланскиот список на медицина, баш го гледав бидејќи моја другарка влезе таму, беше седма или осма на список, а вкупниот број на поени и' изнесуваше 99 запирка нешто. Ќе зависи само од пријавените кандидати, а годинава моиве блиски пријатели кои ќе се запишат таму исто имаат високи поени, баш синоќа сметавме. Сепак не се разочарувај, пресметај си го убаво вкупниот број на поени и ако имаш желба за таму - гоу ахед. Не мора да значи дека ако немаш 99 нема да влезеш.
нешто повеќе ќе можи за приговор да ми пишите... дали треба до Скопје да се оди ?! или можи да се прати по пошта ?!
http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= еве овде прочитај си имаш упатство за поднесување приговор .