ЕЕЕ дојде ред и ние матуранти да бидеме!! јас сум нова овде и се обидувам да најдам некоја поРАДОСНА информација ама тешко .. Ја пролистав книгата за матура македонски и почнав англиски да се спремам пошо професорот ни ги менуваше книгите секоја година Opportunities, Matrix и Headway.... кога на крајот излезе дека матурата англиски се спрема од Opportunities и сега ние..... Back to work!! Со среќа на ситеееееее
Искрено, јас ова го слушам првпат - дека тестовите по англиски се спремаат од некој си учебник Opportunities (од кој ние никогаш немаме учено, туку секогаш сме училе од Headway). Како и да е, кој колку знае, толку. Јазик за 5 дена не се учи.
Вака, јас завршувам 3та и учиме од Опортунитис дури и работна си купуваме и вежбаме во неа, Хедвеј се сметаат за стари и откако е матурата колку што памтам тогаш почнаа Опортунитис да ги форсираат. Има логика, зошто има работи баш како за матура, од вокабулар до формални, полуформални писма, репортажи, презентации итн. се што ќе има на матура и имало. И во Опортунитис колку што приметувам вниманието е повеќе наклонето кон вокабуларот, а граматика има кратко и јасно само тоа што е ново и не се посветуваат многу вежби на тоа зошто и на матура многу мал процент е граматиката, скоро ич Има логика, сакам да кажам учебникот доаѓа како спремање за матура малку по малку, а не све наеднаш. Еве матурантка другарка и го дадов зошто вежбите се истите и слични како во Опортунитис, и работна и дадов и тетратка. Мене погодена ми е професорката, не учи и не спрема баш како за матура.
Абе, едно прашање. Има ли некој кој полага филозофија или знае да ми го одговори прашањево ?? Имено, двапати го имам во прашањата и двапати ми е различно одговорено. Дали душата е бесмртна за Епикуреј ?? Еднаш сум пишала да, е бесмртна. После, не, не е бесмртна. Книгата ја вратив и не знам од кај да видам. Да ме отепаш не се сеќавам, ова во декември го учевме, може и порано.
Ќе ти цитарам точно како во книгата: Исто така човекот не треба да се плаши ни од смртта. Се` во светот е од материјална природа, па така и телото и душата. Значи, се` е смртно. ( се` е смртно е со темни букви) Тоа би требало да значи дека не е бесмртна.
мене ме интересира поконкретно англиски од што учите? и мн ми е страв со ке напрам англиски па зато ве молам кажетеми од штто се спремате
Јас само ги решив тестовите и ги имам напишано есеите од претходните матури. Ама тоа го направив во текот на учебната година, горе убаво кажа ракчето, јазик за 10 дена не се учи. Плус, мене англискиот ми оди и немав потреба од некое посебно спремање. Земав сега барам есеи од интернет, да пишувам теми и на нив, како пракса.
Англиски не може само седнеш и да научиш од никаде, треба да имаш вокабулар, да знаеш граматика, затоа што концептот на матурата не е учење на памет. Пробајте со решавање вежби слични на оние што ќе ги има, колку да знаете што треба да се прави да не ве фати паника. На интернет има милион вежби од типот Open close, Multiple choice....
Нас професорката ни кажа дека за есеите треба да се пише вовед за реализам и главен дел за Достоевски, Балзак и Чехов(и да ги спомнеме делата Злосторство и казна и Чичко Горио)
Јас се' уште го немам пишувано овој есеј, ама овие денови би требало да направам нешто околу тоа, па еве ќе биде нешто во стилот што ви го кажала вашата професорка. Нашата напомена дека веројатно би требало да биде нешто како споредба меѓу францускиот и рускиот реализам, преку примери и надополнувања од трите автори со нивните дела. Како и да е, доколку се подготви пред тестот, ќе биде од помош без разлика од насловот на писмениот состав (или есеј, не знам што ќе биде конкретно оваа година... претходните се сметаше за писмен состав).
А зошто се малтретирате со темите за реализам, ваков таков ?? Пишувајте ја слободната тема, полесно од тоа нема.
И јас сум матурантка оваа година.... ја минав македонски книгата за матура, но пред 14 ти ке ја поминам уште еднаш.... за есејот се мислам дали да одберам слободна тема или тема од реализам....воопшто не ме бидува за есеи од тоа најмногу се плашам....
Доколку имам поголема идеја, инспирација и сметам дека е полесна слободната тема ќе ја пишам таа. Ама доколку воопшто не се снајдам, барем да си имам резерва (можеби не за сите 20 поени, како што мислам дека е, туку барем да не сум без ич и од трема се' да уништам. ). @lovelost Според мене не се до толку строги и околу есејот, доволно е да бидат запазени основните работи (параграфирање, правопис, краснопис и да имаш содржински опфатено се' она што се бара). Не верувам и они да бараат професионализам кога секој не може да биде талентиран за пишување и да има богат речник на изразување и висок стил на пишување. Е сега, пак сигурно зависи и од принципот на оценување на двајцата оценувачи. Се надевам ќе се погодат некои со свест, совест, разбирање и мека душичка (барем англиски ).
Девојки што веќе сте полагале македониски дајте кажете совети на што повеќе да се концентрираме и некои др совети што би ни помогнале! фала п.с. граматикава 3 пат ја листам сега ќе почнам литература
Девојки дали некоја од вас знае што конкретно би имало на матурата (конкретно за граматика и за делата)..? И дали некоја знае од каде да најдам повеќе информации за реализам ?! ...
Погледни ги тестовите од претходните години на следниов сајт, веројатно нешто во тој стил ќе бидат со оглед на тоа што се стандардизирани. www.matura.gov.mk -> Државна матура и ќе си видиш таму што како.
девојки немојте да се секирате за македонски..едноставно е прелесно. од граматика прашањата се многу општи, ќе ви дадат заменка па да погдите дали е релативна,односна ваква таква,потоа да го погодите времето во некоја реченица,пота некој збор како маченце па да заокружите дали е деминутив или нешо друго и така.. а во однос на прашањата треба да сте кратки прецизни и најважно е да го запазите и правописот и делењето на слогови кое не смеете да го згрешите. на пример на прашањето каде се случува дејството во хамлет вие треба да одговорите дејството во хамлет се случува во замок во данска а притоа хамлет да го ставите во наводници( како што налага правописот) бидејќи во прашањето со цел да ве збунат нема да е во наводници. за есејот е најбитно да не чкртате. ако згрешите грешката ставете ја во заграда или само така оставете ја и продолжете. заклучокот да не ви е подолг од воведот,текстот да ви биде правописно точен,да имате поделено на 7 параграфи и корисно е да вметнете мудра мисла,некоја таква народна изрека или цитат..со срекааааа
Од каде 7 параграфи ? 3 параграфи се вовед, главен дел и заклучок. Исто како за писмена, јас добро знам сега пишував за ``Злосторство и казна`` 400 збора јас имав 450 и нешто, тие 3 параграфи, цитати и така секогаш така сме пишувале ние и цел живот 5 вадам.