Па не паметам колку предмети имавме сите години, а тоа дека поминував со сите 5 ки од прва до четврта треба да си наредам по 10 петки во секоја колона? Една година имавме и 11 предмети. сеа се збунив
Јас ја зезнав многу матурата, македонски (ја стварно незнам како ) сум извадила 3, а англиски шо мислев дека ќе паднам сум извадила 4, а другите интерните предмети ми се 5ки и двата. Од прв, трета и четврта година сум скороз одлична а во втора имав само 2 четворки, другите ми беа сите петки. Е сега многу се секирам за матурата незнам дали да внесам приговор по македонски да преполагам. ;/ Сакам да се запишам на градежен факултет-геодезија и сега дали со вакви оценки ке ме примаат у државна квота? Дали некој знае како да си го пресметам просекот?

Толку имам Плавуша, и некои со 2 перцентили имаат 2. Македонски исто ми е криво шо имам иста оценка како некој со 56 перцентили. Значи, не се преполага. Од каде ви е тоа дека се преполага. Може само пак да ти го прегледат тестот, ако сметаш дека претходниот тестатор имал пропусти при прегледување на истиот. Инаку мислам дека ќе те примат. Со среќа
Не можеш да преполагаш. Право да преполагаат имаат само тие што ја паднале матурата. Можеш да поднесеш приговор и да ти го прегледаат пак тестот, во случај да испуштиле нешто и сл.
Девојки, можеби ќе сум досадна со прашањево, но ме интересира колкави се шансите да ти се зголеми оценка ако поднесиш приговор? Благодарам.
Девојки, ај ве молам ако знаете напишете колку предмети имавме од прва до четврта година? Сакам да си го пресметам вкупниот број на поени, а свидетелствата ми се во училиште и не ми текнува точно бројот на предметите. Знам дека во 4 год. имавме 11 предмети, ама за другите не ми текнува точно. Ги запишав на лист, ама може сум пропоштила некој. Ако знаете, кажете ми ве молам. Поздрав
Знаете како може да се пресметат. Ги собирате просеците од 1ва-4та година, збирот го делете со 4, а добиениот број го множете со 12. Јас вака сметав. И на оваа бројка ги додадов поените од матура. Мислам дека ќе те примат со 90 бодови.
А да, може и така. Пресметав и имам 90 поени Мислите ли дека ќе ме примат на филилошки (англиски превод и толкување?) :/
^ Кога сметам на тој начин (без перцентилите) ми испаѓа 97, а со калкулаторот ми испага 93. Сега кое е точно?
Ама ова јас што ви го кажав е само за оценките од 1-4 год. А од матура вака пресметав (добиената оценка*2) * (добиените перцентили/100), ова за екстерните, за интерните добиената оценка ја множев со 1,6, а од проектот оценката ја множев со 0,8 (ако имаш петка тоа е 4 поени). Овие бројки ги соберам и ги додадам на оние од оценките од свидетелствата.
Девојки дали мислите дека ќе ми го прифатат приговорот доколку ми фали 1 бод за граница со 2? Инаку сите со 90тина бода дали ќе ве примеле, не се секирајте,сите сте примени, и тоа во државна квота
За македонски збореев, а за математика не знам баш како идат другарка ми имаше 48.нешто и има 3, и некој со 20 и нешто има исто 3... значи сегде е така - НЕФЕР. Лукс колку 5ки и да наредиш исто ќе ти испаднат 60 поени и по 7 5ки и по 10 сеедно