Имам голема желба да се запишам на општа медицина во Скопје, но имам само 89,9 поени. Што мислите имам ли шанси да ме примаат? Дали некој знае лани со колку поени били последните примени во државна но и во приватна квота? Ве молам ако знаете да ми одговорите...
Ако сакаш на општа медицина, не сакам да те разочарувам, ама тешко дека ќе те примат. Другарка ми лани не ја примија со 91 поен. А тие во државна квота сите беа со над 99 поени, имаше некои дури со кофинансирање со по 99.
Имам само три четворки од 1 до 4 година. Но англиски ја зезнав работата положив со 3 со 49 перцентили, додека билогија со 4 , македонски положив со 5 со 97 перцентили, и останатите предмети што ги полагав ми се со 5... Јас мислев дека ке имам околу 92 - 93 поени но кога израчунав на калкулаторот на финку ми испадна 89. и баш ми е чудно некако многу малку поени :/
Знае ли некој дали доколку имаш освоено некое место на натпревар, еве на пример на кенгур, кје ти се зголемат бодовите за упис? Некаде го имав слушнато ова..
па не јас само ги напишав оценките онака како што мени ме текнуваа предметите а не по ред како што се во свидетелството.
Мислам дека се добиваат поени од освоено прво, второ или трето место на државен натпревар или уште подобро од интернационален.
И да не се по ред оценките во калкулаторот, пак испаѓа истата бројка и да ги напишеш по ред, знам им пресметував на други и точна бројка за упис им испадна.
Почнавте да ги праќате овие електронскиве пријави? Јас ја пополнив, па сеа се мислам дали да ја праќам, да не е рано
Не знам да ти кажам право. Во бодовите не влегуваат дипломите од освоени награди, како што е случај за упис во средно. А за дополнително зголемување на бодови прв пат слушам. Сепак, најдобро прашај некој што е подобро упатен во тие работи.
Да,ама ако на 100 души им признаат приговор, минимално ама и на другите ќе им се сменат перцентилите. Затоа што перцентилите го покажуваат твојот резултат во однос на другите луѓе.
А каде се регистрирате за да го пополните тоа? Едит: Го најдов го пополнив и кога кликнав продолжи ова ми излезе Следните чекори од пријавата ќе бидат овозможени после завршувањето на матурите. Значи ќе може да се пријави откако ќе има конечни резултати од матурата.