Значи можно е да ми се намалат перцентилите по англиски. Браво. Супер, старбакс, сигурно одеш државна квота, да.
^ И мене ме загрижуваат перцентилите по математика, зашто за 1,7 перцентили „бегам“ накај четворките - имам слаба четворка and not proud of that. Се надевам дека ќе ми останат исти перцентилите, има шанси да не се смени нешто? Отеков, аман, сама на себе сум си досадна, ама гледам не сум само јас ваква паничарка, многу сме. Mоже некому ќе му биде корисно ова. http://www.fakulteti.mk/news/12-07-...kedonija_za_akademskata_2012_2013_godina.aspx
Абе ако фанам да ве затепам. Ќе им се намалеле перцентилите. Пфф. Они одвај еднаш ги прегледаа тестовите, сега озбилно мислите дека сите 20 илјади теста одново ќе ги прегледуваат, ќе ги споредуваат со приговори и слично? Тие таму ги мрзи да дишат бре. Сите ќе се запишете на крај, кој државна, кој приватна, вие битно гледајте да се фанете на орото и да навлезете во шемата. Поарно отидете на некој друг смер на истиот факултет, па подоцна префрлете се или нешто слично, мислам дека може ова да се направи. Ако не во прва, во втора сигурно. Никакво откажување и демотивирање да не прочитам, збирајте сили за на факултет.
Ех, Дузицее, лесно ти е тебе, се сеќавам лани имаше екстра резултати на матура - иако знам дека не е таа проклета матура пресуден фактор, ама многу влече пустата. Мислам, нам доволно е тоа што уште ни зујат главите од све и свачега. Туку ај, да не звучам како да ми потонале сите бродови - се надевам дека ќе остане се' како што беше некни на прелиминарните, мајке ми. И не пишувам повеќе, заш` веќе се осеќам досадна и почнав да ја тупам ептен јако - се надевам дека ќе одолеам да не се пожалам уште малце на темава од оваа смотана, смрдлива матура.
И за баба ми и дедо ми извештај треба да носам? Бог да чува Значи електронски се пријавуваме од 21 до 27 август, на 29 првите резултати па од 30 до 3 септември се носат потребните документи, па на 8 септември конечната листа и на 10 вселување И сега електронсково пријавување на факултет може да се направи по излегувањето на конечните резултати од матурава? ајде после одмор онаму 4,5 август А документите на факс ги носиме на 16 и 17 или 15 и 16 беше? уфф процедури процедури, дај ми Боже трпение (ама кога истрпив цел месец да ги чекам резултатите ќе го издржам и ова )
драво драги феминки. Во Август планирам да се запишувам на Филолошкиот факултет во Скопје смер превод и толкување. Е сега би сакала да ми помогнете околу изборните предмети. Јас би сакала да бирам Дипломатска комуникација, Шпански јазик и уште еден ама не сум одлучила кој. Имам една другарка што многу добро поминувала и супер и било. Е сега ме интересира дали ако изберам шпански јазик на ПИТ ќе почнам од нула да го учам? Ккави се професорите? Генерално кои предмети се така полесни и кои се најбирани како изборни? Вашата помош ќе ми биде од корист, посебно ако знаете нешто повеќе за шпански јазик како изборен на ПИТ. Однапред благодарна
Јас да прашам тука некој ако може да ми помогне со прашањето, бидејќи гледам сеуште никој не се сетил да праша а важно е. За упис на факултет потребни се извод од матична книга на родените и уверение за државјанство. Е сега дали овдека некој знае да ми објасни процедура за вадење и на двете, некој што сега скоро ги извадил? Однапред фала
Oдиш во МВР, пополнуваш барање за извод, осносно државјанство, и две уплатници, една 50 денари а друга 100 денари. И задолжително треба да носиш лична карта или пасош за идентификација. Е сега не знам дали веднаш ги даваат (што не ми е баш веројатно) или треба да почекаш неколку дена. Јас утре ќе одам да поднесам барања па ќе видам што ќе направам. Еве ти за подетални информации : http://www.uvmk.gov.mk/?q=node/43 http://mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?t ... parent=100
Јас видов дека треба да се чека за државјанство до 15 дена. А уплатници таму има или треба претходно да уплатам во банка?
Јас сум од Крива Паланка и откако ги пополнив пријавите и уплатниците и платив отидов во МВР им дадов тоа и ми рекоа почекај 10 минути само да внесам податоците и да се испечати и толку веднаш ми ги дадоа