има да, меѓутоа не ти препорачувам да ја купуваш..џабе ќе ги дадеш парите.. ако ти е за полагање матура математика..доволно ти е да ги извежбаш тестовите што беа до сега
Здраво женски Се запишав на факултет во Београд па ме интересира дали има некоја меѓу вас што ќе студира или веќе студира таму ? Поздрав
Не ми се верува дека има некоја, барем колку што знам. Стави оглас на разни страни, белки ќе најдеш некои.
Земи си ја море, од многу книги глава не боли. Ќе ти се најде, има корисни дури и банални работи кои и те како ќе ти се најдат. Подобро копирај ја, ќе ти излезе тродупло поефтино.
Во електронската пријава што е за УКИМ во тоа информации за родител/старател за кој родител пишувавте за мајка или татко? Знам дека е сеуште рано но барем да ја пополнам и така да ми стои зачувана
^Немам сеуште пополнувано тоа. А да ве прашам, од кога почнуваме со учење? Од октомври или септември?
Џабе се надевав дека ќе одам да учам во Скопје Дефектологија. Џабе моите само ми даваа лажна надеж. Знам дека нема да одам и да го учам тоа што го сакам. Очите ми се полни со солзи додека го пишувам овоа. Нема да ме примале, страв им било, ха. Како мене да ми е лесно сега. Не се фер. Не.
Старбакс, колку ти е просекот, каков ученик беше?На моја другарка сестра и годинава заврши на дефектологија?Таа не беше со сите 5ки, ниту матурата не и беше кој знае колку добра, та абеше прва генерација кога полагаа матура, па ја примија и заврши...зошто да не се обидеш, од кај знаеш каква ти е среќата?
Имам околу 77 поени. Им кажав лани последниот на државна е приман со 75, а они ми викат не го гледај ти тоа. Нема да ме пуштат во Скопје, џабе си правам филмови само. Инаку 1 и 2 год бев мн. добра, а 3 и 4 одлична.
Одма отворам да видам колку е последниот во државна на дефектологија од лани... Иначе, јас денеска апла се искарав со татко ми! Цитирам : Ти нема да го завршиш факултетот, имаш долга врска, ќе се омажиш Седум години е право сосе стажирање, кој ќе те чека толку долго, ќе бидиш домаќинка, дома ќе седиш со гимназија нема работа да најдиш! Јас му викам, ако не да ги викниме „сватовите“ уште денес нека ме земат збор да даваме подобро воопшто да не се запишувам на факултет!!!!Колку ги имало долги врски што имале па дечковците ги чекале и завршиле и се омажиле, во кој век живееш?! Му набројував примери, и ми вика тоа процентуално е, изолирани случаи се тие! Му велам разбирам да бев некоја скапаница која сега инсистира да учи а одела на полагање така да се однесуваш, не ми е јасно како можи на супер одличен ученик од 1во одд до четврта така да му велиш нема логика! Ама јас прво себе, а после тебе и на сите ќе ви докажам дека знам и дека можам да постигнам ако ти не веруваш во мене, дипломата за три години ќе ти ја фрлам пред нозе само памти си го муабетов! И тој ми вика и да завршиш џабе, нема работа да најдиш со право, кога можи некоја си икс ќерка на некој негов пријател да студирала незнам си штооо на информатика, а немала кој знае какви афинитети и му се кренала косата кога слушнал зошто и јас не сум можела да учам нешто што се бара, зошто брат ми не сум го гледала кога тој можел зошто јас да не ! После тој требало да моли да коли да ме вработат! Ми прекипи ама има да му докажам дека ЗНАМ и дека МОЖАМ! старбакс ова ми излегува, не можам да видам Not Found The requested URL /files/defektologija.pdf was not found on this server. Apache/2.2.17 (Ubuntu) PHP/5.2.10-2ubuntu6 with Suhosin-Patch Server at fzf.ukim.edu.mk Port 80
Не се отвара знам, проверив и јас. Едно девојче ми кажа. И таа сака да оде на Дефектологија. Кај мене моите од околу ми вртат, ми викаат: Па што факултети има тука, што има поврзано со фармацијата, зошто не продолжиш фармација. Аман веќе нека кажат еднаш: Не можеш да одеш и крај. А, вака? Да одлучувам во последен момент на што факултет да се запишам овде. Глупости. Колку многу ми е тешко.
А зошто не пробаш ти, па ако не те примат на втор уписен втора опција, а минатата година последниот во државна колку поени има и тој во приватна?