Абе ти имаш 77 ќе те примааат!!!! Годинава сите послаби се! Мој совет не се откажувај! Јас на глава застанав за да студирам тоа што сакам, мораа да попуштат, бидејќи на крај краева јас треба да ја работам таа работа, а не тие, јас треба да бидам среќна со мојот избор! Ако се прашуваа моите јас право ќе учев КИЧЕВО, БИТОЛА, МАКЕДОНСКИ БРОД, секаде само не СКОПЈЕ... Ме уценуваа, Скопје ќе се запишиш само ако студираш нешто друго, информатика, градежен и слично.. Ама немааа, до крајот на светот ќе одам ако треба, ама моето ќе го истерам до крај! Ете читај погоре на која карта сега играат, ме боли тоа што ми го прават, признавам, ама тоа само ме прави посилна и ми го зголемува и инаетот и желбата за да постигнам нешто во животот! Не сфаќаат дека со тоа што го прават не ме оддалечуваат туку ме доближуваат се поблиску до мојата желба! Јас сум јас, јас не сум брат ми- не попуштам! БОРИ СЕ ЗА СЕБЕ ДО КРАЈ!!!
За што да се борам. Јас сум безгласна буква овде. Инаетчии се и тоа многу големи. Не знам на крај кој ќе го извлече подебелиот крај. Ќе пробам, ајде, да се борам да испадне по мое. Држете ми среќа.
Играј вака,ама не со кавга туку смирено : Зошто да ја студирам вашата желба? Зошто еден ден да ја работам работата која ВИЕ ја сакате а не ЈАС? Јас треба да бидам среќна со мојот избор и да бидам задоволна цел живот, ако вие го сакате тој факултет требало да мислите и да се запишите кога вас ви било време таму ( или ако го завршиле како во мојов случај, јас го гледам тоа што ти го работиш и не ми претставува задоволство и ми е досадно и не го сакам!) ако имаш брат сестра на некој икс факултет - секој нека си учи за себе, јас не сум брат/ сестра ми! Јас сум своја личност и ќе се борам за себе до крај! Ако не успеам ( а јас сум прилично сигурна дека ќе успееш и дека ќе те примат) на прв уписен рок на втор ќе се запишам на друг факултет!
Jaс никогаш нема да ги разберам ваквите родители, извинете не ве навредувам и знам дека ви мислат добро, ама зар не е најважна вашата желба, остварувањето на вшите соништа? Ти ќе го учиш тоа, а ако го учиш со ќеф ќе биде каде каде полесно.Факт е дека со 98% од средношколци кои се запишале на факултет, многу е мала веројатноста дека ќе најдеш работа без разлика кој факултет да се запишеш, во нашава земја да бидеме реални среќата и состојбата на сметката на фамилијата игра голема улога во наоѓање работа, за жал. Борете се за она што го сакате, ќе видите колку полесно ќе завршите после.Не се откажувајте од желбите и соништата, на крај крајот, само тие вредат нели? И Старбакс, оди на уписите фати автобус, земи документи и запиши се, ако те примаат ќе им кажеш, а сигурно ќе те примаат, ако не на втор рок на друг факултет.И не ги губи живците, се ќе биде во ред.
Знаете што е најболно? Што татко ми ми го предложи овој факултет, се распрашав јас, прочитав нешто повеќе за него и веднаш ме привлече. А, сега вака зборува. Се разочарав.
Оди на тој факултет братучедка ми сега ќе биде 3година на дефектологија и е презадоволна од факултетот што го одбрала.Исто беше и со нејзините кои и велеа да оди на медицина за лаборант и не сакаа да го сменат мислењето па таа сама си ги зема документите и ги излажа дека ќе оди кај мене а таа во Скопје и се запиша.Кога дозна дека ја примија и кажа на нејзините тие малку се бунеа но сега ја подржуваат.Пробај и ти некако...и со среќа
Старбакс , извини што се мешам ама мислам дека ќе ти биде корисно. Мислам дека твоите се исплашени од идејата да одиш во Скопје. Не знаат како и дали ќе се снајдеш. Во какво друштво ќе се вклопиш и сл. Претпоставувам дека дополнително отежнува тоа што си девојче ,па не сакаат да бидеш сама и надвор од нивното опкружување. Секако тука е стравот и дали ќе успееш при уписи и понатаму со факултетот. Секако штом татко ти ти го посочил , тој стравува дали тоа е правиот избор. Да не дојдеш утре и да му речеш ти си крив, јас тебе те послушав и затоа го одбрав тоа. Покажи им дека си свесна, паметна девојка. Дека не потпаѓаш под туѓи влијанија и дека ќе си го гледаш факултетот. Дека максимум ќе се трудиш. Покажи им дека си информирана околу факултетот, можностите за работа, едентуалните ризици и дека си одговорна и сетто тоа го прифаќаш. Разговарај отворено. На крај краева кажи им дека образованието е важно,а образованието и можностите што ќе ги имаш во Скопје ги немаш во другите градови.
Со извинение на сите вас кои студирате на други универзитети, ама мое мислење е дека УКИМ е на едно многууу повисоко ниво, иако и тој не е Бог зна што ама во споредба со останативе е каде кадеее... Јас дури и со Харвард го споредив дома хаха Му викам зошто секаде во светот луѓето се борат да учат на најјаките факултети и универзитети Харвард, Јел, Принстон а јас одличен ученик да си ставам трн во нога и на послаб да одам... И тука се стави крај на дискусијата, повеќе аргументи немаат! Е сега и јас прифатив некој компромис - ќе седам во студентски, додуша со двајца студенти дома и тоа се прифаќа, уште за тоа ако дискутиравме не ќе беше на арно... Прави Старбакс дома муабет, на секој родител му е страв детето да не му тргне по лоши патишта... И ти за нешто ќе попуштиш Јас му велам еве предност е ќе се поднаучам да готвам, ќе си чистам, сама гајле ќе си берам, поодговорна ќе станам, а ако останам овде никогаш ништо нема да научам
македонски јазик и литература 5 99,75 англиски јазик 5 97,19 јеееееееееееееееееееееееееее јас касно палам на одмор бев не можев да си ги проверам резултатите, ми ги кажаа оценките ама перцентилите ме интересираја мореее македонскиииииии не го очекував ова мајке ми
Што е глупоста со изводов не сфаќам, ај државјанство океј тоа се мења, ама еднаш се раѓаме бре 1 е извод од матична книга на родени, како тоа да не бил постар од 6 месеци, па изводот е траен документ. ----- Старбакс лабилна ти е состојбата да, ама ако тоа е она што ти го сакаш дефинитивно вреди да се бориш! Биди истрајна, самоуверена и цврста во својот став секако ако не се двоумиш меѓу ова и нешто друго пример фармација, и твоите ќе омекнат и ќе се сложат штом видат колку си решителна, верувам. :up:
Да сигурна сум. Лани што се запишувале не било битно колку се стари изводот и државјанството така ми кажаа другарките
Де бре со вакви прашања.. Како од Марс да сте. Зависи од пријавените кандидати и од тоа колку примаат.