Плаво ти ако не ме утешиш нема кој срцко едно. Ајде се надевам јас дека ќе влезам во државна има време до уписите
И јас паднав англиски на матура...Сакав да поднесам приговор ама бев на одмор и ништо...Да не знајш на некој да му го имат усвоено приговорот???
и јас понекогаш помислувам дека е залудно тоа учење...особено кога некој што книга не фатил цела година, на крај има иста оцена како мојата а и за матурата ќе има некои такви...ама ќе си се тешам со 59,5те поени од учењето(ако биде како што планирам во 3та и 4та) не се секирај, сигурна сум дека ќе те примат на фармација аа и...starbucks не се откажувај, пробај си ја среќата
Мене. и од 10 луѓе кај мене во школо, 8 беа присвоени. А иначе 2 иам сеа математика. Ама сепак не се разочарувам,и се чудам на вас што се мислите со 90 бода дека нема да се запишете.Јас имам 70,па знам дека ќе се запишам , бидејќи секоја година примаат + студенти. Секогаш се повеќе се зголемува бројот. Пример ете за Финки, претходната година примале 800,оваа година 1200.
That's the spirit, Speechless! Браво! Им се восхитувам на таквите оптимисти, јас очигледно сум песимист над просекот и ептен се ставам во мисли, иако ете, имам над 90 поени. Глупа бе. На сите факултети тоа или само на фармација/медицинските? И од каде оваа информација, ја кажаа/прочитавте некаде? Убаво ако е така.
Па не поднесов приговор , потполнив пријава дека повторно ќе полагам , па сега се надевам дека ќе поминам
Јас се откажувам од мојта желба да се запишам Дефектологија. Ќе барам некој друг факултет овде. Знам дека нема шанси ова да го учам. Криво ми е и плаче ми се. На нив парите им се поважни од мојата желба.
Starce, abe probaj si na defektologija..:/ si imas poeni a I plus sega e maturava poslaba, imas sansi za tamu :/ a I kvotata e prosirena, ne?
Не е проширена за мојта насока, исто 25 како лани примаат. А, на Филозофски факултет, општо, значи од сите насоки е намалена за разлика од лани. На другите насоки има многу помалку оваа година, ама на Дефектологија останува истата бројка. Од понеделник почнува електронското пријавување за студенски дом. Ќе аплицирам, за во секој случај.
јас ќе одам на економски, а кога треби да се уплати јас мислам дека то е некаде околу 30 август од ко ќе излезет списоците кој се примени а кој одбиени,а не сега на 16-17 август само документите треби да ги поднесиме...а за изводот и државјанството не е битно колку се стари...
^^ Cuculkaaaa За друго прашува долл.а, за запишувањето (на 30 авг) се уплаќа за партиципација. А на денот на пријавувањето се уплаќаат 300 ден на жиро сметката на факултетот (без разлика дали потоа ќе те примат или не), и 500 и 1000 денари за шотизнамја. Еве што пиши во конкурсотболдот) X. Документи за пријавување и запишување При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. пријава за запишување 2. оригинални свидетелства од сите класови 3. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. извод од матичната книга на родените 5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) 6. потврда за уплатa: - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно - 500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет - 1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат, освен горенаведените, и документите наведени во глава IV, точка 3. Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.
Јас се двоумам помеѓу државен и приватен. Дали да одам на економски (смер економија) или на славјанскиот во битола (смер финансии и кредити)