Очајно барам некој кој е на дефектологија или планира да оди за да ми каже некојподетални работи за факултетот,ако има некој такво познавање нека ме контактира преку ЛП (ако не му е проблем) бидејќи очајнички пишувам по ова темиве а никој не ми мава рецка
2. До кога трае електронското пријавување? Електронското пријавување за Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2012/2013 година започнува од 12 Јули 2012 година , а ќе можете да се пријавувате до 12 Август 2012 година. Ова е за студентите од втора нагоре така? За нас пријавувањето започнува на 21 август ?
Девојки на ова професија и занимање на родител треба исто да потплонам пример правник и сега и во професија и по занимање
Професија - што има завршено, звањето по дипломата ако има завршено факултет или средно образование Занимање-она што моментално го работи(адвокат, доктор, правник, забар итн)
Професија - што има завршено, звањето по дипломата ако има завршено факултет или средно образование Занимање-она што моментално го работи(адвокат, доктор, правник, забар итн)
Поздрав до ранобудните, дали некој знае да ми каже, за упис на економски факултет дали треба извод од матично на родените и државјанство не постаро до 6 месеци?
Едни викаат треба, други не треба. Ни јас не знам за сигурно, па затоа си извадив нови и тие ќе ги доставам при упис.
Има ли некој кој оваа година ќе се запише на катедрата за Општа и компаративна книжевност на филолошки?
Би требало да има некој кој ќе се запише, ама на форумов дали има некој што ќе се запишува не знам, ако има нека се јави
Waka-waka ти сигурно не си бруцош штом си се пријавила, овие датуми се за од втора година па нагоре. За бруцошите почнува од 21 август. И не ми е јасно на тие училишта што им е толку проблем еве утре да ни ги дадат тие мо*ани дипломи, морало ден пред уписи. Епа кога ќе ги заверувам, кога ќе оправам други работи, амн.
Електронската пријава мора да се прати најдоцна до 16 август. На 16/17 август се оди на факултетот и се оставаат документите, заедно со редниот број што ти е даден во електронската пријава. Ова е официјално соопштение на УКИМ. Нема логика пријавувањето за бруцошите да е од 21 август,кога документите најдоцна треба да се предадат до 17 август до 16 часот. Еве линк http://www.upisi.ukim.edu.mk/Account/Register.aspx треба да се регистрирате тука,да ви испратат повратен меил и да пополните пријава.
Да прашам, ако се пријавиме електронски, дали треба да одиме и на факултетот да се пријавиме? или на факултет треба да одиме кога треба да се запишеме??
Сите оние што ќе се запишуваат на економски или правен да ве известам дека нема потреба од нов извод или државјанство битно е само да е оригинален не е битна годината
Девојки, дали ја поднесовте електронската пријава? Јас се пријавив вчера и сега кога ќе ни ги пратат редните броеви? Дали треба да чекаме на мејл да ни ги пратат или??
Па одма штом се пријавиш на последната страна ти го има бројчето, читајте деца не само туку штракајте колку да завршите, аплицирај уште еднаш и земи го тоа бројче. Така се земаат броевите за студентски па мислам дека и за оваа постапка е исто.