Ај појасни подобро, не сфаќам баш , а ме интересира. А каков е тој интерен пријавен лист, дали треба да го имаме заедно со документите или од факултетот ни го даваат на денот на уписите?
^^ Кофинансирање се мисли на приватна квота, 400 евра годишно на државните факултети. Интерниот пријавен лист ќе си го купиш од книжара во близина на факултетот и ќе го дадеш заедно со другите документи.
Ајде аирлија и јас испратив пријава Иначе во горниот десен агол пишуваше број на електронска пријава (така некако) кога ја прегледував... тоа е тој бројот кој треба да се запиши и да се носи со останатите документи на 16 и 17 така? или на e-mail треба нешто да стаса?
А сигурно може пријавата да се пополни на денот на пријавувањето...мислам кога ќе појдеме на факултет таму да ја пополниме??? Ај ако сака некој нека ми ги напише предметите по ред како што се во сведителствата(од 1ва до 4та-гимназиско образование, смер пмб)? Ај ве молам ако ги има некој дома сведителствата, јас ги немам, на училиште ми се. Ми требаат оценките како што се по ред во сведителство за во пријавата.
еве од прва и втора година... 1ва: македонски, математика, англиски, германски/француски, историја, географија, физика, хемија, биологија, информатика, спорт, ликовно, музичко 2ра: македонски, математика, англиски, германски/француски, историја, географија, физика, хемија, биологија, социологија, спорт, ликовно, музичко, информатика/етика/латински
Има некој информација до кога се електронските пријавувања. Јас многу касно ќе ги земам сведителствата и не му текнува убаво на предметите.
Средно гимназија завршив, и интерни предмети зедов Биологија и Филозофија. сакам да се запишам фармација. Вака има шанси ако имам доволно поени да влезам во државна квота? или нема врска ова со интерниве?
^ Мислам дека Биолоија ти е предност, и би можело да ти примат во државна A до кога се електронските пријавувања? јас дипломите на 13ти ги земам, ќе може тогаш да се пријавам??
Ај ако може некој нека напише по колку предмети сме имале во 1ва, 2ра, 3та и 4та, ај четврта знам 11, ама другите не ми текнуваат. Ми треба за да пополнам во пријавата. ЕДИТ:Според тој постот со предметите испаѓа во прва 13, во втора 14, а во трета колку предмети имавме?
Луѓе, помагајте! Брат ми, дебилчето допрва треба да полага завршен испит зошто во јуни одмараше дечкото. Е сега, кога се полагањата, треба ли да се пријави? И уште нешто, случајно одлучи дека сака да студира на Американ колеџ, па дали некој/а знае дали ќе може со завршен испит? Да одговорам на прашањето на wild.wild: за фармација требаше да полагаш хемија/биологија/математика/физика. Варем за нас така беше. Ама и вака со филозофија има шанси да си примена, само потешко во државна, предност имаат тие што полагале некој од горенаведените предмети. Прочитај си на ff.ukim.edu.mk за најсигурно.
Кај мене во школо, за завршен испит пријавувањата беа 2 дена по објавувањето на прелиминарните резултати од државна матура(значи 12-13 јули). Дали сега може да се пријави не знам, најдобро нека си праша во училиштето каде што учи (мада сега професорите се на одмор мислам, ама сепак нека се обиде) и нека си праша на американ колеџ дали може со завршен.
Ја немам земено, прашав ден од ко ги давале и рекоа дека после 8ми ќе давале, сега не ги даваат. Како бе во четврта 10, 11 предмети беа, ај нека потврди некоја. Значи прва 13, втора 14, трета 12 и четврта 11.