мислам лани дека имавме прашање за акцент, поточно акцентски целости а морам да споделам, пред да полагаме ние лани не можам да ви опишам која драма се случуваше, мислам како што направија матурантите сметки за телефон и интернет тој јуни, не направил никој. Се почна од приказната дека на бит пазар, за некоја бесна сума на пари ги продаваат матурите. Па имаше тука планови за напад, кој да купи, собирање пари и сл. Ама овој план пропадна од причина дека немаше врска. После почнаа јавувањата кои теми ќе се паднат, кои дела ќе се паднат. Се сеќавам дека ги пишав на еден лист сите дела што СИГУРНО ЌЕ СЕ ПАДНАТ и беа опфатени буквално сите книги што сме ги учеле плус некои што не се ни во програма. Затоа мој совет, баталете теми и глупости, научете си се или барем тоа што мислите дека е поважно и бидете максимално сконцентрирани. Вака само ќе губите време и ќе се нервирате кога нема да ви се падне тоа за кое сите ви викале ќе се падне.
ахахахахха ме изнасмеа ама минатата година на едно дете од мојот град му ја пратиле цела матура на меил. Како може тоа така? Нема ли некој хуман да ми ја прати мене
Тоа е проблемот, некој ги знае однапред, а некој ќе учи Ама тоа е што е, мене не ми е потребна матурата, за да не се замарам сега учев со време за стипендијата. За тоа време што го изгубив со учење економија, ќе ги спремев и македонски и англиски. Сега само еднаш ќе поминам низ прирачникот, па што биде нека биде. Англиски со писмото и есејот, не знам што ќе направам.. Затоа да земам да се вежбам на некои теми, малку посигурна да бидам.
Карина8 не ме фаќај за збор ама мислам дека лани за писмото требаше да му пишиме на некој/а другар/ка демек шо се немаме видено, нешто како на пример ти си на патување и му пишиш писмо... а за текстот беше да кажиме за нешто со што би ја претставиле нашата земја на некој саем (мислам беше) во странство, демек нешто карактеристично за нашата земја...
Ти ги пратив и тие, 6 и 7 се од лани. Тие најпрво што се 6 и 7, ги имам во пдф од страната за матура. Сега со нив занимавај се некое вреем, богами треба и ја малку да се позанимавам. Некако македонскиов ме оптеретува. Ајде одам пак да учам, ех.
Јас сеа си решавам тестовите македонски и повеќе ме загрижува македонски отколку англиски.Англиски ги решив сите тестови од матура 2008,09,10 и ми беа многу лесни имав многу малку грешки,дури се изненадив бидејки одсекогаш сум малку тапа англиски, а есеите и писмата Господ здравје да и даде на професорката цела година секој час пишувавме по едно формално или неформално писмо или есеј и на тестовите обавезно имаше по нешто како за матура.Ги научив сите форми, сите реченици за отварање затворање на памет и сега само си пишувам на некои теми.Ама македонски за таа сметка, проф. ни беше ужас па ништо не учевме и сега многу тешка ми се гледа матурата. Не дека не погодив ништо ама имав доста грешки и многу се мислев за некои одговори...Ме фаќа страв.
аааа ајде нека дојде вторник и нека помине само дополнителни стресови си правиме, нека дојде па што биде нека биде, ќе напишеме за едно 3, есејот солиден ќе си биде,малце граматика, нешто од делата и ќе биде бе, кој не поминал па сеа и ние
ај да ве замолам да ми објасни некој, како иде тоа за параграфите во главниот дел? како треба 5 да се добијат? да се остава од почеток на редот мест? или под параграфи разбираме од едно објаснување да поминеме на друго? пример пишуваме за природа и коа треба да ја опишиме, коа треба да кажеме како да се зачува, што добиваме од нејзино уништување? ај ве молам девојки, пошто онака тензично се осеќам бар есејот да го скоцкам некако
За аглиски есејот нас проф не учеше дека ако има дадено да пишуваш пр за нешто твое мислење тоа е Pros & Cons есеј односно поделен е во 3 дела вовед, главен и завршен(заклучок) е сега главниот има параграв за и параграф против значи + страни пишуваш по еден параграф - во друг може и да биде аргумент +, аргумент- итн.ако ме разбравте а сеа средниот дел колку параграфа ќе има мислам дека звиси лично од вас како сакате да изгледа може два може 4 итн.Ако е да опишеш некоја случка или нешто друго тоа е Short story и е слично на македонски есејот. Македонски есејот е поделен исто во 3 дела е сега главниот дел зависи од тебе на колку параграфи ќе го поделиш, треба да изгледа уредно и читко мислам дека не е битно дали е 2,3,5 или 10 параграфи не треба да е све на куп, барем како што мене ме учеја вака мислам дека е ако сум нешто во заблуда нека објасни некој
Да прашам .. јас не сум матурантка ама ако може некој да ми каже зошто има две математики за полагање матура една основно ниво и напредно ... Фала однапред
Мене стварно не ми е јасно што толку ја затупивте со бројот на параграфите во главниот дел - три или пет... според мене е сеедно. Ама ајде еве и мене ми кажаа дека правилно било минимум 5 параграфи, зборувам за есејот по македонски јазик. Така да јас, лично, ќе се потрудам да го напишам со 5 параграфи во главниот дел. На кој му е од помош тоа, во ред, на кој не, може да пишува колку и како сака. Инаку добро кажале во претходните коментари, доколку некој има слушнато за содржината на овогодишните тестови слободно нека пише. Што мислам дека има пробивање на тестовите секоја година, скоро сум сигурна дека има-ама тоа верувам дека најголеми можности има во Скопје... ние "провинцијалците" ќе си учиме. Се знае колку може да се учи овие последните денови де, јас лично се прашувам за некои работи зошто сум чекала до сега, кога желбата за учење ми оди од 10 ако гледаме надолу, пред 0-та е. @LadyDaget имам слушнато дека првиот уписен рок на ПМФ предност имале оние што имаат полагано математика-напредно ниво, а оние со основно остануваат за во втор уписен рок (доколку има конкуренција). Разликата е веројатно во концепцијата и тежината на тестот.
Тие што си имаат врски ке си се снајдат ке му ги дадат тестовите ... а од друга страна би се изначекале некој да ни ги каже темите поради тоа што злобен е народот би рекле е даде ке му давам на некиј си теми ка можам само јас да си ги имам тааа е што и да кажеме што и да напишеме излишно е само требе да седниме да си се дооучиме уште малку време ни остана ..... поздрав до сите што сме матуранки..
Кога излезе матурава, напредно ниво бараа задолжително на ПМФ и мислам електро. Ама бидејќи нормално многу малку се пријави ја го прекинаа тоа. Со основно можеш да се запишеш секаде. Разликата е во материјалот, во напредно се опфатени теми што ги учат само оние што во средно слушале математичко А подрачје, тука има матрици, некои формули дрн дрн дрн. А основно си е нормалната математика што ја учат сите.
Мене ме интересира како идат тие работи со конкурирањето .. Можам ли да конкурирам на 2 различни напр во Штип и во Ск, или тоа важи за ист универзитет ама различни смерови или насоки??? Може некој да ми објасни?
Не можеш на две места истовремено, затоа што се даваат оригинал документи. Ако те одбијат на пр. во Скопје после во втор уписен рок идеш на друго место, каде што не се наполнило. Ти планираш два факултета?????
Е јас мислам дека може, затоа што знам за многу примери каде што не биле сигурни дали ќе ги примат на тој факултет па аплицирале и на друг. Нели после, откако си примен, треба да потврдиш дали ќе студраш или не, ако не, тогаш да ослободат место за друг. Вакви прашања на најдобро на самиот факултет да отидеш да се распрашаш... или некој кој стварно е запознаен со тоа, тука сите различно ќе ти кажеме.
Јас колку што знам ги задржуваат сведителствата, дипломата и се друго што носиш. И затоа не може на две места истото. Ама има право Дози, најдобро да прашаш на самиот факултет, ако им кажеш дека планираш на два на студираш може ќе ти дозволат